12 годишни желби

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
mkdpro.AceBoy напиша:
Јас сакам да сум Богат:)
Ова е мислење на членот mkdpro.AceBoy на темата [thread=423]Што сакате да бидете.[/thread]
Прашањето ми е од маааалку пофилозофска природа. Ова мислење го земам како пример, не се задржувајте на него премногу.
Што би требало едно дете да сонува на 12 години за својата иднина? Тоа сигурно не се пари, која е позадината на ваквиот “став“ на еден 12 годишник? Зошто е оваа деформација во детските глави? :toe:
 
Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Ова е мислење на членот mkdpro.AceBoy на темата [thread=423]Што сакате да бидете.[/thread]
Прашањето ми е од маааалку пофилозофска природа. Ова мислење го земам како пример, не се задржувајте на него премногу.
Што би требало едно дете да сонува на 12 години за својата иднина? Тоа сигурно не се пари, која е позадината на ваквиот “став“ на еден 12 годишник? Зошто е оваа деформација во детските глави? :toe:

Не се сите како тебе....додека ти си ги гледал мама и тато од страна....и си се оградувал на некој начин, на детево му ја наполниле главата.Многу очигледно е од кај ќе има такви идеи.Којзнае колку пати му ја повториле реченицата синко ако немаш пари тогаш си никој и ништо...
:helou:
 
**Buli**

засекогаш дете!!!
Член од
3 декември 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
Па што знам, можеби и не е толку трагично....детето можеби сонува за мноогу повеќе работи, можеби сака нов компјутер или нов спајдермен на батерии, ама за се има само еден одговор-синко, нема пари. Можеби уште не е свесно што точно значи да се има пари, ама дефинитивно звучи како решение на неговиот проблем.....И што му преостанува да посака?....ова му доаѓа као ,,сакам да ми се исполнат сите желби,,:smir:
 
[Marko]

Мочко
Член од
21 октомври 2007
Мислења
143
Поени од реакции
2
Како ќе бидеш богат ? Цело време ќе зјапаш во монитор, мрдаш со глувчето, ја тепаш тастатурата и играш кантер ?! Е, нееееееее така не се земаат пари :baeh:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Момци, не прашувам како се заработуваат пари, има соодветна тема за тоа. Прашувам дали е нормално едно момче на 12 години да сонува за пари, наместо да сака да биде фудбалер, пилот, или доктор по хемија. :toe:
Или јас ја потценив денешната младина...?
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Па добро, го оправдувам малиов од проста причина што и јас порано викав дека сакам да станам бизнисменКА за да заработувам многу пари, значи тоа ми беше секогаш одговорот на прашањето што ќе бидам кога ќе пораснам:). Факт е дека материјалните работи го прават животот поубав...Можеме да дискутираме колку е битно да си духовно исполнет и да разглабаме слични теории, да се убедуваме дека подобро е да си среќен отколку богат (јеа рајт), ама факт е дека парите го вртат светот, убаво кажа Император дека ако немаш пари си никој и ништо.
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Момци, не прашувам како се заработуваат пари, има соодветна тема за тоа. Прашувам дали е нормално едно момче на 12 години да сонува за пари, наместо да сака да биде фудбалер, пилот, или доктор по хемија. :toe:
Или јас ја потценив денешната младина...?

Eптен си ја потценил денешнава младина. Помина времето кога 12-годишниците сонуваа да бидат пилоти и астронаути. Денес, нивна најголема желба е да имаат доволно пари за да не мора да мрднат од компјутер.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48

Не, точно е тоа дека е подобро да си среќен отколку богат - нели има милион примери на несреќни богаташи. Ама проблемот е во тоа што денес е многу тешко да си среќен ако не си богат, поради изместените вредности.
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Момци, не прашувам како се заработуваат пари, има соодветна тема за тоа. Прашувам дали е нормално едно момче на 12 години да сонува за пари, наместо да сака да биде фудбалер, пилот, или доктор по хемија. :toe:
Или јас ја потценив денешната младина...?
Еве, на пример, погледни му ги интересите од профилот:

Интереси:
Цел Живо Играње CS & WoW
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Eптен си ја потценил денешнава младина. Помина времето кога 12-годишниците сонуваа да бидат пилоти и астронаути. Денес, нивна најголема желба е да имаат доволно пари за да не мора да мрднат од компјутер.
:toe: Јебига стар чоек сум... :star:

Прифаќам дека времињата се смениле, но зар не треба тука родителите да ја одиграат својата родителска улога. И да најдат начин на децата да им укажат дека е далеку попаметно да одиграат партија фудбал отколку да им отекуваат очите пред монитор? :tv:

п.с. Heeeey, ur avatar is evil... :angry2: :pos:
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Џабе.
И да има малиот родители да му кажат што е правилно, нема другари со кои би одиграл партија фудбал, тие се зафатени, фаќаат муфла во некоја од маалските компјутерници играјќи Кантер.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Џабе.
И да има малиот родители да му кажат што е правилно, нема другари со кои би одиграл партија фудбал, тие се зафатени, фаќаат муфла во некоја од маалските компјутерници играјќи Кантер.
Затоа постојат родителски средби, телефони, организации и клубови... тоа не е никаков проблем. Проблем е свеста на родителите, и секако ставот кој на повеќето од родителите е идентичен со она што ти го кажа тука. “Нема решение“ :toe: а всушност работата е дека никој не го интересира. А децата си чмаат. И како после да бидам против абортус,( :pos: ) кога на 12 години не можат родителите да им кажат на децаташто да прават?
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Да, ама живееме во време во кое се повеќе родители се грижат само да им обезбедат храна и дом на децата, а тоа кај децата придонесува да ги сметаат своите родители за кеш машини. И какво влијание би имал зборот на родителот врз детето во тој случај, ако тоа веќе се навикнало да прави што сака без никој да го спречи?
 
Се сложувам комплетно... ама затоа има добри и лоши родители нели...
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Темава е отворена за да се разгледа психолошкиот феномен на кој што младите (се вклучувам и сама тука) се подложни на матријализам.
А се на што налетав е коментари од типот родителите се виновни?:retard:

Простете вака ... ама родителот никогаш нема да може во целост да го контролира развојот на своето дете, затоа што влијаат толку многу фактори што просто кога ќе се додаде и современоста и фактот дека сите брзо живееме и немаме време за ништо освен постигнување на матријално поле за подобра иднина, во исто време подложни на медиумите и пријателите кои исто така се подложни на сите тие погоре набројани фактори, драги мои колку може еден родител да биде виновен?

Да му се забрани на детето да чита литература (тоа беше мојот случај, само ретко читаат децата) што ако, ако сака тоа ќе го прави на одмори на училиште, да се забрани телевизорот, што ако, ќе оди на гости кај пријатели, ќе гледа, да се забрани компјутерот и да му се забрани со тоа и влез во информатичката ера во која живееме.

Единствената вина е што го сакаат најдоброто за своите деца, само тоа на премногу млади години им го даваат мислејќи дека со тоа ќе ги направат понапредни.

Не велам дека немаат вина, само треба да се разбере дека денес, за 12 годишник да сака само пари, е најнормалната појава на светот, тоа што можеби ние како земја касно го скопчавме во останатите делови (не ја рачунам Африка де) е веќе нормално.

Животот тече како што тече со енормно голема брзина, што мислите, кои вредности ќе ги учат децата за 10 години кога ќе имаат 12?

Затоа што ако веќе треба да се бара виновник, барајте го во општеството и медиумите, не само во родителите!
:smiz:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom