~*~
Темава е отворена за да се разгледа психолошкиот феномен на кој што младите (се вклучувам и сама тука) се подложни на матријализам.
А се на што налетав е коментари од типот родителите се виновни?:retard:
Простете вака ... ама родителот никогаш нема да може во целост да го контролира развојот на своето дете, затоа што влијаат толку многу фактори што просто кога ќе се додаде и современоста и фактот дека сите брзо живееме и немаме време за ништо освен постигнување на матријално поле за подобра иднина, во исто време подложни на медиумите и пријателите кои исто така се подложни на сите тие погоре набројани фактори, драги мои колку може еден родител да биде виновен?
Да му се забрани на детето да чита литература (тоа беше мојот случај, само ретко читаат децата) што ако, ако сака тоа ќе го прави на одмори на училиште, да се забрани телевизорот, што ако, ќе оди на гости кај пријатели, ќе гледа, да се забрани компјутерот и да му се забрани со тоа и влез во информатичката ера во која живееме.
Единствената вина е што го сакаат најдоброто за своите деца, само тоа на премногу млади години им го даваат мислејќи дека со тоа ќе ги направат понапредни.
Не велам дека немаат вина, само треба да се разбере дека денес, за 12 годишник да сака само пари, е најнормалната појава на светот, тоа што можеби ние како земја касно го скопчавме во останатите делови (не ја рачунам Африка де) е веќе нормално.
Животот тече како што тече со енормно голема брзина, што мислите, кои вредности ќе ги учат децата за 10 години кога ќе имаат 12?
Затоа што ако веќе треба да се бара виновник, барајте го во општеството и медиумите, не само во родителите!
:smiz: