Талент?

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.596
Поени од реакции
13.281
Секојдневно можиме да слушниме некој како вика: Види го фудбалерон, со топка е роден, тоа не се учи, тоа е од раѓање; Или пак за цртање: не се учи тоа, тоа е талент и сл.

Дали постои талент и дали одредени способности како на пр. играње фудбал, пеење, цртање се стекнуваат со раѓање т.е се има дарба (нешто што не можеш да го научиш колку и да се трудиш), или тие способности се стекнуваат во раната социјализација условени од околината и нашата интелегенција да ги совладаме тие способности?

(Ако не и е на темава место овде, преместете ја)
 
Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Талентот не е ништо повеќе од интелектуална способност....се што има човек да каже во врска со талентот......нема да биде многу поинакво од тоа за интелектот.

...треба да потсетам....Нешто што го имаме од раѓање....но....сепак е подложно на прмени....( 10% талент ,90 % работа....или како и да беше)
 
The G-Man

Кепец
Член од
6 декември 2007
Мислења
501
Поени од реакции
12
талент сигурно има. бидејки, не може да црташ како ван гог безброј саати ако вежваш со четка во раката и каде било кога да си роден. тоа е талент и многу вежба.

ако не го надоградуваш талентот, нема да го имаш.
 
Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Сигурно дека голем дел е до талентот.Можи не за сите области ама еве на пример за пеење,тоа ти е талент,Се раѓаш со него или зеб него.Не можиш на никој начин да научиш да пејш (пре)убо.
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.596
Поени од реакции
13.281
Сигурно дека голем дел е до талентот.Можи не за сите области ама еве на пример за пеење,тоа ти е талент,Се раѓаш со него или зеб него.Не можиш на никој начин да научиш да пејш (пре)убо.
Значи на 3 годишна возарст ќе пее исто како и што би пеел на 25 години со долгогодишно вежбање и усовршување?
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Значи на 3 годишна возарст ќе пее исто како и што би пеел на 25 години со долгогодишно вежбање и усовршување?
Не зборувај глупости. Гласните жици мора да се развијат. Како може 3 годишно девојче да пее како 25 год. жена.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Абе за некој кој е најдобар во нешто, другите на кој им е криво велат дека типот имал талент! Ама според мене не е тоа така. Типот само работел повеќе од другите, а овие оти се помрзливи не сакаат да признаат, па затоа криват, демек него Господ му дал дарба, а нив не!

Да бидеме искрени, Адриано кога даваше голови и трчаше ко коњ, за него сите велеа дека бил талент. Ама кога почна да глуми ѕвезда, и да се дрогира, да пие, да не доаѓа на тренинзи, тогаш се виде колкав талент имал!

Успехот е 10% желба (не талент) и 90%, море 110% работа.
 
**Buli**

засекогаш дете!!!
Член од
3 декември 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
Успехот е 10% желба (не талент) и 90%, море 110% работа.

Желба...хмм...а кој нема желба да биде успешен во нешто?? И кога би било се до желбата и работата, сите би биле најдобри во тоа што го работиме. Ама нееее, сепак има нешто што природата ни го дала....зар малку работат и се трудат нашине пејачи, ама никој од нив не е Тоше.....или зар малку се мачат сликарине на академија, сакаат да успеат, сликаат по цели денови и ноќи, тогаш зошто ,,Тајната вечера,, е една, зошто нема втор Да Винчи???

Значи сепак има нешто и во талентот:wink:
 
The_Dzo

FIELD MARSHAL
Член од
3 февруари 2007
Мислења
256
Поени од реакции
2
uspehot e 1% talent ili zelba kako li se vika i 99% rabota i samo rabota
 
The_Dzo

FIELD MARSHAL
Член од
3 февруари 2007
Мислења
256
Поени од реакции
2
a za talent,moe mislenje e deka ustvari toa se predispozicii,imas ili nemas, ako si visok ke si kosarkar ,ako imas glas peac,ne deka i drugite nemozat ali ti imas nekoja minimalna prednost....
 
Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Значи на 3 годишна возарст ќе пее исто како и што би пеел на 25 години со долгогодишно вежбање и усовршување?
Абе се разбира дека не пеј исто,ама конкретно за пеење или се раѓаш со него или не.Ева на пр јас не знам ич да пејам.И колку и да вежбам никогаш нема да можам да пејам убо како Тоше на пр.Можиш талентот само да го усовршиш.
Или некој на пр. ич не е музикален.То не се вежба.Можи фудбал,некој спорт да ама пеење не.
 
Black LiLy

Her Majesty, My Queen, HIP-HOP
Член од
5 ноември 2007
Мислења
109
Поени од реакции
3
Мислам дека пред некое време имаше еден документарец во кој се докажуваше дека секој човек, без разлика на слух или дарба за пеење може да научи да пее. Секако, не како професионалец. За тоа би требало доста време, меѓутоа докажале дека може. Цела суштина е во тоа што она кое се нарекува „талент“ е кај некои луѓе изразено, а кај некои редуцирано. Инаку, се се научува. Секако, тука главен фактор е желбата и работата, впрочем тоа е пресудно, иако, секој ум не е створен да се занимава со повозвишени нешта. Токму тоа е причината што уметноста, во било која форма е најчесто несфатена од луѓето. Тие само знаат да искоментираат дека некој убаво пишува, црта или пее, но не ја сфаќаат длабочината која една песна ја содржи или едно уметничко дело. Има разлика во изјавите:) Сепак, секоја чест на исклучоците. Мило ми е што имам талент за нешто:)
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Талентот е генетска предиспозиција на една индивидуа,која ја имала таа срека или несрека,молекулите на нејзината ДНК,да се распоредат на тој начин,давајки и на таа индивидуа способност да прави нешто подобро и со поголема леснотија од другите.
А Труд vs Tалент?
Реално,талентот секогаш ке победи.
Да,има случаи во кои талентираните луге имале премногу голема самодоверба,па и за тоа се запоставиле себеси и својата способност,мислејки дека може да се вратат во секој момент,и затоа пропаднале и на кратко им го препуштиле тронот на оние кои вложиле огромен труд за да стигнат доттаму.Но сепак,тоа е само за кратко.
На долги патеки,секогаш се памети само делото на талентираните луге.
Затоа мислам дека секој треба да си ја пронајде својата природна способност и да се обиде да ја развие,наместо да вложува преголем и непотребен труд во домени во кои секогаш ке има многу подобри од него.
 
U

UnholY

Гостин

Tака е пеер потполно се согласувам...ама очигледно малкумина се придржуваат на овоа сакајќи да бидат нешто за кое сепак не се доволни талентирани....секој неискористен талент е потрошен капитал...затоа секој треба да го искористи и да го усоврши сопствениот талент...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom