Русија се закани дека ако САД го изградат антиракетниот штит во источна Европа таа би можела да ја лансира интерконтиненталната балистичка ракета. Секое испукување на противракета од Полска, за Москва би значело повод за противудар. Според началникот на Генералштабот на руската армија, не постои ниту еден штит кој во иднина би можел да сопре продор на руска ракета, па оттука планот на Пентагон бил залуден.
АНТИРАКЕТНИОТ
ШТИТ ЈА ВРАЌА
СТУДЕНАТА ВОЈНА
Програмата за антиракетна заштита на западната хемисфера, иницирана од американскиот Пентагон, во 2007 г. прерасна во спор кој го турна светот воситуација, која беше карактеристичназа ерата на Студената војна. Остриототпор на руската власт кон тој проектсоздаде политички тензии меѓу Вашингтон и Москва, што значително сеодрази и на севкупните планетарнигеополитички прилики. Во незавиднаситуација се најдоа европските земји,кои докрај не се изјаснети за судбинатана оваа американска програма. Имено,противракетниот штит првично требада се реализира на териториите на Полска и на Чешка, како одговор на иранската нуклеарна програма и сe поголемите закани на режимот од Техеран.Меѓутоа, рускиот претседател Влади-мир Путин смета дека тоа е "приказназа мали деца" и дека единствената причина зошто се гради тој проект е токмуРусија. Со тоа почна нова трка во вооружувањето. Почнаа да се издвојуваат не-колкукратно поголеми финансискисредства од буџетите за развој на новавоена технологија и проектирање новисофистицирани видови оружја. Паралелно со тоа Москва стави мораториумна Договорот за конвенционално вооружување во Европа, што дополнителноги заостри односите меѓу ривалите.Пентагон веќе се подготвува, покрајсеверниот штит, кој ќе го инсталира восеверна Европа, да изгради и јуженантиракетен проект во вид подвижниморски радарски станици стацио ни рани во Црно Море, а можеби и во Јадранско. Моментно, во рамките на НАТОсе разгледува можноста да се направиплан за заштита на непокриениот делод европското југоисточно крило. Тукаби биле вклучени проектили од кратоки среден дострел, би ги опфаќалоТурција, Бугарија, Грција, Романија ијугот на Италија, а во перспектива и балканските земји настанати од по ранешнаСФРЈ. Американската фирма "Tyco" веќепочна со изградба на супермодереноптички кабел под Црно Море, кој ќе гоповрзува бугарското пристаниште Вар-на со грузиското Поти. Кабелот е долг1.100 км и е предвидено да пренесуваинформации со големина до 1,4 те рабити. Од друга страна, се работи наелек трификација на хрватските острови во Јадранското Море, која е неоп ходна за подобро функционирање на одбраната. Со оглед на тоа што вооружените сили на САД веќе ги користат базите во Романија и во Бугарија, може дасе заклучи дека НАТО планира да инсталира антиракети и радари на територијата на новите членки на Али јансата. Но, дали Американците имаат други идеи? Се разгледува можноста за изградба на поморски систем АЕГИС, соно ви проектили од типот СМ3 за висинско пресретнување на проектилиод краток и среден дострел. Таа задачај е доделена на компанијата "Rejteon",која ги произведува и ракетите То махавк. Овој пловен систем би покривалтериторија од околу 400 милји, што бизначело дека доколку неговите радарибидат поставени на платформа во Црното Море, тогаш тие би ја покривалецела Украина и руската територија доВолгоград. Доколку таков систем се постави во Јадранското Море, би ја покривал територијата на целиот Балкан, доУкраина и Полска. Со тоа, и покрај противењето на Русија, Америка е цврсторешена да продолжи со проектот заантиракетна одбрана, па и по цена назаладување на односите со Москва. ИВ.Британија официјално стана дел одштитот, отстапувајќи им ја на Американците својата воена база и радарскатастаница во Менвит Хил, северна Англија. Иако британските коментаториоценија дека тоа е уште удар на де мократијата, Владата на Гордон Браун енепоколеблива кога станува збор запроширување на военото партнерствосо САД. Во 2008 г. се очекуваат уште поголеми тензии со антиракетната програма. Всушност, таа е само на почеток.