И не е само еден весник еве извадок од весникот Вечер
Наводно, и Србија била подготвена тоа да го дозволи, бидејќи од Москва очекува да ја спречи речиси готовата ујдурма за независност на Косово
Како одговор на Вашингтон за поставувањето на ракетниот штит во Полска и Чешка, Русија има намера своите интерконтинентални ракети да ги постави на српската граница на Дрина. Наводно, и Србија била подготвена тоа да го дозволи, бидејќи од Москва да ја спречи речиси готовата ујдурма за независност на Косово. Покрај ова, Москва одлучила од САД и ЕУ целосно да го преземе приматот врз Србија и Република Српска.
Рускиот пробив во срцето на Балканот и Европа предизвикува длабока загриженоста на Европската унија и Америка, пишува "Курир". Западните медиуми тврдат дека последните акции на САД и Унијата се толку жестоки и прецизни, бидејќи на сите можни начини се обидуваат да го спречат доаѓањето на Русите на Балканот. Според некои европски медиуми и премиерот на Република Српска, Милорад Додик, е детално запознат со руските планови и дека токму поради тоа ги блокира реформите во БиХ и постојано се заканува со референдум за отцепување на РС.
Воените аналитичари се на мислење дека повторно се разгорува трката во вооружување и дека Русија мора да одговри на агресивната политика и предизвиците на Соединетите Американски Држави. Токму поради тоа, сметаат некои стручњаци, ваквиот потег на Русија може да биде само пробен балон во играта на големите сили пред донесувањето одлука за конечниот статус на Косово.