Се сруши хеликоптер на АРМ близу скопското село Блаце

Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
И за пилотот на Борис се сомневаа во неговата струцност.
Истите тие што и сега се сомневаат.

А дали се сомеваат во тоа дека сами на себе се предавници?
Koj toa. Abe dete tebe nesto ti kazale vo stabot na dpmne i ajde odma na forum.
Ilija Dimovski e SDSMOVEC ??????

Реакција стигна и од СДСМ. Во денешното соопштение до медиумите наведуваат дека со вчерашната изјава на пратеникот Илија Димовски, во која тој изразува сомневања оти пилотот кој го управувал хеликоптерот на АРМ што се урна кај катлановско Блаце не бил обучен и немал дозвола за летање во услови на магла, ВМРО-ДПМНЕ ги повредува чувствата на семејствата на загинатите.

Tutkar, parsaj vo stabot sto blebetal Ilija Dimovski vcera vo sobranie.
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Koj toa. Abe dete tebe nesto ti kazale vo stabot na dpmne i ajde odma na forum.
Ilija Dimovski e SDSMOVEC ??????

Реакција стигна и од СДСМ. Во денешното соопштение до медиумите наведуваат дека со вчерашната изјава на пратеникот Илија Димовски, во која тој изразува сомневања оти пилотот кој го управувал хеликоптерот на АРМ што се урна кај катлановско Блаце не бил обучен и немал дозвола за летање во услови на магла, ВМРО-ДПМНЕ ги повредува чувствата на семејствата на загинатите.

Tutkar, parsaj vo stabot sto blebetal Ilija Dimovski vcera vo sobranie.

„ И повторно, во насока на интензивирање на истрагата ги повикуваме началникот на Генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски и господинот Бранко Црвенковски, пред македонската јавност да одговорат, кој од ГШ на АРМ издал дозвола за летање на пилотот кој за жал трагично загина во несреќата? и Дали трагично загинатиот пилот имал обука за управување на хеликоптер во услови на магла, односно сертификат и обука за инструментална навигација“, додаде Бичиклиски.
Реакција стигна и од СДСМ. Во денешното соопштение до медиумите наведуваат дека со вчерашната изјава на пратеникот Илија Димовски, во која тој изразува сомневања оти пилотот кој го управувал хеликоптерот на АРМ што се урна кај катлановско Блаце не бил обучен и немал дозвола за летање во услови на магла, ВМРО-ДПМНЕ ги повредува чувствата на семејствата на загинатите.



Nemozes po magareto ,udri po samarot
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Hmmmm....znaev deka ke se zabega pak.....
Ne mi e jasno kako moze da se diskutira okolu nesto, sto po priroda na rabotite mora da bide detalno dokumentirano....tuka nema mesto za spekulacii....ima li voopsto pilot vo avionov...so soodvetni dozvoli, ovlastuvanja i vazecko lekarsko ?????
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Hmmmm....znaev deka ke se zabega pak.....
Ne mi e jasno kako moze da se diskutira okolu nesto, sto po priroda na rabotite mora da bide detalno dokumentirano....tuka nema mesto za spekulacii....ima li voopsto pilot vo avionov...so soodvetni dozvoli, ovlastuvanja i vazecko lekarsko ?????
'
Zalno e sto probuvaat vinata da ja prefrlat na GS i pretsedatelot,no so samoto toa ne sogleduvaat li deka ustvari celiot tovar za urivanjeto na helikopterot ke go okrka pocinatiot pilot.
Tesko na familiite koi gi izgubija svoite cheda,tatkovci,brakja........kako stojat rabotite pak nekoja sitna riba ke go okrka .....
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.044
Поени од реакции
1.169
Пилотот немал дозвола за летово во магла!?

Не знаев како да ја крстам темава, гледав на тв деновиве некој портпарол или не знам што, на владата излегува пред камери и јавно прашува кој издал наредба за летање на хеликоптерот, и јавно без страм го навреди починатиот пилот во несреќата дека немал дозвола за летање во магла..
Па зарем малку страдаат фамилиите за оние загинати припадници на нашата армија, па уште ова јавно требаше да биде изјавено? Замислете сега како му е на неговите роднини.. како само тие се чуствуваат по ова?
Јас мислам дека ова беше обид за добивање на ефтини и срамни политички поени, обид да се нападне председателот на Република Македонија и врховен командат на вооружените сили Бранко Црвенковски, како и генералот (не ми текнува сеа како се викаше не нема врска..) без да се бираат средства и без да се размили дали некој ќе биде навреден или понижен, а во тек е и истрага, па вакви факти мислам дека не смее да се износат во јавност без разлика дали се вистинити или не!

Грешка имам во насловот.. или сменете го ако сакате и поинаку..
Пилотот немал дозвола за лет во магла!? вака е :)
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ako nekoj samo proba da zucne deka Makedonija ne e predmet na besprimerna manipulacija i deka onie sto izigruvaat ili izigruvale vlast vo Makedonija...na site nivoa....... ne se samo naj obicni plateni poslusnici i beskrajno golemi diletanti....beskrupulozni unistuvaci na sopstveniot narod i drzava...uste od sega mu kazuvam deka e BUDALA ili eventualno niven advokat...
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
Ako nekoj samo proba da zucne deka Makedonija ne e predmet na besprimerna manipulacija i deka onie sto izigruvaat ili izigruvale vlast vo Makedonija...na site nivoa....... ne se samo naj obicni plateni poslusnici i beskrajno golemi diletanti....beskrupulozni unistuvaci na sopstveniot narod i drzava...uste od sega mu kazuvam deka e BUDALA ili eventualno niven advokat...
daj spodeli shto dozna? :mislamstolimozelbetonotdadoznaevakvaizjavadadade:
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Ako nekoj samo proba da zucne deka Makedonija ne e predmet na besprimerna manipulacija i deka onie sto izigruvaat ili izigruvale vlast vo Makedonija...na site nivoa....... ne se samo naj obicni plateni poslusnici i beskrajno golemi diletanti....beskrupulozni unistuvaci na sopstveniot narod i drzava...uste od sega mu kazuvam deka e BUDALA ili eventualno niven advokat...
Абе тебе кога те читам ко Фројд да го читам.Па биди бе конкретен,немој да ми зборвиш во шифри.Имат овде на форумов некои и со помал Ај Кју.:helou:
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Прашање до Б.Ц.: Кој шверцер ги уби војниците?




Хеликоптерската несреќа, криминална афера!



[SIZE=+0]Последната фотографија на загинатите војници по полетувањето од Сараево отвора многу прашања, пресудни за несреќата, клучни за аферата во одбраната, но, и во АЛТЕА, чии одговори упатуваат на шверц и криминал! Букефал полетал преполн, а паднал празен? Што пренесувал хеликоптерот на АРМ, кој шверцувал и што? Судејќи според фотографијата до која дојде Форум, снимена по полетувањето на несреќниот хеликоптер, Јавното обвинителство веќе има доволно елементи за покренување обвинителен акт... [/SIZE]

[SIZE=+0]Пишува: Илија МАКСИМОВСКИ [/SIZE]

[SIZE=+0]Како што се гледа, фотографијата до која дојде Форум е снимена на 12 јануари 2008 г. откако трагичниот МИ-17 полетал од базата Бутмир во Сараево. На фотографијата се гледаат 6 или 7 војници и преполн хеликоптер со пакети, торби, опрема… багаж кој веќе отвора многу суштински прашања:
Прво. Согласно со правилата на секој лет, цивилен и воен, се мери тежината на леталото како основен параметар за планирање и стабилноста на летот. Факт е дека македонскиот МИ-17, ВАМ 302, бил добро натоварен, ако не и претоварен - со чудна стока, нималку налик на воена. Тоа сосема очигледно се гледа и од самата фотографија, иако е направена со мобилен телефон.

ШТО НОСЕЛ И ШТО КРИЕЛ ХЕЛИКОПТЕРОТ?

МИ-17 има капацитет за товар од 4 тона, а за тоа колку бил полн говори и споредбата на конкретната фотографија со фотографија на празен хеликоптер. Седиштата и останатата опрема кои се гледаат во празниот хеликоптер, се разместуваат во зависност од потребите на летот.
Комисијата на Владата на РМ која работеше на несреќата побарала, но не добила документи кои се задолжителни за воени летови, и тоа: технички податоци и записници за тежината и содржината на багажот на хеликоптерот при полетувањето од воздухопловната база Бутмир. Останува прашањето дали биле спорни и требало да се скријат податоците за тежината или за содржината на багажот?
Второ. Зошто новиот командант на мисијата на македонскиот ВИНГ, Кире Колевски, не дошол на полетувањето на хеликоптерот за Скопје иако самото полетување значело и протоколарно завршување на дел од учеството на АРМ во мисијата АЛТЕА, односно замена на стариот со нов состав војници.
Редовна практика била и малата свеченост при ротацијата на војниците, а Колевски во клучниот момент бил на некаква средба во Шпанскиот баталјон во Сараево.
Фактот дека за ова се молчи ì дава за право на претпоставката дека свесно не сакал да учествува во товарењето и легализацијата на товарот во македонскиот МИ-17!?
Како што дознаваме, пред полетувањето се случува и тепачка меѓу двајца македонски припадници на мисијата АЛТЕА, чии имиња, од причини што се работи за починати луѓе, Форум нема да ги наведе.
Дали причината за тепачката била од лични или професионални причини, поради условите за работа или се во прашање пресметки за делба на профитот, дотолку повеќе што е потврдено дека македонскиот хеликоптер бил користен за приватни бизниси за кои се наплатувале десетици и повеќе илјади евра, кои требало да се поделат. И ова прашање останува отворено!
Не е никаква тајна дека курентна стока во воени услови, како тие во Босна, се алкохолот, цигарите и специфичните воени материјали, оружје и друго. А, воените летала никогаш или многу ретко се подложни на контрола. Згора, за лошите односи меѓу војниците постојат писмени службени докази.
Трето прашање, кое и покрај барањата на владината Комисија за испитување на несреќата остана неодговорено, е непостоењето истражен список на остатоците од паднатиот хеликоптер.
Истрагата не утврдила од што точно се состојат остатоците на уништениот хеликоптер кај Блаце. Дали станува збор за приватни предмети на војниците, воена лична или техничка опрема на мисијата? И, што е најважно, колку тежел багажот што го пренесувал уништениот хеликоптер?
Основното и суштинско прашање со што бил полн хеликоптерот кога полетал од Сараево, не успеала да го разреши ниту истрагата, а на фотографијата која ја објавува Форум јасно се гледа дека Букефал е претоварен. Каде исчезнала мистериозната стока?
Она што упатува на криминал, шверц и конечно убиство со премисла е што извештајот за несреќата како и информациите со кои располага Форум покажуваат дека не може да се утврди дали хеликоптерот на летот Сараево - Скопје, преку Црна Гора и Косово имал прекин на летот?
Одговорите на овие три прашања, само дел од многуте што ги поставуваат семејствата на загинатите, но и јавноста, во себе ги кријат причините за несреќата на Букефал и убиството на мировниците.
Сè што Форум објави досега, доби поткрепа од извештајот за истрагата, во пишувањето на другите медиуми и, конечно, од фотографијата на преполниот хеликоптер.

ИСТРАГАТА ТРЕБАЛА ДА ГИ ЗАБОШОТИ ТРАГИТЕ!


Начинот на кој е водена првичната истражна постапката на воените власти дополнително ги потврдува наодите дека ВИНГ-от забраздил длабоко во злоупотреби и криминал.
Во водењето на постапката како и во составот на комисиите биле вклучени групи офицери кои по правило “нешто работеле” во воените мисии во Босна! Меѓу нив често избивале судири, последица на меѓусебно гонење и кодошење, ама сепак по онаа народната “врана врани”, не си ги ваделе очите!
Така, комисијата на ВИНГ-от која го сослушувала потполковник Владимир Лазаров била составена токму од лица кои Лазаров ги критикувал. Со нив имал професионални судири токму околу тоа дали македонските хеликоптери во мисијата АЛТЕА можат да функционираат! Лазаров, како командант на ВИНГ-от, постојано барал контрола на материјалите кои се вградуваат во хеликоптерите, испитување на неисправноста на леталата, како и службени укажувања дека во македонската мисија во АЛТЕА има проблеми. По службените укажувања се оградува од одговорноста за евентуални последици. Тој е офицерот кој од Сараево побарал мировниците да се вратат со автобус поради небезбедноста на Букефал. Сепак, по директна наредба на началникот на Генералштабот Мирослав Стојановски “морало” да се долета со преполниот хеликоптер. Изгледа имало нешто во мистериозниот товар што не смеело да оди по сувоземен пат. Конечно и самиот хеликоптер требало да се прибере за да не се откријат сите летови, од тој со дрвени трупци па до сите “услужни дејности” и “поправки” по разни лимарски работилници.
Оттаму, слободно може да се заклучи дека небрежноста, недисциплината и лошото одржување биле само последица на криминалот, шверцот и злоупотребата на Букефал и другите летала. Некои безмалку купени на отпад, другите крпени со употребувани делови, а сите користени за лично богатење и шверц во служба на организираниот криминал.

http://forum.com.mk/_tools/article/1208/view
[/SIZE]
 

Kajgana Shop

На врв Bottom