Нема никаква гаранција дека вложеното ќе се врати. Животот не е банка.
Малку се тие што си го добиле она што го заслужиле. Сепак, морам да признам дека ми се допаѓа оптимистичкиот дух што го имаат некои по сите овие транзициони процеси што ги истрпевме.
Едноставно е, не можеме многу да влијаеме на развојот на настаните околу нас. Нема карма, барем не во овој живот. Секогаш ќе има исклучоци кои ќе ја одржуваат нашата надеж, ама тоа се исклучоци, а не правило. Намерите, какви и да се, не мора да значи дека ќе донесат очекувани резултати. Трудот, упорноста, дури и интелегенцијата, во дадени околности може да се покажат како неисплатливи за многумина, посебно ако се тргнува „од почеток“, без непосредна помош.