Late Night Show со Миленко Неделковски

  • Креатор на темата Креатор на темата ***freak***
  • Време на започнување Време на започнување
Треба да го обвиниме оној кој сака да ја наметне тезата дека Мисирков е татко на нацијата. Поголема небулоза не сум чул до сега. Оваа теза почна да ја промовира торбешон од А1, кој за пари и мајка му ќе си продаде. Сега се гледа зошто толку се промовираше Мисирков последните 2 години преку медиумите на торбешон, за да на крај ни го наметнат изветреани типови за татко на нацијата... МАКЕДОНИЈА ИМА МНОГУ ПОГОЛЕМИ ТАТКОВЦИ ОД ЕДЕН СМРДЕН МИСИРКОВ!!!

Абе дечко. Смрден Мисирков? И со што сега се разликуваш ти од Љубчето????
 
И ти да не си торбеш???
Не, јас сум Македонец кој е горд на Крсте Петков Мисирков....кој патем ти го нарекуваш со недолични зборови кои се под секој морален критериум.

Следствено на ова, мене ми и испод секоја чест да дискутирам со такви како тебе.

Благодарам на вниманието и пријатно.
 
Абе дечко. Смрден Мисирков? И со што сега се разликуваш ти од Љубчето????
Абе дечко, а што знаеш ти нешто повеќе за Мисирков од она што во последно време ти го наметнуваат на А1, Време или Шпиц. Ако ми докажеш дека претходно некој го нарекол ТАТКО НА НАЦИЈАТА Крсте Петков Мисирков, со аргумент си ми ја затнал муцката... Поголема ерес не сум слушнал!!!
 
Абе дечко, а што знаеш ти нешто повеќе за Мисирков од она што во последно време ти го наметнуваат на А1, Време или Шпиц. Ако ми докажеш дека претходно некој го нарекол ТАТКО НА НАЦИЈАТА Крсте Петков Мисирков, со аргумент си ми ја затнал муцката... Поголема ерес не сум слушнал!!!

Не ти кажувам јас тебе кој е татко на нацијата, ама Крсте Петков Мисирков да го наречеш СМРДЕН???!?!?!?!!?!?!?!
 
И ти да не си торбеш???

И да е,па што? Ти мислиш дека си пратен од господ да вреѓаш и потсмеваш со сите други што не мислат како тебе? Немој да мислиш дека си поголем Македонец од сите нас тука на форумов.
 
кцхсхт, внимавај на речникот и "тонот" со кој им се обраќаш на членовите.
 
Какво е тоа самоубиство пред ТВ аудиториум со водител кој немо ќутеше на секое излагање на ....... и ? Туку ти и во секое зло ќе најдеш добро кога се работи за пор............:salut:

самоубиство .. :toe:
и доискажи се ...

јас сум со став дека не требаше да му даде простор на татарот.
Но веќе кога ете му дадоа ..
тој си изврши самоубиство со тоа што ги сикажа апла неговите ставови ...

и пак
секој одсега кој му дава подршка на љуБчо може да биде добар татар, добар геец но не и добар Македонец:toe:
 
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовић - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“


толку за тоа кој ја направил велика бугарска и поради која причина.
 
самоубиство .. :toe:
и доискажи се ...

јас сум со став дека не требаше да му даде простор на татарот.
Но веќе кога ете му дадоа ..
тој си изврши самоубиство со тоа што ги сикажа апла неговите ставови ...

и пак
секој одсега кој му дава подршка на љуБчо може да биде добар татар, добар геец но не и добар Македонец:toe:

Па нели Љубчо беше првиот што ги праќаше Албанците во гасни комори,што викаше дека следниот конгрес на дпмне ќе го прави во Солун?... Тогаш ви чинеше и беше најголемиот Македонец,а сега кога ја кажува историјата што сите ние ја учевме не чини.
 
самоубиство .. :toe:
и доискажи се ...

ЈОК самоубиство,само му одстапи безплатен медиумски простор на Љубчо да си го искаже она за што одамна се залагал.

јас сум со став дека не требаше да му даде простор на татарот.

Е така де

тој си изврши самоубиство со тоа што ги сикажа апла неговите ставови ...

Не мислиш дека може и некој симпатизер повеќе да доби ?

и пак
секој одсега кој му дава подршка на љуБчо може да биде добар татар, добар геец но не и добар Македонец:toe:

Сите се добри македонци онолку колку се осеќаат за такви, а не може да е добар македонец оној кој следи само партиски соопштенија ,и за кој Македонија е после политичката припадност.
Немораш да ми реплицираш доволен показател се последните теми на форумов каде едни други почнаа да се виткаат ко непечени кобасици а вие немате огин да ги потпечете:tv:
 
Што ти е бе тебе?Кој гавол ти е тебе?
Како може да го наречес Мисирков така погадно.лееееееееее до кај допреа.
Што и фалеше на презентацијата на Крсте П. Мисирков на А1 тв?
колку да знаеш целово плукање што го прави а1 е поради тоа што го сака министерството за земјоделие т.е. сака да има министер по земјоделие од ПЕИ.Тоа е мое мислење.


А до вчера нели беше љубчо најголем војвода за тебе а дрво?
da i ke ostane vojvoda bidejki on imase hrabrost da kaze deka ke imame nezavisna drzava.sopstvena valuta,reprezentacija a ova sto go kaza za istorijata sum iznenaden od nego
 
која дебата ти грешно си разбрал ... еден гостин во емисија за дебата го сметаш .. ?

како по реков миленко не е тој шо треба да парира .. може само да насочува на која тема гостинот да си каже ставови ..
а ако немаш шо да кажеш шо ти е муабетов тогаш ... отвори тема релевантоста на новинарите .. и спомни го Миленко ...
овде праиме муабет за гостите и нивните ставови кои ги изнесуваат ...
ја не видов да се произнесеш за ставот на љуБчо :toe:

Pa ako ne e spremen sho vika nekoj na koj znaj deka nemozi da mu odgovori

Треба да го обвиниме оној кој сака да ја наметне тезата дека Мисирков е татко на нацијата. Поголема небулоза не сум чул до сега. Оваа теза почна да ја промовира торбешон од А1, кој за пари и мајка му ќе си продаде. Сега се гледа зошто толку се промовираше Мисирков последните 2 години преку медиумите на торбешон, за да на крај ни го наметнат изветреани типови за татко на нацијата... МАКЕДОНИЈА ИМА МНОГУ ПОГОЛЕМИ ТАТКОВЦИ ОД ЕДЕН СМРДЕН МИСИРКОВ!!!

Alooooo pazi so zboras!!! Ke se otkazis i od majka ti i tatko ti samo za Aleksandar.
 
кцхсхт, внимавај на речникот и "тонот" со кој им се обраќаш на членовите.
Не разбирам на што тоа треба да внимавам, каков ми е тоа речникот и каков ми е тоа тонот...
 
Тест за политичарите и за нацијата

автор: Стефан Влахов Мицов.

извор: www.vreme.com.mk

Дамнешна традиција во Бугарија е во политиката да виреат луѓе што не се за ништо друго. Освен за партијци. Некои од нив стасаа и до премиерската фотелја. Дека бугарскиот синдром е заразен потврдува примерот со поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски. Не случајно тој зеде и бугарски пасош. Изборот да бидеш конјуктурен или почитуван е лично право на секој. Само што пропагандата на сопствените слабости и простотија веќе станува агресија. Безумноста на историските теми што „новиот Бугарин“ Љ. Г. ги сее по македонскиот и бугарскиот печат (коишто на широко ги пренесуваат и десетина бугарски електронски сајтови) воопшто не заслужуваат внимание. За луѓе како него народот вели: „Кога стана калајџија, кога ти поцрни задникот?“. Статии како објавената во сп. „Фокус“ „Скопје пополнува 2. 000 г. дупки во својата историја“, којашто Љ. Г. ја препратил и на бугарската антимакедонска агенција „Фокус“, со уште поглупавиот наслов „Александар Македонски бил најголем бугарофил во македонската историја“, несомнено бараат цврсто спротивставување. Бидејќи се поигрување со минатата и со денешната македонска историја и култура и со нејзиниот творец “ македонскиот народ. И истовремено “ поигрување со илјадници домашни и странски истражувачи од 19 век до денес. Уште во почетокот на својата статија Љ. Г. демонстрира мисловна анамнеза. Тврди дека „за време на последните две години преку медиумска кампања на Владата“ приврзаниците на античкото минато го надразнувале. Неколку редови подолу вели дека по минатогодишното грчко вето „Владата зазела агресивен ***с за пропагирање на нашето потекло од древен род“. Во интервјуто во сп. „Фокус“, од пред еден месец, годините на пропагандата се зголемени на три. Типична политичка абракадабра!

Откажувањето „да го бараме македонското потекло во древна Македонија“ Љ. Г. го заснова прво на тоа дека во современата ситуација се загрозувале интересите на државата. Чиниш минатото на еден народ може да биде монета за поткусурување во една или во друга ситуација. А според ќефот на некој треба да ја коригираме сопствената историја. Тоа потсетува на приказната за зајакот, којшто за да им угоди на сите, си направил куќичка на тркала. Вториот и третиот аргумент на Љ. Г. се заемноповрзани. Со пропагандата на античкото минато „направивме карикатури од себе пред целата меѓународна јавност“. Бидејќи македонското минато „не се темели на никакви факти“. Според саркастичниот израз на Љ. Г. „внуците на Аминта“ работеле во четири насоки: дека целата бела раса плус две третини од американските претседатели произлегувале од „Македонците“, дека словенските народи имале македонски корен, дека Македонците немале ништо заедничко со Словените и дека целиот свет бил македонски. Содржината на зборовите на Љ. Г. нема никакво значење. Во случајот затоа што првата и четвртата „насока“ речиси му се преклопуваат, а втората и третата - заемно се исклучуваат.

Полошо е што ги меша внуците на Аминта со внуците на Бај Гањо. Не во Р. Македонија, туку во Бугарија суштествуваат „насоки“ според кои целиот свет е бугарски. И тие „насоки“ се многу добро општествено, државно и финансиски поткрепени. На крајот на 2005 г. кога Љ. Г. ги подаде документите за бугарско државјанство, во Пловдив се одржа научен конгрес на тема: „Историја на древните Бугари и древниот свет“, чиишто заклучоци се: „Нашата историја почнува пред четири и пол потопи, што ќе рече пред 58. 000 г. пред Христа“. Во својата книга „Тајните на човековиот и бугарскиот род“ академик Владимир Цонев (претседател на Меѓународната академија за бугарознаење, иновација и култура) изјавува: „Богот на Вселената го носел името Пан, а со тоа име биле познати и Бугарите во стариот свет“. Некои автори прецизираат дека Бугарите, коишто ја колонизирале Земјата, биле од соѕвездието Голема Мечка. Академикот, како пророкот Јоло Денев, тврди дека Библијата е „историја на Бугарите“, а Аврам, Јосиф, Мојсеј и самиот Христос се Бугари. Во својата „бугарска библија“ тој вели: „Бугарите се јадро на народите по целата планета. Тие создале повеќе од 20 империи и 60 народи“. Споменатиот Цонев е автор и на книгата „Атлантида - земја на древните Бугари“ и „Древните Бугари “ предци на Тракијците“. Измислици од таков вид секојдневно излегуваат во Бугарија и широко се пропагираат. Како одговор на бугарската и на грчката историја, одделни македонски ентузијасти пишуваат популистички текстови, коишто го нервираат Љ.Г. Тој се спротивставува на македонската заштитна реакција бидејќи внуците на Бај Гањо му лежат повеќе на срцето. „Новиот Бугарин“ значи заборава дека лагите не се дел од личното право на избор. Лага е ако се сменат местата на причината и последицата. Освен тоа, не Македонците, туку Бугарија и Грција и денес мечтаат за „велики држави“.

Лага е тврдењето на Љ.Г. дека, според денешните „внуци на Аминта“, словенските народи имаат македонски корен. Такво движење изникнува во 17 век како резултат на борбата меѓу католицизмот и панславизмот. Последниот ги прогласува античките Македонци за Словени, а папскиот двор го лансира создавањето на илирската нација, при што ги идентификува Македонците со Илирите. И пропагира создавање „илирски литературен јазик“, всушност општословенски јазик со употреба на латинско писмо. И католицизмот и панславизмот го користат авторитетот на античките Македонци за свои цели, а Љ.Г. ги наменува гревовите на едните и другите на денешните македонисти. Само гол лаик може да тврди дека во древноста на Балканот „биле познати само три етнички суперсили: Елини, Тракијци и Илири. Ако античките Македонци не биле Елини, биле од тракиското семејство“! Точката на гледање на многумина странски академици уште во 19 век е поинаква. Според Милер и Мајер, а во 20 век “ Тамб-Кикерс, Васмер, Кацаров, Бешелев, Будимир, Писани, Русу, Бариќ, Погирик, Шантрен, Катичиќ, Нероснак и други античкиот македонски јазик не бил грчки дијалект. Во 1897 година познатиот британски историчар на антиката Дејвид Г. Хогарт посочува дека македонскиот владетел Филип Втори ја создал „првата национална војска во Европа“. Бугарскиот академик Гаврил Кацаров во својот труд „Цар Филип Втори Македонски. Историја на Македонија до 336 г. пр. Хр.“ од 1922 г. стр. 11 целосно го поткрепува, според неговите зборови, „најдобриот познавач на историјата на елинизмот Корест“ кој пишува: „доволно е да се фрли поглед на времето на Филип и посебно на Александар и дијадохите: насекаде ќе се забележи јасната свест на Македонците дека се еден народ за самите себе, кој, како таков, има мисија да добие слава и сила во светот“. Меѓу современите автори кои категорично ги разграничуваат Македонците од Елините се Питер Грин, Пјер Жуге, К. А. Кинкејд, Доналд Лаган, Џон Шеј, Јуџин, Борза. Дури најголемиот поддржувач на грчките интереси Пол Картлиџ во својата книга „Александар Македонски“ (2004) е принуден да признае дека во македонската империја имало три националности: Македонци, Иранци и Грци. И дека по заземањето на Персија „Во шемата за поделба на светот замислена од Александар за Грците не било зацртано место“.

Во однос на „елинското“ потекло на Александар Први „Филелин“ (пријател на Елините) Љ.Г. самиот се порекнува и нема потреба да ги изнесувам аргументи на Г. Кацаров, Борза, Коспопулос и на античките автори Апиан, Страбон, Павсаниј за шпекулацијата што имала за цел учество на Олимписките игри на македонскиот владетел. Уште поелементарна е шпекулацијата на Љ.Г. дека мечтата на Филип Втори и Александар била „да го обединат елинскиот свет“. Како сведоштво, ниту Персија, ниту Индија, ниту територијата на Пакистан не се дел од елинскиот свет. Што се однесува до натписите коишто Александар и неговите военоначалници ги оставеле во завладеаните територии, тие се мошне илустративни: „Македонец од Бореја“, „Македонец од Европа“, „Македонец од Амфиопол“. „Македонец од Аретуса“ ит.н. Така што пред да истура глупости за „Гркот Александар“ Љ.Г. да го имаше разлистано само зборникот „Александар Македонски во науката и во свеста на потомците“. Самиот наслов на статијата на Љ.Г. покажува дека тој го отфрла не само македонското античко минато туку и нашето целосно суштествување до 20 век. Бркајќи ја антиката со словенскиот период се обидува да ги уништи двата. За негова жал „дупката“ за која пишува не е во македонската историја, туку во неговата глава. Осуштествувањето на македонското народносно самосознание и самочувство е запечатено не само во средновековието, туку и во времето на османското владеење од патописци како Брокиер, Анџолето, Петанчич, Лубенау, Рубигал, Бетцек, Јакоб Хајмендорф, Филиопо Лоникело, Јован Радониќ, генерал Франсоа де Тот итн. На антропоморфна карта издадена во 1544 г. од Себастијан Монстер, Македонија, Грција и Бугарија се означени, а Србија и Албанија недостасуваат.

Постоењето на македонската народност и јазик се посочени и во подоцнежни германски и француски етнографски карти. По тоа прашање кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век пишуваат Австриецот Карл Хрон, Русинот Александар Ритих, д-р К. Пострајх, бугарскиот учен Петар Драганов и др. Стотици странски македонисти денес убедливо го разоткриваат историскиот континуитет во македонската историја. За нив Љ.Г. или нема знаење или му недостасуваат зборови. Да ги имаше прочитано само зборовите на Прличев искажани во 1885 г: „Мајка Македонија многу ослабна откако го роди великиот Александар, откако ги роди светите Кирил и Методиј, оттогаш мајка Македонија лежи на својата постела ужасно изнемоштена, совршено приумрена“. Големиот поет го упатува тоа на адреса на домашните и странските поети, коишто ја пијат снагата на Македонија.

Љ.Г. ја менува вистината со лаги не само во таа статија. Во интервјуто во сп. „Фокус“ цинично изјавува: „се уште не сметам да одговорам на прашањето имам или немам бугарски пасош“. Потпишувачот на указот (бр. 14 од 23 февруари 2006), вицепретседателот Ангел Марин го соопшти тој факт на 21 јули истата година, почекувајќи ги тогашните парламентарни избори во Р. Македонија, за да не му попречи на пратеништвото на Љ.Г. Понатаму во интервјуто Љ.Г. реторично прашува: „Јас бев пријател на Бугарија и пред да ја заземам премиерската фотелја, но за четирите години на моето управување дали некој стана Бугарин, ја дадовме ли Македонија на Бугарија“.

Малку статистика. Во 1999 г. молби за бугарско државјанство поднесуваат 2.474 луѓе, во 2000 - 3.334, во 2001 - 5.495, а во 2002 околу 7.000 луѓе. Речиси половината од нив се на македонски граѓани. За споредба, до 1998 година секоја година заедничкиот број на молби е под 1.000. Второ, со потпишаната, на 22 февруари 1999 г. заедничка декларација со Бугарија Љ.Г. не само што се откажа од заштитата на македонското малцинство, туку и подигна бариера пред Бугарија за ЕУ. На крајот на декември таа година во Хелсинки беше решено да почнат преговорите и нивниот почеток беше во февруари 2000 г. Поинаку кажано, денешната бомба со бугарските претензии кон Р. Македонија е залог од Љ.Г.. Затоа односот кон него е тест за зрелоста не само на останатите македонски политичари, туку и на целата нација.

Авторот е универзитетски професор
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom