2 рецепти:
Кој не пробал ВЕДНАШ да му даде шанса... да видите што е добро јадење
Рецепт 1
_______________________________
Состојки
- 1 л млеко
- 1 шоља вода
- 1 шоља од 150 мл ориз
- 10-12 лажици шекер
- 2 ванилин шекер
- 1 лашица кора од рендан лимон
- цимет
Го ставаме оризот со водата на тивко да врие.Кога ке испари водата додаваме млеко во повеќе наврати.Продолжуваме со варење на тивок оган.Мешаме често за да не загори.Кога ке го потрошиме цело млеко и кога ке почне да се згуснува го ставаме шекерот ,кората од лимун и ванилиниот шекер.Го празниме во адекватни посуди и го прашиме со цимет.
Рецепт 2
_____________________________________
Сутлијаш со суво грозје
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]
За подготовка на овој десерт потребни ви се следниве производи: [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]
- 200 гр. ориз
- 100 гр. суво грозје
- 200 мл. млеко
- 100 мл. вода
- 150 гр. шеќер
- 1 ванилин шеќер
- цимет
Потребно време за подготовка на овој десерт е 15- тина минути.
На оган ставаме едно тенџере и во него ставаме 100 мл. вода. Потоа во тенџерето го додаваме измиениот и исцеден ориз и ванилиниот шеќер и промешуваме. Во тенџерето го додаваме и шеќерот. Промешуваме и го додаваме млекото. Откако оризот е варен во тенџерето го додаваме сувото грозје. Промешуваме и го тргаме тенџерето од оган.
Земаме еден подлабок сад, кој ќе ни служи како калап и го попрскуваме со масло за јадење. Потоа со четка ја намрснуваме целата внатрешност на садот. Во садот го ставаме претходно подготвениот сутлијаш и го мазниме со мешалката. Откако сутлијашот ќе се излади и ќе се стегне со нож го одлепуваме од садот и го превртуваме на чинија за сервирање. Одозгора сутлијашот го наросуваме со цимет.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете бело вино.
Добар апетит.
[/FONT]