Сутлијаш

JuveFan

Џабарлак
Член од
11 мај 2006
Мислења
918
Поени од реакции
7
Дали некој знае што е тоа???
Стварно да си кажам јас некако чудна комбинација ми е тоа.
Ориз како ориз... со млеко некако не пара оди...
мало објаснение или пак големо за сутлијачот.
Да не заборавам и искуства со него :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Аууу не не не не не не...
Не јадам и самата помисла ми ствара тегоби.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Па како не знаеме што е тоа?
Одеше ти во градинка дечко?:)
Сутлијачот е многу убав, само ако е добро направен...
Со млеко, ванила, одозгора малку чоколадо рендано, убајни:)
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.523
Поени од реакции
5.515
Убав си е сутлиjачот бе со цимент одозгора ... оф со цимет де :)
 

tiffany

Тифаниум
Член од
20 мај 2007
Мислења
742
Поени од реакции
13
Мене баш ми е убаво,уште додека е топло па со малку цимет мх мх мх мераци:pipi:
 

Сапун

. . .
Член од
10 јули 2007
Мислења
1.642
Поени од реакции
4
Дa дa Супер е бaш пред некој ден нaпрвaви мaјкa ми ...Мјaмм...
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Го обожавам... т.е сите по дома го обожаваме,но нели се вика сутлијаш?
Поготово,со ванила и цимет,мераци...

Баш пред некој ден ми се пријаде и викам ај ќе пробам да направам,не ставав многу да не го укакам (ко да знаев дека ќе бидне такво нешто) ама муката за да ми се исплати јас си изедов едно тањирче,а кога зема татко ми,пробува,плука и ми се врти ми вика,оди купи две три копанчиња тава ориз да направиме. :pos:
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Обожавам сутлијаш. Секогаш го јадам чист, без цимети, ванили и слични работи.

П.С. Crazy in Love, има нешто од јадење и пиење што сакаш?:)
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Леле!!! Колку одамна не сум јадел овааааааа!...Е тек сеа ми се пријаде,леле одма ќе ја натерам мајка ми сеа да ми напраи...
I love it...ебаго...:pos:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
JuveFan во основа тоа му е исто ко леб потопен во млеко, само наместо пченица во случајов се користи ориз, јас не сум јадел не дека не би ми бил вкусен ама визуелно ме потсеќа многу на кисело млеко кое неможам да го смислам.
Во основа би требало да биде благично, со ванила би требало да потсеќа на пудинг, пошто и пудингот во основа е скроб и млеко.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Гаго, сакаш да кажеш дека воопшто немаш пробано во животот сутлијаш?! :blaa:
 

Arioth

Purpletrator
Член од
20 февруари 2007
Мислења
527
Поени од реакции
82
Sutlijas e zakon. So vanila ili cimet koj kako saka
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Па вие не знајте шо е убо... тешко вас. Ко ке има дома јас од тенџере директ си јадам, нема потреба да се става во чаши, само за миење се прави а посекако за 24 часа ке нема ич :)

За тие што не јадат
и бараат солен.... не сте пробале ориз со сол... Во Кочанско го викаат пилав... Пооо нешто погрдо немам јадено. Ако има некој од таму може да прокоментира, но за нив тоа си е најобично и си го јадат :)
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
2 рецепти:

Кој не пробал ВЕДНАШ да му даде шанса... да видите што е добро јадење

Рецепт 1
_______________________________
Состојки
  • 1 л млеко
  • 1 шоља вода
  • 1 шоља од 150 мл ориз
  • 10-12 лажици шекер
  • 2 ванилин шекер
  • 1 лашица кора од рендан лимон
  • цимет
Го ставаме оризот со водата на тивко да врие.Кога ке испари водата додаваме млеко во повеќе наврати.Продолжуваме со варење на тивок оган.Мешаме често за да не загори.Кога ке го потрошиме цело млеко и кога ке почне да се згуснува го ставаме шекерот ,кората од лимун и ванилиниот шекер.Го празниме во адекватни посуди и го прашиме со цимет.




Рецепт 2
_____________________________________

Сутлијаш со суво грозје
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]За подготовка на овој десерт потребни ви се следниве производи: [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif] - 200 гр. ориз
- 100 гр. суво грозје
- 200 мл. млеко
- 100 мл. вода
- 150 гр. шеќер
- 1 ванилин шеќер
- цимет

Потребно време за подготовка на овој десерт е 15- тина минути.
На оган ставаме едно тенџере и во него ставаме 100 мл. вода. Потоа во тенџерето го додаваме измиениот и исцеден ориз и ванилиниот шеќер и промешуваме. Во тенџерето го додаваме и шеќерот. Промешуваме и го додаваме млекото. Откако оризот е варен во тенџерето го додаваме сувото грозје. Промешуваме и го тргаме тенџерето од оган.
Земаме еден подлабок сад, кој ќе ни служи како калап и го попрскуваме со масло за јадење. Потоа со четка ја намрснуваме целата внатрешност на садот. Во садот го ставаме претходно подготвениот сутлијаш и го мазниме со мешалката. Откако сутлијашот ќе се излади и ќе се стегне со нож го одлепуваме од садот и го превртуваме на чинија за сервирање. Одозгора сутлијашот го наросуваме со цимет.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете бело вино.
Добар апетит.


[/FONT]
 

Kajgana Shop

На врв Bottom