Факти за компјутерските делови и мали совети за шопинг

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Факти во врска со компјутерите и совети за шопинг


Ок, го напишав ова затоа што имам забележано доста луѓе како мешаат некои работи во врска со компјутерите, или од неинформираност или од незаинтересираност, па кога ке донесат лоша одлука и ке купат нешто шкарт, друг им е крив.

За почеток ке разгледаме што све мора да содржи еден стандерден домашен компјутер за да функционира најнормално, како планче, па ке ги објасниме компонентите една по една:

-Процесор
-Ладилник (Кулер)
-Матична плоча
-РАМ
-Графичка картичка
-Хард диск
-Оптички диск
-Напојување
-Кукиште
-Монитор



Процесор:

Процесорот е централната едеиница во компјутерот, тој е главен и одговорен за све што се случува, и како таков претставува НАЈВАЖНАТА!!!! компонента во еден компјутер. Брзината на целиот компјутер директно зависи од брзината на процесорот. Не се лажете дека перформасите идат од гигабајтите рам или од нешто друго.

Постојат 2 производители на процесори во светот (2 се за х86 односно за домашни компјутери, иначе има и други) Интел и АМД.

Интел (ке ги листам само оние кои што се моментално популарни кај нас, иначе за мене Пентиум 4 и Д се антика):

-Пентиум 4 – Се појави некаде во 2003-04 година, базиран врз долго форсираната netburst технологија на Интел, беше горе-доле поспор од неговиот директен конкурент во тоа време. Денеска тој процесор е речиси 4 години стар и е веќе АНТИКА!!!!!!!! НЕ СЕ ЛАЖЕТЕ ДА КУПУВАТЕ ПЕНТИУМ 4!
-Пентиум Д е дериват од Пентиум 4ката, и представува квази двојадрен процесор, затоа што тој е всушност две Пентиум 4ки залепени една со друга. Овие процесори популарно се нарекуваат и термо печки, затоа што се способни да ви го загреат целиот стан :DDDDD Процесоров се шуњаше во периодот 2005-6 што го прави веке 2 години стар. Значително е поспор и потопол од неговиот директен конкурент на АМД и воопшто не представува добар избор за шопинг. Нашиве фирми само го бутаат во конфигурации за лаици и незналици за да си ги исчистат магацините од ѓубре.
-Core 2 Duo – овие процесори представуваат врв во достигнувањетоа на Интел. Првпат се појавија кон крајот на 2006та, и му го наплескаа газето на АМД. Овие процесори се вистински двојадрени процесори со 2 јадра на една плочка, значи не се лепени со дрвофикс ко Пентиум Д, и воопшто не се базираат на netburst технологијата од која Пентиумите 4 и Д се направени туку од сосема нова Core технологија. До ден денаеска се на врвот на топлистите за перформанси благодарение на одличната структура на јадрото, ниските температури и ненормалната оверклокабилност. Топло ги препорачувам овие процесори за сите оние кои сакаат добра машина.

АМД:

-Атлон – АМД си ја влече К8 архитектурата со години, главна причина за тоа е што е многу топ и е многу верзатилна. Еднојадрените Атлони биле отсекогаш подобри од нивниот конкурент, Пентиум 4, но ги стигна времето и АМД издадоа двојадрена верзија на К8 архитектурата во форма на:
-Атлон Х2 – Овие процесори изглегоа како одговор на Интеловите Пентиум Д. За разлика од Пентиум Д, Атлон Х2ката представува вистински двојадрен процесор како Core 2 Duo. Моментално се најдоброто што АМД може да го понуди и представуваат одлични процесори за малку пари. По перформанси се блиски со Core 2 Duo но им недостасуваат добри оверклокерски особини. Дадени се од господ за машини под 30000 денари, бидејки се проклето евтини.


Дигитрончиња:
-Бидејки процесот на производство на процесори е многу сложен, при производството на горенаведениве процесори се јавуваат грешки кои 30-40% од процесориве ги уништуваат и ги прават бескорисни. За да не губат пари, Интел и АМД, ги наоѓаат фаличните делови во јадрата на тие процесори и ласерски ги сечат, со тоа што се добива функционален процесор, но толку слаб и никаков што воопшто не ни заслужува да се нарече процесор. Овие процес.....овај дигитрончиња на сите нас ни се познати како Celeron (на Интел) и Sempron (на АМД). Купувајте вакви процесори само ако сте се решиле да купите компјутер под 150 евра (све комплет)


И за крај да повторам уште еднаш во случај да не прочитавте на почетокот: ПРОЦЕСОРИТЕ СЕ ДИРЕКТНО ОДГОВОРНИ ЗА БРЗИНАТА НА ВАШИОТ ПЦ!!! Брз процесор = брз компјутер. Шкарт процесор = шкарт компјутер!



Ладилник (кулер)
Оваа направија служи за да го лади процесорот и да не му дозволува да се прегрее. Постојат различни типови на кулери, главно се прават од алуминиум или бакар заради нивната голема спроводливост на топлина. Исто така има и водено ладење, ама тоа е скапо и е за будали ко мене :D За секој сокет (ова ке го објасниме кај матичните) си има соодветен начин на монтирање на кулерот. Ако оверклокувате, немојте да штедите на кулер, земете некој од 1500-2000, ако не клокате доволни ви се и оние од 500-600 денари.


Матична плоча
Ако срцето на еден компјутер е процесорот, тогаш матичната представува торзото и градниот кош. Матичната плоча е пластична плоча на која се испринтани струјни кола и магистрали. На неа се приклучуваат СИТЕ компоненти во компјутерот, и преку неа комуницираат. Значи, што поубава плоча – тоа постабилен и посигурен компјутер. Секоја плоча содржи сокет (Socket) кој е во форма на мала квадратна површина, на која се монтира процесорот. Сокети за АМД се с939 и АМ2, додека за Интел најтазе е Сокет Т или попопуларно 775ката.

Матичната плоча е придвижувана од чипсет (така се вика, пошто е сет од неколку чипови, обично по 2, а може и само 1 да има). Чипсетот е оној кој управува со матичната плоча и со компонентите на неа. Постојат неколку видови, главно од големиве компании

-ВИА – Нискобуџетен чипсет, не купувајте ваква плоча освен ако не сте ептен шворц. Во 80% од случаите ке зажалите што сте ја купиле.
-Нвидиа – Интересен чипсет кој ни доаѓа од производител на графични картички. Предности на овој чипсет се ниската цена, добрите перформанси како и ЕКСКЛУЗИВНАТА СЛИ ПОДДРШКА. Значи ако идете СЛИ, ке мора да купите плоча со Нвидиа чипсет.
-АМД – слично како Нвидиа, добра цена, добри перформанси, чипсетот е тазе, представува добар чипсет ако не ви треба нешто посебно, и ако ич не ви се купува ВИА.
-Интел – се наоѓаат на самиот врв на чипсетите, представуваат најдобри чипсети, одсекогаш биле најдобри. Ако земете плоча со Интел чипсет, никогаш нема да зажалите, едина заебанција е што се ептен поскапи од другите плочи, ама вреди верувајте!


Матични со:
-Онборд звук – Речиси секоја модерна матична денеска се произведува со онборд звук. Проблемот во ова е што често овој контролер не е баш на ниво со квалитет на звукот, али ако имате мали компјутерски звучки, ве боли курот. Ако имате добро појачало и добри звучки ке ве скршам од ќутек ако не купите добар звучна картичка, од 3000ки па нагоре.
-Онборд видео – Некои плочи на себе содржат и чип за видео, кој што знае да ја замени графичката картичка, Зошто е ова добро? Од една страна ваквите плочи се поевтини од другите, а од друга страна се одличен избор за луѓе кои не играат игри или не користат професионални апликации за анимација. Онборд графичката е доволно силна да даде слика на екранот на вашиот монитор и да ви пушта ХД филмови, така да ако не сте по игрите, ке заштедите и ке си поминете многу поубаво и поевтино ако купите ваква плоча и ако не купите посебна графичка картица.



РАМ
Има луѓе кои што се во заблуда дека повеќе рам = побрз компјутер. Читнете горе кај процесорите што имам пишано за ова. Значи рамот не е мерило за брзина, туку е мерило за капацитет, односно тој одредува колку програми можат да се отворат во даден момент и со колку програми ке манипулира процесорот. Поради ненормалното поевтинување на рамот, ве советувам сите да си купите по една-две плочкици од по гига и да не му ја мислите многу за рамот. ОДМА!

Брзината на рамот е небитна за обичниот корисник, ако сакате подетално за ова, може да ме прашате на МСН.


Графичка картичка (или зошто поѓаволите неможам да заспијам секоја вечер)
Графичката карта е додатна копмонента која се шиба во компјутерот за да ви овозможи ненормални перформанси главно во видео игрите или пак во апликации за анимирање и проектирање. Постојат 2 компании кои што произведуваат графички јадра, а тоа се Нвидиа и АТИ (сегашно АМД пошто ги купија). Компаниите како Асус, Палит, МСИ, Инно3д итн само ги откупуваат чиповите од овие горниве и ги произведуваат графичките картички.

Е сега ОВА Е МНОГУ ВАЖНО! Бидејки постојат луѓе кои се лажат на бројките и мислат дека 8400GS е појако од 7950GT заради тоа што е нели 8000ка, моја должност е да објаснам како сето тоа функционира и ЗОШТО ПОЃАВОЛИТЕ 8400GS НЕ Е ПОЈАКА ОД 7950GT А ИМА ПОГОЛЕМ БРОЈ!!!


Ке ја земеме Нвидиа 7600GT пример.

-Првата бројка 7 означува број на генерација, во нашиов случај 7ма генерација на чипови од Нвидија
-Втората бројка означува КЛАСА на картичката (односно колку е јака!!!!) броевите од 1 до 4 се ниска класа, 5-7 се средна класа а 8 и 9 се висока класа. Затоа 8400GS e шит, пошто е со 4ка, а 7950GT е 10 пати побрза оти е класа 9
-Третата бројка означува ревизија на чипот, значи 7950GT е нешто подобрена верзија од 7900GT (ама не многу)
-Четвртата бројка е увек нула хехехехе
-Ознаката со букви на крајот на шифрата всушност означува до кој степен е функционална картичката во даден опсег на некоја класа. На пример 7600GS и 7600GT, двете се во иста класа, но GS ознаката на едната покажува дека јардото е нешто подослабено и дека е послаба од 7600GT, ова GT е ко кај автомобилите.


Графичките карти се компоненти кај кои најбрзо се развива технологијата и секој месец искача по нешто ново. Ако чекате на нешто, ке умрете од чекање, а ако фркнете премногу пари на графичка, наредниот месец коа ке излезе некоја дупло поевтина а дупло појака од вашата, ке се мавате од земја. ЗАТОА ВНИМАТЕЛНО!!!


Хард диск
Хард дискот е магнетен диск на кој што стојат сите ваши песни, фотки, филмови, порничи и други занимации. Хард дискот е исто така и најбавната компонента во еден компјутер, така да нема да го поврземе со перформанси, туку ке го поврземе со колку вкупно порничи може да збере во даден момент. Постојат во разни димензии и капацитети, што и да земете нема да згрешите, на кој колку му треба - толку!

Оптички диск (или режач)
Со негова помош се читаа податоци од екстерни медиуми и со негова помош се ставаат тие податоци на кестерни медиуми. Нема да зборам многу за режачите само ке кажам дека моментално најдобар режач на планетава е Pioneer DVR-111D или 112D. И уште ке напоменам дека тешко се наоѓа во ваква форма во Македонијава, но за наша среќа, Асус откупува режачи од Пионир и само им лепи Асус етикета и и ги продава. Значи Асус режачите се клонови на Пионир, и можете да ги најдете по фирмиве кај нас за евтини пари.


Напојување
Една од побитните компоненти во компјутерот, која луѓето често знаат да ја заборават, па после се маваат од земја коа компјутерот ке им прави пали-гаси. Напајањето служи за да влече струја од штекер и да му дава на компјутерот струја за да може да работи. Кај нас у Македонија врие од кинески Делукс напајања, што е добра ствар зашто се ептен евтини и се доволни за повекето конфигурации, но ако сакате моќна графичка, клокнат процесор, многу хард дискови итн, Делуксот ке пукне, ке треба да си купите некое напајање од 50-100 евра.

Куќиште
Куќиштето е парче лим/челик/алуминиум кое го штити компјутерот од надворешни влијанија (прашина, кучиња, бебиња, инсекти, радознали родители итн). Исто така е симбол за естетика зашто начесто ви го краси (или огрдува) вашето биро. Куќиштето не влијае на перфомансите на компјутерот, но затоа пак поскапите куќиште влијаат на температурата на компјутерските делови, нормално во позитивен смисол. Што и да купите немате гајле, битно е компјутерот да стои во некакво куќиште.


Монитор
За мониторите ке отворам посебна тема деноиве, нема тука да напишам. Ај поздрав.



Слободно додадете ако сум испуштил нешто битно. Се надевам дека после ова нема некој од фирмиве за компјутери да ве прави будала.
 
Член од
22 јули 2006
Мислења
1.265
Поени од реакции
36
За хард дисковите да додадам нешто, чисто затоа што ми се чинат некако запоставено. :) Hitachi & Western Digital прават одлични хард дискови погодни за декстоп корисници бидејќи се доволно брзи, ефтини и доста тивки. Seagate се поефтини од горенаведените, ама затоа се слични на трактор дури работат, па затоа за сервери се супер. Ај чао :)
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
За хард дисковите да додадам нешто, чисто затоа што ми се чинат некако запоставено. :) Hitachi & Western Digital прават одлични хард дискови погодни за декстоп корисници бидејќи се доволно брзи, ефтини и доста тивки. Seagate се поефтини од горенаведените, ама затоа се слични на трактор дури работат, па затоа за сервери се супер. Ај чао :)
Напротив Seagate се најскапи од горенаведените, важат за поквалитетни од другите (особено Baracuda моделите) и се продаваат и модели на Seagate со доста поголеми обртаи од горенаведените:). Затоа и ретко ги среќаваш кај нас токму поради цената:wink:
 
Член од
22 јули 2006
Мислења
1.265
Поени од реакции
36
Напротив Seagate се најскапи од горенаведените, важат за поквалитетни од другите (особено Baracuda моделите) и се продаваат и модели на Seagate со доста поголеми обртаи од горенаведените:). Затоа и ретко ги среќаваш кај нас токму поради цената:wink:
Па зависи како гледаш на работите, на пр. кај Seagate помалите хард дискови се доста скапи, а како се зголемува капацитетот, цената паѓа. Сеедно е, и така хард дискот ретко кој го слуша воопшто.
Кај мене сите вентилатори вртат на 666RPM, па само тоа се слуша уствари :)
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Seagate и WD се најубави, Хитачито е брмчало. Иначе сите се исти по цена. Добро бе чоек си му го однел компјутерот на ѓаолот на сервис шо ти вртат кулерите со 666 рпм?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Супер опишано, само една забелешка, Хардискот не е само збирач на порничи, баш напротив тој е најбитната компонента за брзина на системот, и тоа нагласувам посебно за работа, затоа од изборот на хард диск зависи целокупната брзина на стартување на програмите брзина на снимање на фајловите што ги работите, и посебно од неговата сигурност ви зависи работата.

Затоа ум во глава само добар Харддиск. Од она што го гледам на интернет и од мое искуство вака стојат работите WesternDigital, Samsung, Segate, Hitachi, Toshiba, Fujitsu па после останатите Maxtor и на крај Excel Store. По овај редослед јас ги рангирам хардисковите.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Затоа ум во глава само добар Харддиск. Од она што го гледам на интернет и од мое искуство вака стојат работите WesternDigital, Samsung, Segate, Hitachi, Toshiba, Fujitsu па после останатите Maxtor и на крај Excel Store. По овај редослед јас ги рангирам хардисковите.
Лоша ти е класификацијата на марките. На прво место би ги ставил Seagate па одма после нив WD, додека Hitachi, Maxtor и Excelstore сега се едно исто срање. Барем робава што иде кај нас. Во ценовник, на фактура, налепницата и сегде кај што е запишано стоеше вака Hitachi/Maxtor/Excelstore. До ден денес не сфатив што е финтата али сите од фирмиве ми викаа така е од сега (летото некаде беше ова).:nesum:
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Па не е баш најбитната, али ко што пишав е најспора. Се дешава цел систем да го чека хард дискот дур овој вергла за да добие некоја информација. Така да побрз хард диск и те како чуда праи за компјутерот. Проблемнот е во тоа што стандардните хардови се горе-доле исти во брзина, за да стварно направи чоек разлика ке треба да земе некое мадафака на 10-15к вртежи или пак да напраи РАИД низа, а тоа е веќе далеку од можностите на еден просечен купувач.

Хардовите треба уште многу леб да јадат, процесорот и рамот знаат да комуницираат и со брзини од по 10 гига у секунда, и коа ке видиме дека хардот ги храни со по 30-100 мега, па и во раид 0 со 4 харда до 350-400 мега у секунда, ке видиме дека е занемарливо мала бројката. Ке го славам денот коа gigabyte ке ја извади I-RAM двојката со поддршка за ДДР2 рам и со внатрешен раид!
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Хардовите треба уште многу леб да јадат, процесорот и рамот знаат да комуницираат и со брзини од по 10 гига у секунда, и коа ке видиме дека хардот ги храни со по 30-100 мега, па и во раид 0 со 4 харда до 350-400 мега у секунда, ке видиме дека е занемарливо мала бројката. Ке го славам денот коа gigabyte ке ја извади I-RAM двојката со поддршка за ДДР2 рам и со внатрешен раид!
И јас ќе славам ако зимам по 10000 евра плата месечно да можам да си купам такво нешто:vozbud:
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
И јас ќе славам ако зимам по 10000 евра плата месечно да можам да си купам такво нешто:vozbud:
Е шо де? И-РАМ кецот кошта 130 долари без рам стиковите, е сеа пошто е со ДДР1, самите стикови се поскапи од уредот (макс 4 стика од гига). Се исплати за системска партицијаи те како.
 
Член од
22 јули 2006
Мислења
1.265
Поени од реакции
36
Seagate и WD се најубави, Хитачито е брмчало. Иначе сите се исти по цена. Добро бе чоек си му го однел компјутерот на ѓаолот на сервис шо ти вртат кулерите со 666 рпм?
Не бе, јас ги имам наместено на толку. :) Сакам да биде што потивко. Температурата на процесорот дури е idle-инг е ~40. Нормална температура за C2D.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Не бе, јас ги имам наместено на толку. :) Сакам да биде што потивко. Температурата на процесорот дури е idle-инг е ~40. Нормална температура за C2D.
Толку е и мојот (мислев на температурата) само што во поголемиот дел од времето не врти вентилаторот:) едноставно нема потреба
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Па не е баш најбитната, али ко што пишав е најспора. Се дешава цел систем да го чека хард дискот дур овој вергла за да добие некоја информација. Така да побрз хард диск и те како чуда праи за компјутерот. Проблемнот е во тоа што стандардните хардови се горе-доле исти во брзина, за да стварно направи чоек разлика ке треба да земе некое мадафака на 10-15к вртежи или пак да напраи РАИД низа, а тоа е веќе далеку од можностите на еден просечен купувач.

Хардовите треба уште многу леб да јадат, процесорот и рамот знаат да комуницираат и со брзини од по 10 гига у секунда, и коа ке видиме дека хардот ги храни со по 30-100 мега, па и во раид 0 со 4 харда до 350-400 мега у секунда, ке видиме дека е занемарливо мала бројката. Ке го славам денот коа gigabyte ке ја извади I-RAM двојката со поддршка за ДДР2 рам и со внатрешен раид!
Море каква разлика прави добар хардиск, и не требаш баш толку РАИД ИРАМ ова она, само малце тестови по интернет треба да се разгледаат.

Мислам дека треба и да почниме овде да правиме тестови на Хардискови со два програми за тест со слика, па да се направи една база на хардискови со перформанси, температура и бучност(последново е субјективно, ама сепак помага).
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Мислам дека треба и да почниме овде да правиме тестови на Хардискови со два програми за тест со слика, па да се направи една база на хардискови со перформанси, температура и бучност(последново е субјективно, ама сепак помага).
Мислам дека веке има едно такво овде. З'ш да се замараме?
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Ке го славам денот коа gigabyte ке ја извади I-RAM двојката со поддршка за ДДР2 рам и со внатрешен раид!
Отепај ме појма неам шо напиша брат.Можеше и на кинески да напишиш исто ќе ми беше.:helou:
Иначе темава ти е супер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom