Знам, и јас се прашувам некој пат истото. Си мислиш човеков пола век изживеал, видел работи, искусил доста, знае да ти вгради знаење, да те израсне во здрава личност....
Не знам. Искрено, само баба ми и дедо ми влијаеа на некој умерено позитивен начин врз мене. Денес моето јас го должам исклучиво на себе си. Сам научив да разликувам добро од лошо, што е во ред а што не, иако и тоа е дебатливо, сепак таква ми е личноста. Буквално се чувствувам дека сам се израснав, бидејќи многу кредит за тоа што сум денес не можат да си земат моиве.
Мислам дека израснав во тотална спротивност од нивните т.н. вредности и си оформив мои. Мнозинството луѓе кои ги знам се во ред со тоа.
Како и да е, фала на мислењето, искрено, ме орасположи друже.