Научив како да го ценам животот и можностите што ми ги пружа тој. Кај луѓето да ги почитувам човечките карактеристики, да имам толеранција за многу нешта, да бидам хумана, секогаш да им помагам на другите и да ги држам до мене блиску тие што ги сакам. Да бидам благодарна, скромна и да ги ценам благодетите околу мене. Научив да бидам самостојна, одговорно да се грижам за себеси, да не оставам работи и обврски за последен момент. Ме научија секогаш да си ги следам своите желби и никој да нема целосно влијание во мојот живот, да не дозволувам никој да ми се меша, затоа што тогаш, цел живот ќе се прашувам што ако?
Како и уште многу други работи. Благодарам уште еднаш за сево ова што ме научивте за овие 18 години.