21.12.2012 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Незнам колкумина на форумов се запознати со работата на Пане Андов, но скоро се појави неговото последно дело "2012 Equation Solved". Книгата изобилува со информации поврзани со 2012, промените на земјата и сл. и сето тоа збогатено со бројни илустрации.
Еве линк од каде што може да се симне во pdf формат http://www.scribd.com/doc/37714816/2012-Equation-Solved
Книгичево топ му е , почнав нешто да читам од почеток за круговите во жито.
Се си е документирано , спастрено .
Алал нека му е.
 
Член од
1 септември 2009
Мислења
166
Поени од реакции
56
Добро бе луѓе до кај е Нибиру?
Нели требаше веќе да се гледа некаде на небото или не?

Многу постови се наназад за читање мака ми е да барам :D
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Добро бе луѓе до кај е Нибиру?
Нели требаше веќе да се гледа некаде на небото или не?

Многу постови се наназад за читање мака ми е да барам :D
Останала дефект кај плутон, на последната кривина! Сега чека шлеп служба! :pos2::pos2::pos2::pos2:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Уште година и нешо ни остана до 2012 а... ај ке почекаме да видиме шо ке се деси у 2012.. според мене.. НИШТО ! :)
 
T

Tetro

Гостин
Добро бе луѓе до кај е Нибиру?
Нели требаше веќе да се гледа некаде на небото или не?

Многу постови се наназад за читање мака ми е да барам :D
Требаше досега да се гледа. Мајсторот шофер забегал од патот, може и ќе задоцни 2-3 години :)
 
S

smart ass

Гостин
Добро бе луѓе до кај е Нибиру?
Нели требаше веќе да се гледа некаде на небото или не?

Многу постови се наназад за читање мака ми е да барам :D
Абе и нибиру и планетата Х имаат невозможни орбити по правилата на астрономијата.

--- надополнето ---

Читај тука(цело мислење...)

Добро наместо ******* може бреинвашед or ing:)) или Амебично размислување т.е сепак немаме ЦЕЛ нервен систем:)

Сега значи ќе треба некои работи да разјасниме конкретно ќе ја земеме нибиру и половата инверзија.



Значи до сега планетата имала над 10 полови инверзии и ниедна не влијаела никако, а ако има влијание едноставно навигацијата ќе се среди но вистината е дека во 2012 НЕМА ДА ИМА ПОЛОВА ИНВЕРЗИЈА


Слично и со Соларниот максимум...ЛАЖОВИ-нема да биде во 2012 туку негде 2013 т.е средината на 2013 и ќе биде ПОСЛАБА од претходните.

Е сега јасно ви е дека се велеше и 95-та ќе има катастрофа,па 200-та истото важи и за 2005-та и сега еве 2012конкретно.

Значи половата инверзија ја решивме-далеку е од нас,но ај да видиме зошто им текна 2012 а не 2011 или пак друга-бидејќи тогаш завршувал календарот на маите...

Епа да ве прашам нешто-ако на конзерва сецкана туна пишува експајрд он 12.ХХ.ХХ:vozbud:
ЗНАЧИ ЛИ ТОА ДЕКА СИТЕ ТУНИ ЌЕ УМРАТ???????

Мислам треба крајно да сте Амебични за да верувате во оваа меинстрим теорија од која овие лажови заработуваат
Daniel Pinchbeck, John Major Jenkins


вториот




Еве ја и лепа Nancy Lieder :tapp::tapp:



Мене јасно ми е како они бреин лоб...упс:wink:,ама драги читатили од вас зависи т.е ВИЕ НЕ СТЕ АМЕБИ па некои ЛАЖОВИ,И ПРЕВАРАНТИ да ве плашат и веат и што се вели народски на здрав мозок БУДАЛА ДА ВЕ ПРАВАТ!!!!

Е сега ако верувате дека цела врста на туни ќе исчезне после рокот на траење престанете со читање..... за другите-продолжуваме понатаму...

Имајте предвид дека овие лица(а и низа други кои НЕ ВРЕДАТ да ги спомнам) ЧЕСТО ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВААТ НАУКАТА ИСТО ТАКА ДАВААТ АСТРОЛОШКИ ЗНАЧЕЊА НА НЕКОИ НАСТАНИ НЕ АСТРОНОМСКИ ФАКТИ(астрологија патем НЕ Е НАУКАпонатаму тука напомош им доаѓа и нумерологијата и нејзиното толкување слично како со туната....

Овие теории драги читатели(и посетители се разбира) се често контроверзни едни на други но треба убаво да погледнеме и да ја активираме логиката-не ни треба микроскоп-лупа ќе е доволна:helou:

Треба да средам прилично доволно податоци и да ги претставам како што треба и ќе се потрудам да биде така,како што знаеме еден од "фактите" на лажовите е дека изедначувањето на планетите ќе предизвика НЕВИДЕНИ КАТАКЛИЗМИ.

Ајде да видиме дали е така-дали имало претходно катаклизми???


Чудно нешто???...да 2012 ЈА НЕМА

Бидејќи тогаш и нема да има т.н алајнмент-бидејќи ќе треба


[/URL]



Толку од преварите!!!

Да продолжиме велеа преварантите ќе имаме alignment на Соларниот систем со центарот на галаксијата-ДА истите велеа Т.Е Џенкинс...



И навистина....ФАКТ!!!!!!!!!!



Хехеее..како само џенкинс ПРОФИТИРАЛ со неговите думсдеј книги....цццц

Кога веќе ова е решено де баш да да видиме што е со НИБИРУ...
Видете јас не велам дека некои антички цивилизации биле глупи-туку едноставно МРАЗАМ ПРЕВАРАНТИ кои погрешно ги интерпретираат па и "преведуваат" старите записи тоа е следниов
Zecharia Sitchin


истиот е астролог,месаја и СЕ меѓудругото(како и другите)!!!

Во

Мислам ако не е л*****ија тогаш што Е??
м??

Ама ајде треба да дадеме мала поткрепа...како прво


Само по себе говори за релевантноста но дали е орбитата ТАА и дали е Можна????
НЕ е и Не постои нормално

Добро познати се и Кеплеровите закони кои важат нели за секоја планета па оттука никој не оспорува дека важи и за Нибуру(за која лажовите велат дека е поголема од земјата неколку пати па дури некои и тврдат дека истата ротира околу црна дупка:vozbud:) ако важат кеплеровите закони тогаш таа планета треба да е ВО СОЛАРНИОТ СИСТЕМ не како што старово Шлапа и лаже!!!


--- надополнето ---

И ова..уствари на 120-ста страна се па размисли дали ќе има нешто....освен уште апокалиптични филмови:vozbud:

Dr. Douglas Hamilton(СЕКОЈА ЧЕСТ All credit-за калкулациите и 2д моделот). сепак за волја на вистината и ДОКАЖА дека нибуру НЕ ПОСТОИ и дека неговата орбита е НЕВОЗМОЖНА!!!



И да испадне вистината на виделина Др Хамилтон успеа да направи и модел кој докажува дека всушност и нибуру е ФЕИЛ-само за профит..уствари и ќе го аплоадирам...специјално за лобосите
Еве ја

[/URL]
За планетата Х...исто таа НЕ ПОСТОИ иако за истата се тврди дека е најмалку 4 пати поголема од земјата(некои велат 18 пати) а се вели дека Електромагнетната сила кај оваа планета е појака и од нејзината гравитациона:vozbud:
Гореспоменатата госпоѓа:tapp::tapp:
Nancy Lieder


Тврди дека имала дури и телепатски контакт со вонземјани од планетата Х...а за тие кои не го прифаќаат тоа..се ЛИМИТЕД..во мозокот(ко бош лоботомирани)...

Еве пример


Ете...ги лоботомира и и ПЛАЌААТ!!!

Но Чекајте......има уште



Значи ова е ЧИСТА ЛАГА за перење...оп ЛОБОТОМИРАЊЕ РАЈА(има разлика помеѓу интелегенција и РАЈА!!!) и трошење пари по книги и филмој налик

МА СЕЧИ ОД КОРЕН БРЕЕЕЕЕЕ!!!!
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
земjотресиве што зачестиjа може да има шанса да се предвесник на нешто поголемо (2012 ...?)
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
И во филмот на Мел Гибсон ЗНАЦИ имаше нешто налик на кругови у жито!
Да не го гледал филмов овој Пане? :)
 

draganask

те сакам СОНЦЕ
Член од
4 декември 2007
Мислења
401
Поени од реакции
24
земjотресиве што зачестиjа може да има шанса да се предвесник на нешто поголемо (2012 ...?)
Не само тоа... предвидуваат и енормно ладна зима, екстремно ниски температури како што не се паметат долги години наназад. Нешто се случува и со Голфските струи. Сето ова... ме наежува.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Не само тоа... предвидуваат и енормно ладна зима, екстремно ниски температури како што не се паметат долги години наназад. Нешто се случува и со Голфските струи. Сето ова... ме наежува.
Ma дај до 2012 ќе има уште 2 зими (оваа и 2011-2012).
 
T

Tetro

Гостин
земjотресиве што зачестиjа може да има шанса да се предвесник на нешто поголемо (2012 ...?)
:pos2: :pos: не зафркавај. :(

Ладно-топло методата почна да влијае и на квалитетот на размислување... Статистиката на земјотреси? Главната причина како мистериозни појави исто се и плимата и осеката на поголемите водени маси?
 
R

Roten 96

Гостин
Нема катаклизма во 2012 година

Неодамна доста луѓе беа исплашени од „информацијата“ за крај на светот во 2012 година, па почнаа да се јавуваат и да пишуваат мејлови, прашувајќи дали тоа навистина ќе се случи?
Ова намерно го пишувам со болдирани букви: НЕМА НИКАКВА ОПАСНОСТ ЗА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ОД ПЛАНЕТАТА „НИБИРУ“ ВО 2012 ГОДИНА. Бидете си спокојни и уживајте во благодетите на животот што ни е подарен, затоа што, сепак, кратко време го делиме ова простор-време со останатиот дел од Универзумот.

Не сакам да звучам едномислено и своеглаво во текстот, но навистина некои работи што се пласираат во медиумите не се ни морално, ни етички оправдани, па колку и тие да придонесуваат кон гледаноста на една емисија, кон пропагандата и PR-от. Секојдневно слушаме за светските популарни фаци како прават ова или она, како во одреден степен ја изразуваат својата еднонасочност во мислењата, идиотското однесување и да не набројувам понатаму. Но, таквите вести, иако не ги оправдувам, не кажуваат дека ќе дојде крајот на светот, па кој сака и го интересира тоа може да ги чита и да си го изградува своето мислење базирано на нив. Но, да пласирате информација дека во 2012 ќе дојде крајот на светот, а таа информација е поткрепена со... хммм, клипчиња, што некој што немал работа ги направил и пуштил на YouTube, и филм, кој ја обработува токму оваа тематика и од кој најверојатно и настанала сета оваа, да не кажам, фарса?

Инаку, да објаснам малку за името „Нибиру“ (Nibiru). Потекнува од Сумерите, народ кој живеел на подрачјето на реките Тигар и Еуфрат, или денешен Ирак, и е најден на написи кои датираат од околу 3 000 г.п.н.е. Зборот во превод значи „планета на поминување“. Според тоа каков мит се роди од оваа наводна планета, името ѝ одговара. Инаку, името се споменува и во конотација со планетата Јупитер, ѕвездата Северница и со 10-тата планета, која постоела според Сумерската космологија.

Клучен збор во сево ова што ќе го читате понатаму има зборот ГРАВИТАЦИЈА. За тие што не знаат, тоа е една од четирите фундаментални сили во природата, покрај електромагнетната, слабата и јаката нуклеарна сила. Тоа е силата која придонесува ние, како и сите други живи организми и предмети, да останеме на тлото на нашата мила планета и не ни дозволува да летаме низ воздухот. Секако, инсектите, птиците и авионите летаат, но тие користат енегрија која ја добиваат од нивните крилја или мотори, со што ѝ се противставуваат на гравитацијата. Без да се користи било каква дополнителна сила, гравитацијата на нашата планета секое тело ќе го привлече кон површината.

Гравитацијата е една слаба сила, но таа има влијание на многу големи растојанија, па така поради неа сме настанале и ние. Да не била гравитацијата, немало да се формира ни Сонцето, ниту планетите, би ги немало галаксиите и сè друго што ја формира нашата Вселена, каква што ја познаваме. Гравитацијата во секој момент влијае на нас, а и на сите планети во нашиот Сончев систем. Колку некое тело е помасивно, толку има поголема гравитациона моќ. Но, гравитацијата опаѓа со растојанието, па така колку едно тело е подалеку, толку ослабнува неговата гравитациона моќ.

Да прејдам на темата. Значи, идејата е дека „во 2012 година во близина на Земјата ќе помине планета со големина на Јупитер, со што ќе дојде до масовно изумирање на луѓето и сите живи организми на нашата планета“.

Да, доколку таа би била масата на планетата и би поминала во близина на Земјата, сигурно би имало несакани последици. Но, за тоа потоа. Сè уште не сме дојдени до тој степен, за да размислуваме за евентуално уништување на нашата планета од некое вакво тело. Доколку би се случила некоја ваква катастрофа, повеќе треба да се плашиме од удар на некоја комета или, пак, астероид, кои се многу поголема опасност за Земјата од наводните планети скитници.

Тело со големина на Јупитер, која е најголемата и најмасивната планета во Сончевиот систем, многу би влијаело врз целокупниот Сончев систем. Токму гравитацијата го држи нашиот планетарен систем во оваа хармонија во која се наоѓа денес. Со хармонија говорам за орбитите на поголемите тела (планетите) и нивните елиптични патеки околу Сонцето. Сите планети си имаат една стандардна елиптична патека, која останала непроменета уште од нивното формирање пред 4,5 милијарди години. Значи, покрај Сонцето, кое со својата маса ги држи планетите и другите тела (астеориди, комети, метеороиди) во орбита околу него, така и самите планети си делуваат гравитационо едни на други. Исфрлете ја, на пример, планетата Сатурн од Сончевиот систем и веднаш ќе настанат промени на патеките на сите други планети. Значи, за да го имаме овој распоред што денес униформно постои во Сончевиот ситем важни се сите тела што се во него и нивната гравитациона моќ.

Наводната планета Нибиру, би требало да помине низ Сончевиот систем во 2012 година, што е за многу краток период, гледано астрономски. Податок за нејзината брзина на движење немаме. Но, тука доаѓа еден друг заклучок. Штом таа планета за 4 години треба да помине низ Сончевиот систем, таа веќе би се наоѓала во него. Или, ако се работи за некое тело што има многу голема брзина, што се ближи до брзината на светлината, тогаш планетата би се наоѓала некаде близу до Сончевиот систем. Ова второто е многу голема невозможност, бидејќи за да добие такво забрзување, планетата би требало да помине покрај некое тело со огромна гравитациона моќ, како што се црните дупки. Но, тука има и уште една друга теоретска невозможност, за која досега не сум слушнал дека може да се случи, (ама, сепак, да не ја исклучуваме), а тоа е планетата да настанале во орбита околу некоја ѕвезда и потоа со некоја „магична моќ“ да добие такво забрзување со што би ѝ избегала на гравитацијата на матичната ѕвезда и би патувала слободно низ меѓуѕвездениот простор. Планетите околу ѕвездите настануваат скоро во истиот период кога се формира и матичната ѕвезда, и тоа од остатокот од протопланетарниот облак околу нив. Ѕвездата во текот на својот живот поминува низ бројни фази, но патеките на планетите околу неа не се менуваат. Сонцето за 5 милијарди години ќе стане една голема ѕвезда, т.н. црвен џин, за потоа да се претвори во бело џуџе – ѕвезда со димензии колку димензиите на нашата планета (околу 12 000 km). Но, нејзината маса останува иста, па така ништо нема да се промени во однос на пропорциите на Сончевиот систем.

Од ова се доаѓа до заклучок дека треба да се случат некои многу сложени физички процеси во некои чудни ѕвездени системи, па од нив да се одвои некоја планета што подоцна би поминала низ Сончевиот систем.

Другата констатација вели дека ако планетата веќе е на пат кон Сончевиот систем, тогаш веќе ќе можеа да се почувствуваат и последиците од нејзиното приближување. Многу веројатно би било оваа планета веќе да е во Сончевиот систем, затоа што сигурно за четири години не може да помине енормни растојанија. Значи, под дејство на нејзината гравитација, планетите ќе почнеа да прават промени во своите патеки, ќе настанеше една конфузија во целокупниот Сончев систем. Така да, не треба да чекаме до 2012 година, за да ги почувствуваме тие последици. Бидете сигурни дека ако ова беше вистина немаше да треба некој да ви каже дека нешто „големо“ ни се приближува, туку сами ќе забележевте дека нешто не е во ред со нашата планета. Едноставно, не може (како што најдов некои податоци на интернет) планетата само инстантно да помине низ Сончевиот систем. Брзината на светлината, за сега за сите тела е нешто недостижно, а да не навлегуваме во теории кои кажуваат дека може да има и брзини што се поголеми од 300 000 km во секунда. Значи, моментално поминување е невозможно.

Уште поинтересен е фактот според кој планетата можела да се види само од опсерваторијата на Јужниот пол. Некој кој има барем малку познавање од астрономија, а не мора ни од астрономијата, туку знае дека нашата планета ротира под агол од 23,5 степени и прави една ротација околу својата оска за приближно 24 часа, веднаш ќе се изнасмее на ваквото тврдење. Што сакам да кажам со ова? Ротацијата на нашата планета околу својата оска ги предизвикува денот и ноќта, а во текот на ноќта предизвикува ѕвездите да патуваат по небото од исток кон запад. Доколку сте погледнале кон небото во иста ноќ во различен временски период, сигурно сте забележале дека ѕвездите не остануваат статични, на едно место, туку постепено ја менуваат својата позиција. Ова значи дека ниту едно место на планетата ја нема таа неприкосновена позиција само од таму да може да се гледа еден дел од небото. Нашата планета ротира, па така во текот на ноќта од едно место може да се види поголемиот дел од небото. Се разбира, во зависност од тоа на кое место на Земјата се наоѓате не може да го видите целото небо. Еден дел од небото ќе ви остане скриен, како што е најјужниот дел од небото за граѓаните на Македонија. Ние не можеме да го набљудуваме небото под 40° под небесниот екватор. Но, луѓето што живеат во Австралија, Нов Зеланд, Аргентина, Мадагаскар, Јужна Африка, па и на Антактикот можат да го гледаат тој дел од небото. Што подразбира, не мора да сте само на Јужниот пол за да ја видите оваа планета.



Наводната фотографија на планетата Нибиру, фотографирана во 2 временски периоди. Какво објаснување би дале за маглината што се шири околу наводната планета?



Вистинската фотографија од маглината V838 во соѕвездието Еднорог – Monoceros, што ни најмалку не е планета.

Дури се наоѓаат и наводни фотографии од оваа планета на интернет. Има дури и цртежи за нејзината наводна орбита околу Сонцето. Ако тоа е всушност таа орбита, значи Нибиру сега би била во близина на Сатурн, според времето кога треба да помине во близина на Земјата. Според нејзината големина и растојанието што го има, би значело дека секој од нас би ја видел како една ѕвезда на небото. Доколку сте имале можност да станете деновиве пред да изгрее Сонцето и сте погледнале кон исток, сигурно сте ги виделе планетите Јупитер и Венера близу една до друга. Значи и Нибиру би се гледала како нив, но најверојарно со нешто помал сјај. Има толку многу аматери астрономи низ светот. Досега некој од нив сигурно би ја забележал, со оглед на тоа што има астрономи кои напамет ги знаат ѕвездите и нивната позиција на небото, па така овој невообичаен феномен сигурно нема да им побегне од очи.



Наводната орбита на планетата Нибиру

Како за крај ќе кажам дека ова е само еден убав маркетинг трик, кој во денешно време го применуваат многу пишани и електронски медиуми, со цел за зголемување на нивната читаност/гледаност. Но, постојат работи за кои, доколку се пласираат во пошироката јавност, треба да се има многу добри докази. Ваква информација за луѓето значи паника и е многу невкусно истата да се пласира. Има тука една многу убава логика - доколку сево ова беше вистина, сите вести би започнувале со оваа информација.

Со ова што го напишав не сакам кон никого да посочувам и да изнесувам критики. Овој натпис значи само едно разјаснување на работите, кои ги затекнаа многу од граѓаните на Македонија со наводната апокалипса во 2012 година.

Нашава планета е убаво место, и ние треба да сме исклучително среќни што се наоѓаме на неа, па затоа искористете го секој момент што ви е пружен и уживајте во него. Земјата ќе си биде сина и убава и ќе ни го нуди и понатаму овој прекрасен дом.
Еве ви сега :)
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Оддамна се знае дека Захараја Сичин е човек на илуминатите.
А додека информациите што процурија како божемски од Ватикан се чиста намештаљка.
Така да егзорцистот и језуит Cristoforo Barbato му даваше неко слики на Luca Scantamburlo што немаат благе везе.
Космичка топ тајна жими ашимов.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Оддамна се знае дека Захараја Сичин е човек на илуминатите.
Од кај си сигурен дека Ситчин е човек на Илуминатите?Мислим,дај некој линк ова она,да се уверим у тоа.Си ги читал Земските Хроники?онака прашуем...;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom