Исклучена струјата во „Силмак“

  • Креатор на темата Borg_Drone
  • Време на започнување
B

Borg_Drone

Гостин







МИА
03.01.2008 14:47

Во комбинатот „Силмак“ од пладне е исклучена струјата. За попладне е свикана прес-конференција на извршниот директор на „Силмак“.
МЕПСО претходно побара од Регулаторната комисија за енергетика дозвола да го исклучи „Силмак“ од електромрежата.
Согласно Законот за енергетика, МЕПСО од 1 јануари годинава нема обврска да го снабдува „Силмак“ со струја, бидејќи повеќе не е тарифен потрошувач.
Вицепремиерот Зоран Ставрески утре ќе разговара со претставници на „Силмак“.
Владиниот портпарол Ивица Боцевски изјави дека очекува конструктивен и продуктивен дијалог за кој, како што рече, јавноста ќе биде информирана.
„Владата е во континуиран дијалог со бизнис заедницата, вклучувајќи го и „Силмак“. На утрешната средба мислења ќе разменат двете страни“, рече денеска на прес-конференција Боцевски.
Владата, додаде тој, останува на одлуката големите производители да го користат ТЕЦ Неготино во определен период.









http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=88119
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.030
Поени од реакции
625

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.030
Поени од реакции
625
Најнеозбилни се овие од силмак....македонија ја гледаат подолу од гомно....шо убаво е некој да ти ја плака струјата на вработените мали плати ти да си се бигатишш е тоа сите го сакаме...ама нема така појке...ако не се смнеше законот елем ке мораше да се продаде зошто работи со загуба...вака со новиот закон ке стани профитабилен и ке инвестира во енергетиката и прилично многу треба да се инестира во овој сектор оти ако нема струја ке се вратмие неколку векови назад :)...
 
B

Borg_Drone

Гостин
А зошто е исклучен? Не плаќал или?
Зашто се либерализираше пазарот за струја.Сега треба да ја набавуваат струјата, треба да отворат фирма која ќе биде задолжена за купување струја, треба самите да си ја набавуваат струјата.Елем не е должен веќе да им дистрибуира струја доколку немаат склучено договор со нив.

ЕЛЕМ со новиот закон дејствува како продавач на струја не како дистрибутер на струја(додуша и порано беше дистрибутер на струја ама веќе не е обврзана да дистрибуира струја сега со еден збор мора да ја купат струјата од ЕЛЕМ за да може да добиваат струја.)

Додуша донекаде е тоа добро што го направија зошто они(или државата) имаат монополска позиција на струјата, ама глупото е тоа што прават некои вакви глупи потези.......


Како и да е ако додуша јас така сум разбрал па сега ако има некој да објасни подобро од мене нека објасни:)
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.030
Поени од реакции
625
Како бе тоа што ако..

700 вработени на улица да останат за тебе е што ако??
Груевски во посетата на Силмак рече дека на МЕПСО повеке му се исплаќало на тие 700 вработени да им исплатува плата без да работат ништо отколку да му дистрибуирааа на Силмак...
Силмак толку на мајтап си јас сваќат работава шо ме нервират Фкрај..
 
B

Borg_Drone

Гостин
Груевски во посетата на Силмак рече дека на МЕПСО повеке му се исплаќало на тие 700 вработени да им исплатува плата без да работат ништо отколку да му дистрибуирааа на Силмак...
.

Па кога веќе го рекол тоа така и нека направи.Не да ги остави на улица....

Искрено речено досега ова е првиот кикс на оваа влада.Јас се согласувам со овој закон
Државата ќе ја контролира струјата:wink:
Ама вакви глупи потези не и требаат на оваа влада.:(
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.030
Поени од реакции
625
шо е крива владата тука..па кај го има тоа струја од владата да ти стимулира многу ефтино да ти ја продава на сметка на елем...ма дај ти се мола...многу несериозен инвеститор..како само тие неможат да се совземат а сите други можат....
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
А бе ајде....тие газдите знаат само да си ставаат во џебот,сите ние им ја плаќаме струјата.Нека си заминат од државава!Подобро државата да го земе комбинатот под своја капа.Барем добивката ќе останува тука.А и да работи со загуба,сигурно нема да биде голема колку загубите од бенифицирана струја што ја зема „Силмак“!:smir:
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Ама ај да се обложиме дека и покрај тоа што кукаат,пак ќе работат за некое време,со пазарна струја,или со некое друго решение.Доста ги доевме!
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Silamk se gasi , penzionerite se palat...:) piramidata na vladata e vo 9-tiot krug, a ima samo 10.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
[QUOTEНајглупиот потег на владата досега.Срамота!!!
][/QUOTE]Извини ти си видел на пр. Мекдоналдс да биде финансиран за струја од владата на САД???Е сега некој ќе рече па Силмак и Мекдоналдс не е исто,ама никој не е крив газдите на Силмак што не сакат да си се откажат од дел од профитот.
Па и мене нека ми ја плаќат струјата владава,зошто да не????
 
B

Borg_Drone

Гостин
Извини ти си видел на пр. Мекдоналдс да биде финансиран за струја од владата на САД???Е сега некој ќе рече па Силмак и Мекдоналдс не е исто,ама никој не е крив газдите на Силмак што не сакат да си се откажат од дел од профитот.
Па и мене нека ми ја плаќат струјата владава,зошто да не????
Добро.
Јас се тоа разбирам а и овој закон е повеќе во наша полза од проста причина што владата ќе ја контролира струјата:wink:.

НО

МИСЛИШ ли дека е во ред 700 души да останат на улица без работа и да се зголемува бројот на невработени место да се намалува????
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
МИСЛИШ ли дека е во ред 700 души да останат на улица без работа и да се зголемува бројот на невработени место да се намалува????
Мислиш ли дека е во ред некој да не сака да игра по правилата кои важат за сите и да уценува со отпуштања?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom