Луѓето се водат од емоции или од логика?

  • Креатор на темата Креатор на темата GlaDijaTor
  • Време на започнување Време на започнување
човекот би можел да се води од логика кога би бил лишен од емоциите...

се додека постојат тие... секоја логика е излишна...
емоциите се најсилното нешто што управува со нас... тие ја контролираат целата потсвест. затоа и толку многу случувања кои се надвор од здравиот разум.

за да живее убаво... човекот мора да научи да ги контролира емоциите... барем до некоја мера.

Глеаш циганка у партали цела облечена како проси на улица, али убава е Страшно! Ептен ти се свиѓа.
Ги слушаш емоциите и ја викаш на кафе како би ја запознал подобро, па можеби и оженил, или ти светнува логиката и поминуваш покрај неа ладнокрвно?
 
Без емоциите немаше да бидеме толку креативни ниту да имаме генијални дела од писатели па се до архитекти.

кога веќе фати насока муабетот... само да кажам дека жените се далеку поемотивни од мажите.

жената уште од искона се грижела за децата... знаела да го протолкува секое незадоволство кај детето (глад... жед...) и баш таа функција на грижлива мајка... предиспонирана од самата природа како најголем услов за опстанок на видот... ја направила жената добар читач на емоции кој истовремено се околу себе го доживува емоционално.

мажите оделе на лов... често со денови го ловеле пленот и го носеле на жените и децата во племето. тој не смеел премногу да биде емотивен... за да не се плаши од животните кои ги ловел или од непријателот кога имало војни. така и се диференцирал мозокот кај него... со послабо развиена лева мозочна хемисфера... што е забележливо и физички... во масата...

меѓутоа... од тогаш па до денес... посебно послдниве 1.500 години... човештвото функционира поразлично. повеќе не се лови за да се преживее... а појавата на земјоделството било зачетокот на менувањето на карактеристиките во мозокот кај двата пола. природата ги направила мозоците такви... за да опстане видот... но денес мажот не мора да оди на лов и да војува со непријателот за да опстане општеството.

технологијата... урбанизацијата... машинизацијата... сите тие во иднина ќе допринесат машкиот и женскиот мозок да функционираат се послично и послично. ќе има се повеќе мажи стилисти... дизајнери... уметници... писатели... лингвости... и се повеќе жени во армијата... спортот...

еден ден... кога и Х хромозомот ќе исчезне... клонирањето ќе биде единствена опција за опстанок на видот. тоа е... жалам... :toe:

Глеаш циганка у партали цела облечена како проси на улица, али убава е Страшно! Ептен ти се свиѓа.
Ги слушаш емоциите и ја викаш на кафе како би ја запознал подобро, па можеби и оженил, или ти светнува логиката и поминуваш покрај неа ладнокрвно?

за ромка зборуваме овде? не... не би ја поканил на кафе.

да е ром... ќе размислев убо :smir:
 
Јас сум емотивно логичен.
 
Не е секоаш убо чоек да се вди по емоции.
На пример ко ќе сум гладен не мом да размислувам убо или ко ќе ми студи или ко ќе ми се спије. Тие емоции сигурно не чинат по нив да се водиш.
Од друга страна ко ќе видиш убо чупе опнато па деколтирано, па мазно со полни уснички, долги нозе, струкче е тука веќе треба да му појдиш со емоции.
 
Јас се водам од емоции - затоа и наебувам у животов - само у науката се водам од логиката ... прилично патетично нели ... ??!!
:smir::kesa:
 
Мажите знаат да бидат поемотивни од жените.
И жените како позрели, знаат да судат и размислуваат логично.
Зависи. Така да, се употребуваат и двете, во принцип.
На пример јас, во минатото бев многу емотивна (Ок, и сега сум), лесно се заљубував и приврзував за луѓето и не умеев да размислувам поинаку во моментот, освен препуштајќи се на чувствата.
Сега е поинаку.
Но, сепак факт е дека жените се водат повеќе од емоции, отколку мажите. Всушност, не се водат, туку постапките им се засноваат врз база на емоции.
Но, емоции, а не љубов. Љубовта е разумна.
 
А што се случува кога луѓето рационализираат емоции?
Баш би сакала да знам.
:wtf:

Рационализација е одбрамбен механизам кој го вовел Фројд во пракса... се користи при фрустрации(фрустрации се пречки кои не ни дозволуваат да стигнеме до целта)....и у темава ова би имало врска во случај ако некој сака да купи нешто што се рекламира секој ден на ТВ.,а не мозе.... ако не беа одбрамбените механизми луѓето нема да беа способни да се соочат со секојдневието...
 
Постои нешто над емоциите и логиката - интуиција. Ги обединува обете, и многу повеќе од тоа.

Но, емоции, а не љубов. Љубовта е разумна.

Алал вера. Љубовта е и единствениот разум. И почит. А не ко некои што велат - се оженив со памет, не со љубов. И така се добива само една куртоазна почит и внимание.
 
Мислам дека темава оди во пограшна насока поради неколку причини.

Како прво емоции и чуства не е исто,а вие цело време мислејќи за чуства ги нарекувате емоции.

Треба да се знае дека машкото како и женското се потпират исто колку на своите чуства толку и на логиката(иако се повеќе сите се потпираат на логиката плашејќи се да не бидат повредени има и луѓе кои не размислуваат туку оставаат да ги води срцето).
 
od dvete po malce, gi koristat kako eden sklop, nikoj ne se rakovodi strogo samo od emocii ili samo od logika, zavisi od situacijata, no mislam deka svete odat zaedno
 
Според психологијата, од емоции. Маркетингот, рекламите го користат ова сознаение кога се создаваат.
Што мислите вие?
Психологијата вели дека луѓето пред да направат одлука прво се јавува чувство, а потоа со помош на зборовите рационализираат.
Според ова значи дека најчесто се водени од емоциите.. Тоа е и моето мислење, но и не мора да значи.Постојат (иако веројатно многу малку) луѓе кои се способни да ги игнорираат чувствата и од некои Х причини да постапат онака како што разумот им налага дека е правилнно, што во некои случаи и е оправдано; Во однос на маркетингот тоа е дефинитивно така затоа што прво треба нештото да го засакаме за потоа да размислиме за можноста да го поседуваме.. Така е всушност и во секојдневието.. Прво субјективно се врзуваме со нешто, но дали и како ќе се одвиваат нештата понатаму одлучуваме вклучувајќи го разумот, иако таа борба емоции-разум е многу тешка и најчесто емоциите се тие што победуваат затоа што тие се најсилното нешто и скоро секогаш е тешко да се контролираат, но секако пожелно е да се воспостави барем минимална хармонија меѓу двете :helou:
 
Постои нешто над емоциите и логиката - интуиција. Ги обединува обете, и многу повеќе од тоа.

Баш така.
Интуицијата прави чуда и најчесто не ме поебала до сега,ако се наклониш само кон емоција - нема многу да успееш,него ќе добиеш статус на "жртва" ,немање респект према себе и самосожалување.
Од друга страна логиката е друга опција - најверојатно ќе имаш повеќе успех,но ќе изгубиш на таа емотивна страна - поради рутината да се водиш според логика,бесчувствително копиле и машина со софтвер место душа .fuck that
 
Баш така.
Интуицијата прави чуда и најчесто не ме поебала до сега,ако се наклониш само кон емоција - нема многу да успееш,него ќе добиеш статус на "жртва" ,немање респект према себе и самосожалување.
Од друга страна логиката е друга опција - најверојатно ќе имаш повеќе успех,но ќе изгубиш на таа емотивна страна - поради рутината да се водиш според логика,бесчувствително копиле и машина со софтвер место душа .fuck that

Само треба интуицијата да биде интуиција, а мене да речеме често ми била изговор за мрзливост, сум мислел така треба, а после сум сфаќал дека тоа моето его мудрувало нешто - не вреди тоа (Таа :)), уживај. Па после сум одел во други крајности - надокнадување на мрзливоста, нападност.
За интуиција е потребна испразност на умот, без мисли, а тоа е можно само со максимална можна концентрација на тоа што е сега и овде. Но сакаме да сонуваме, ноќе несвесно дење свесно, бидејќи реалноста е сурова. Но ќе биде уште посурова ако малку од малку не се заљубиме во неа. Море „малку’’ повеќе...
 
Ова некои мудреци го нарекуваат според третото око...
 
Ова некои мудреци го нарекуваат според третото око...

И око ко око, тешко се држи секогаш отворено. И се плашам дека во мојов случај нема златна средина помеѓу интуиција и неинтуиција.
:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom