Интернет и мрежи помош (прашања, совети, трикови)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Не гледам поента зошто така би ги поврзал, имаш премногу потенцијални проблеми во иднина. Во секој случај, како што те сконтав твојот PC работи ок преку безжична врска, значи треба да ја оспособиш жичаната и да ја поврзеш со стариот рутер. Земи некој софтверски гејтвеј/рутер (пробај и со windows internet sharing), по што ќе треба да го исконфигурираш стариот рутер (неговата WAN порта) соодветно на параметрите на твојата LAN порта. Долу имаш пример како тоа би изгледало, но во секој случај напиши што сакаш да постигнеш, која е крајната цел на ова плеткање :)

Linksys WRT54GL:
- WAN: од провајдер
- Gateway: од провајдер
- LAN: 192.168.1.1

PC (Wifi конекција до WRT54GL) со инсталиран софтвер за рутирање
- WAN (Wifi): 192.168.1.2
- Gateway: 192.168.1.1
- LAN (жичана): 192.168.2.1

LevelOne (кабел од PC LAN до LevelOne WAN):
- WAN: 192.168.2.2
- Gateway: 192.168.2.1
- LAN: 192.168.3.1

Компјутери (кабли од LevelOne LAN до компјутери LAN)
- IP: 192.168.3.XXX
- Gateway: 192.168.3.1

Па на комшијата рутерот е далеку и фаќа само до мојот РС сигналот :)
И сеа сакам да го спроведам сигналот преку мојот РС до мојот РУТЕР и после од мојот рутер низ цел стан. :) :) :)

Читав по нетов дека не треба да се чепка WAN портата. Ај ќе пробам нешто па ќе пишам. Фала за предлозите/советите.
 
ај и од мене едно прашање дечки. Вака. Значи корисник сум на Кабелтел и конектирам сум преку рутер. Мрежата овде во бутел што ја имаат им е ЛАН мрежа значи нема јузер пас за конектирање на интернет и слични работи. е сеа мене ме интересира - дали има некој начин да ги видам компиутерите кои што се на таа ЛАН мрежа конектирани или нивните ИП адреси или било што слично на ова. - пробав со гугл ама не најдов нешто соодветно
 
Можиш да ги најдиш тие што немаат вклучено FireWall...другар мој ја работи ова работа јас не знам како xD
 
ај и од мене едно прашање дечки. Вака. Значи корисник сум на Кабелтел и конектирам сум преку рутер. Мрежата овде во бутел што ја имаат им е ЛАН мрежа значи нема јузер пас за конектирање на интернет и слични работи. е сеа мене ме интересира - дали има некој начин да ги видам компиутерите кои што се на таа ЛАН мрежа конектирани или нивните ИП адреси или било што слично на ова. - пробав со гугл ама не најдов нешто соодветно

Прашуваш за да видиш дали некој ти краде нет?
Рутерот ти е безжичен?

Или пробуваш да хакнеш некој? :)
 
Прашуваш за да видиш дали некој ти краде нет?
Рутерот ти е безжичен?

Или пробуваш да хакнеш некој? :)

Абе сака хакер да биди :)
Еден другар од корисниците во мрежата на Кабелтел си земаше игри, музика имаш пристап до HDD не можи да крадиш нет...
 
Па на комшијата рутерот е далеку и фаќа само до мојот РС сигналот :)
И сеа сакам да го спроведам сигналот преку мојот РС до мојот РУТЕР и после од мојот рутер низ цел стан. :) :) :)

Читав по нетов дека не треба да се чепка WAN портата. Ај ќе пробам нешто па ќе пишам. Фала за предлозите/советите.

Сега е малку појасно :) Не го „бркај“ сигналот на комшијата со твојот PC туку со Linysy-от, тој може да работи и како клиент на друг AP. Значи со него закачи си се кај комшијата, и со него пушти сигнал кон твоите машини.
 
Ај еден хелп ако може некој, како да влезам на фејс преку блокирана адреса односно урл блок, пробав преку хајд мај есс, и ми го дава фејсот арно ама па таму милион компликации ми вика вака:
Unusual login activity - please review

и коа ке напраам ривју ништо не отвара одам вика не е достапно во моментот и пак неможам да се логирам, ени уан хелп??
 
Не можам така. Комшијата има LINKSYS рутер, јас имам РС кој е поврзан на рутерот (LINKSYS) на комшијата, а мојот рутер по дома е Level1, тој што сакам да го искористам.
 
Прашуваш за да видиш дали некој ти краде нет?
Рутерот ти е безжичен?

Или пробуваш да хакнеш некој? :)

ни едното ни другото... место да симињам филмови и слично може да чепнам кај некој друг у ПЦ шо има како има па може ке си зеам нешо :)
 
ни едното ни другото... место да симињам филмови и слично може да чепнам кај некој друг у ПЦ шо има како има па може ке си зеам нешо :)

Колку што знам, Телекабел (во Скопјево) немаат (класичен) лан за да можеш да си земаш што ти треба од сервери и/или други РС.
 
Ај еден хелп ако може некој, како да влезам на фејс преку блокирана адреса односно урл блок, пробав преку хајд мај есс, и ми го дава фејсот арно ама па таму милион компликации ми вика вака:
Unusual login activity - please review

и коа ке напраам ривју ништо не отвара одам вика не е достапно во моментот и пак неможам да се логирам, ени уан хелп??

На HideMyAss најди некој сервер од Филипините или од Индонезија и пробај би требало да работи
 
Колку што знам, Телекабел (во Скопјево) немаат (класичен) лан за да можеш да си земаш што ти треба од сервери и/или други РС.
Се работи за КАБЕЛТЕЛ. не за телекабел незнам они каков лан систем имаат ама у договорот пишува дека е забрането да се праи шеринг сеа да не ти зборам на памет шо е како е
 
Се работи за КАБЕЛТЕЛ. не за телекабел незнам они каков лан систем имаат ама у договорот пишува дека е забрането да се праи шеринг сеа да не ти зборам на памет шо е како е

Е за кај нив не сум сигурен... не ли имаат FTP сервер?

Оди во My Network Places би требало да начекаш некој РС (ако е така како што викаш)
 
Знае некој како да пристапам до фтп на друг интернет провајдер...
јас како корисник на макс, неможам да пристапам до фтп-то, но иам чуено дека некои пристапувале, и ги користеле услугите на фтп-то...
за да можам без проблем да го користам, треба да бидам корисник на нивниот интернет...
ако некој знае некој трик...
 
Корисник сум на кабелски интернет. Пошто сакам да ја исклучам кабловската, ме интересира кој интернет провајдер е најдобар за приклучок и како се движат цените ? И дали е можно да се приклучам на друг провајдер ? :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom