Вчера во текот на денот интернетот заебавал дома (jас бев у школо), коа доjдов видов дека има извичник каj индикаторот за Wi-Fi. Бидеjќи еднаш ми се има случено така, од кол центарот ми рекоа да го изгасам рутерот од струjа и по 1 мин. да го вклучам пак. Така напраив и вчера арно ама пак немаше интернет, пробав и со мрежен кабел да се поврзам ама и така не биваше. Овие од T-Home незнаеjа што е проблемот (оти нивните стандардни совети (1. исклучување од струjа и 2. ресетирање)не функцнионираа во случаjов) ми отвориjа налог за да доjде екипа и да го смени. Рутерот збесна, се рестартираше сам од себе 20ина пати. Така jас цел ден и цела ноќ немав интернет (додека телевизиjата на моменти сецкаше). Денес сабаjлето станав порано оти телекомовциве обично се jавуваат во 8 арно ама од нив ни трага ни глас. И нормално им вртев а нивното обjаснување беше да почекам да ми jават (што не се знае кога ќе се случи). Во меѓувреме на лаптопот ми се поjави BlueScreen и одкога го рестартирав, интернетот функционира. Дали би можело да е до лаптопот (на Windows7 работи) тоа што немав интернет или сепак е до рутерот (Speedport W 503V)?