Што не` прави нормални

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Нормален си ако во некоја средина се раководиш према зацементираните правила на игра во наведената средина.Ако отстапиш малку си забеган.А ако не ги почитуваш тотално тогаш си луд и ненормален.
Пак е работа на перцепција.Зависи од географската област,социо-економските и културолошките (читај која верзија на ЛОБОТОМИЈА е во игра) и од времето во кое живееме (на германски Цајтгајст).
Е сега повелете и кажете си лично...оставете теории на нормалитет...
Мене што повеќе доаѓа време ми се ебе за правилата на игра овде...ненормален сум...викајте комбе...:vozbud:

А вие нормални сте?:vozbud:
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Што не прави нормални???
Баш ме замисли прашањево.
Јас себеси се сметам за нормална личност-немам комплекси,немам никакви настрани мисли,психички сум супер,живеам најнормално и се дружам и живеам со нормални луѓе.
Ова е нормално нели??

Инаку во секојдневието се случува некогаш да ме изненади некој,да направи нешто или да каже нешто и јас даси помислам-ау,не е нормален/а...

Значи секој човек си има свој став за нормалното.Според неговите критериуми некој е нормален или ненормален.
А дали се совпага со мнозинството мислења од другите луге,тоа е веќе друго.

Исто и срединат т.е менталитетот на околината влијае на `нормалноста`.
Ако во Холандија е нормално да се шетаат две жени(лезбејки)фатени за рака,се смеат и бакнуваат...во Македонија е резил и срам.

Нема точна и конкретна дефиниција за нормалноста и нормални луѓе.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Мањебитна работа кој е луд кој не е (за мене)

Битно е кој е среќен а кој не е среќен...
Може ние го викаме деданое луд али јбг може човекот е посреќен од пола македонија . Имало случаеви кога шизофреничарите ќе ги ставеле под лекови се самоубивале пошто нивните пријателчиња исчезнувале. Може ние сметаме дека така треба да се стави под лекови и лечи али не сваќаме дека на крај е важно само да бидеш среќен и дека уствари само го унесреќуваме човекот али јебеш мислењето е како гз секој го има, а не ретко сакааат и да ти го наметнат.
Постојат универзално зацртани работи, затоа постојат ментални институции, зашо деданое и да е најсреќниот чоек на светот, не може да ја дели истата реалност со нас бидејќи... не може, не возможно е, не му работи исто мозокот. Исто као луѓето шо ќе опнат игла у вена, имаат поинаква вена, и за нив има институции, или за луѓето кои ќе скршат нога, дури и за нив има институции.

Среќата е мањебитна работа за мнозинството више се важни репутацијата, себеиздигањето преку држење прорповеди, пари, чив став и начин на живот е грешен пошто во спротивно би испаднале рамни со некој , јебем ли га важен е еготрипот дека сме нормални(и над некој и нешто) прифатени и дел од стадотото ова де општеството.

Мањебитна работа е среќата.(за мнозинството)
јебем ти малоѓраѓанство на моменти ме ѓаѓа и мене у нерв.
Среќата е најбитна за мнозинството. Ти и стадото тука сте исти. Разликата меѓу едно стадо и друго стадо е што може а и не мора “репутацијата, себеиздигнувањето преку држење поповеди, пари...“ да ги прави среќни. И едното и другото стадо се перфектно нормални.

Патем прашање за милион долари :
Денот коа умре Тоше не плачев ниту се потресував за разлика од мнозинстовото. Дали јас сум нормална?
Комплетно, коа се работи за ова прашање. Ако си ги сечеше рацете од очај и неверување за смрта на Тоше - не си нормална. Ако отидеш и му се помочаш на гробот (како спротивност на првиот пример) исто така не си нормална. Генерализацијата на моменти е многу здрава работа. Да плачеш е нормално, за што, ти си знаеш, ти си осеќаш. Да сечеш вени, мнозинството вели не е нормално.

wot напиша:
Нормалноста ти е динамична состојба. Не е нешто константно па за да може да му поставиме замислени граници и дефинираме. Исто како што константно се менуваат моралните вредности (позитивно, негативно мањебитно) паралелно се менува и нормалноста.
Нормалноста е прилично цврста состојба, воопшто не е динамична. Она на кое ти мислиш, а е динамично, е сфаќањето за дел од општата нормалност, која во одредени етапи на секое столетие знае да се менува, и тоа е процес кој трае... па од прилика колку и самата етапа. Сексуална револуција, компјутеризација на општеството... етапи кои траат и го моделираат нормалното од час во час, и тоа е добро, зашто секоја работа која не се менува не се одржува како постоечка, едноставно би исечазнала нормалноста како термин, и секако како рамка, како сфаќање.
Нормалноста како начин на прифаќање на работите си има правила, и тие не се ама ич динамични.
Betty Boop напиша:
Секоја различност во однесувањето, ставовите, живеењето, мислењето и сл. е нормална се` до оној момент додека не почне да повредува и додека не премине во девијантност.
:cuc:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Едно е некој да шета гол по улица и да го смета тоа за нормално, без притоа мене да ме нападне или повреди, а друго е да шета гол по улица со пиштол или друго средство со кое може да повреди некого. Во првата ситуација јас сум последната што треба да пресуди колку е тоа нормално или не, бидејќи нема допирни точки со мене, не сум исперцепирана; додека во вториот случај "голата нормалност" е од поинаков карактер. :)
Свесноста тоа и го овозможува, сочувствување со се што не опкружува како и - не прави го на другите тоа што не сакаш и на тебе да ти го прават. ОК. :)

Тоа ни е целта,тоа не е мерка за нормалност.Според мене нормални се ониекои правилно го разбираат светот.
Според мене токму тогаш човек може да биде вистински нормален, просветлението е лек за сите ментални болести и трауми.
Тоа второто е во ред, но ако е само од рационален вид сепак не е конкретна акција. :)
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
647
Поени од реакции
28
Поставени се граници во нормалната дистрибуција во чии рамки влегуваат мнозинството. Се што отстапува над или под тие граници се смета за ненормално. Различна култура, различна прича.
 
M

MIL

Гостин
Секој си се однесува како сака затоа има и нормални и ненормални на оваа дуња !!!:helou:
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
За нормала се зема појавата со најголем бој јавувања. (види фотос :))


Значи на сликава се што не е 10 не е нормално. Притоа нормалното нема врска со никакви пропишани или непишани норми. Нормален си кога си ист како сите. Ненормален си кога си различен од другите. Не значи дека ненормалниот е неморален,неподобен,и против законите. Но може и тоа да значи. Она што е нормално во еден простор и време, во друг не е. Колку опсегот на дистрибуција е поголем толку и толерантноста на средината кон остстапувањето од нормалата е поголем
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Јас себеси се сметам за нормална личност-немам комплекси,немам никакви настрани мисли,психички сум супер,живеам најнормално и се дружам и живеам со нормални луѓе.
А кој се смета самиот себе за ненормален...Дури ни ментално болните не се сметаат за ненормални.

Релативно е ,за мене тоа што е нормално за друг е ненормално и така во круг...



И доста со тој разум ,разум па разум. Се ние луѓето сме разумни па разумни , ручки од тупан.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom