Со Марк Хјуз сакаш напредок да имаш во играта...сите најдобри играчи да му ги донесаат , тој пак ќе се бори за опстанок.
Ја пред почетокот на сезоната велев дека со ваков тим како што имаат Сити, и сезонава и наредните, највисок пласман ќе биде 7 место; и за повисок пласман реков дека треба, прво нов тренер, а потоа и 5-6 нови но силни играчи. А не со Забалета, Дан, Компани, Васел (?!), Мварувари...во прв тим, и тоа апсолутно невоиграни од страна на марк Хјуз. Од Ајрланд можи да биди јак играч, ама не сум уверен и во то. Ама не, млад и талентиран бил составот добивав одговори.
Единствено многу непријатно ме изненади Жо, бразилецот од кого очекував добро да се снајди во Премиер Лига. Робињо имаше солидни настапи во тие шо играше, како и голови; но со оглед на разликата во стилот во Примера и Премиер, не сум изненаден од тоа што е повреден. Единствено не верував дека тоа ќе биде на подолго време, и ќе се опорави и пак ќе се повреди.