Мики да те прашам: Ако Бог е семоќен, сезнаен и со добра воља, зошто тогаш дозволува да ни се случуваат лоши нешта? Не зборувам за лошото што самиот човек го прави на друг човек; го сфаќам тој дел, туку зборувам за сите оние нешта што се вон нашиот досег, а се одразуваат негативно по нас. Зборувам за болести, природни катастрофи како земјотреси, вулкани, големи суши, поплави... што ти не.
Ние не можеме ништо против овие работи, ама... Тој може. Тој е семоќниот творец на се живо ин неживо. Па зошто тогаш не мачи? Зошто дозволува да се мачиме? Нели бевме ние неговите чеда? Ние бевме неговото стадо, а тој пастирот. Што е работата? Дали не може? Дали не сака? Зашто дозволи да испоумрат илјадници Кинези во овој последниов земјотрес, зошто дозволи Катрина да го поплави Њу Орлеанс, зошто дозволи да се случи средновековната епидемија на чума во која умре третина од Еворпа?
Кон болтуваното:
Ме ставаш во ситуација да го одговарам она кое веќе го имам одговорено, но во ред, ајде уште еднаш.
- постојат два типа од казната Божја: казна кон поединецот и казна кон колективот/народот. Казната кон поединецот се состои во тоа што Творецот му допушта на поединецот одредени болести, несреќни настани и ситуации, преку кои така казнетиот поединец треба да се преуми и да почне да го поправа своето однесување. Казната кон колекивот/нардотот, Творецот ја практикува поради колективнто беззаконие кое одреден народ го чини. За тоа, најдобар пример не е само кинескиот, туку и старозаветнитот, а тоа е случајот со градовите Содом и Гомор (кои денес се на дното од Мртвото Море) а кои градови, односно граѓани, се вшуштиле во сексуален разврат и безумие, кое за Бога било неподносливо па затоа Он и ги збришал од Земјава.
- да, Бог не сака. Изгледа парадоксслно, но Бог ги казнува оние поединци кои ги сака, за ба бидат уште подобри, како што родителот што го казнува детето, за да го вразуми.
- за кинезите, веќе ти напишав што е работата.
- за Катрина, важи објаснувањето за градовите Содом и Гомор. Прочитај малку по објективните новинарски извештаи и анализи и сам ќе видиш зашто Бог го казни тој град, исто како и Содом и Гомор. Да појаснам: 3 дена пред ураганската беља, во Њу Орлеанс требало да се слеат неколу десетици илјади „топли браќа и сестри„, кои требало да го слават денот на слобната љубов! Плус тоа, Њу Орлеанс , барем едно 100 г по ред, е дувло на црнечкиот сатанизам во САД, каде се принесуваат животински жртви на демоните (гледај го филмот „Ангелско срце„ со Мики Рурк и Роберт ДеНиро, мој прдедлог!). По ураганскиот напад, новинарските екипи можеле да ја видат сета грозотија од последицие од ураганот: смрдеа од човечки лешеви, убиства и силувања на улица на сред бел ден, беда, мизерија и очај кај оние кои преѓивеале...Па сега, поврзи го ЊУ Орлеанс со Содом и Гомор и ќе ти текне...
- средновековната епидемија на чума е последица од тогашната човекова глупост и безумие. Имено, во тој „мрачен„ период, поради црковните отстапувања од вистината кои ги има направено папството, мачките (!!!) се прогласени за демонскии творенија (очите им светкале е во мракот, па затоа биле демоноидни!!!) па тогашните безумници се фрлиле во истребување на мачките како род. А таму каде нема мачки-има глувци. А глувците се преносители на вирусот на чумата...Од глувчешката наезда, почнува и епидемијата на чума во тој период.
Druze koj Nutnov zakon e zamenet be. Jas kolku sto znam Nutn postavil zakoni, a ne teorii kako cicko Ajnstajn. Dosega nikoj ne kazal deka Nutnovite teorii se greska. Samo znam deka vo negovo vreme masata bila konstantna pa vo negovite zakoni masata e konstantna, a podocna se dokazalo deka masata e promenliva, no sepak negovite zakoni se tocni. Nemaat apsolutno nikakva greska. Za razlika od nego Ajnstajnovite teorii mozno e da podlezat na promeni, no Nutnovite zakoni ne.
P.S. Ne zboruvam ovde za evolucionata teoirja bidejki i jas mislam deka ne e tocna. I ne zboruvam protiv Gospod.
Нео Мастер, т.н. физички закони и нивните аритметички релации, претставуват само приближна вредност до она кое објективно постои како физикална појава а која за нас не е 100%-но достижна и разбирлива. Кога велам дека њутновата небесна механика е веќе надживеана, немислам на њутновите закони, кои во реалноста имаат „луфта„ (равенката и реалниот настан не се совпаѓаат совршено!) туку мислам на философската позадина од неговата механика. До скоро, како и во њутново време, важела претпоставката дека во Вселената има само материја(л) и движење и ништо друго освен тоа. Но, од Њутон па наваму, физиката, математиката и астромонијата наталожија нови сознанија, кои го надминаа њутновото поедноставено гледање на физичкиот свет. Велат дека Општата и Специјаната теорија само се надоградиле на њутновата механика, но јас би рекол дека теориите на релативитетот не само што се надоградување, туку претставуваат целосна замена на њутновото математичко и философско гледање на природата. Затоа и велам дека Њутон е надминат, но секако дека парцијално гледано, неговите сознанија .т.н. њутнови закони, се начелно точни. Денес, мо материјалистичкот гледање, покрај материјата, има енергија, време, простор и информации. За понатаму-ќе видиме.
А религијата се занимава со она со кое ниедна наука не се занимава а тоа се духот и духовноста.