По природа сум многу срамежлива личност, но сепак зависи од моментот. Ако некоја личност ми влезе во око, сигурно јас ќе превземам иницијатива. Ќе замижам и тргнувам во комуникација. (Ретки моменти, ама ги има). Многу пати ме прекорувале тие што ме знаат, зошто така се однесувам, но едноставно таков сум - срамежлив. Обично чекам другата личност да превземе прв чекор. Знам дека е грешка, но ако тоа се оствари ? после тоа нашата врска (комуникација, пријателство) останува засекогаш. Не сум затуцан, ружен, неук - но едноставно искуството така ме натерало. Сум се отварал, сум се давал - го искористиле и сум бил повреден. Веројатно тоа е некој одбранбен механизам, појма немам, ама можда е тоа мој проблем. Знам дека е лошо, ама јебига, доста ми е од тие површни пријателства и моја болка.