Не треба да си експерт за програмирање, ама треба да те бива за тоа. На факултет те учат само основата, се друго мораш сам. Таму задачите во C/C++ имаат решенија на неколку различни начини. Не е којзнае колку тешко, али треба да го сфатиш тоа. А за математика, дефинитивно треба добро да ја познаваш математиката од средно. Ако не знаеш основни работи кои што се учат во средно, на факултет нема да ги научиш. Таму рачунаат тоа што си положил матура по математика, сметаат дека знаеш, и си тераат понатака, што е и нормално.
Заклучок: се може да се научи (барем за да се положи), ама ако не ти иде математика, те чекаат часови, денови, недели, месеци решавање и решавање на задачи (во збирката од Миличич и Ушчумлич има над 4000 задачи)...