Скриптата по физика ќе мора да ја купите, бидејќи во неа има 5-6 листа во боја, ги викаат домашни работи (има лесни прашања и задачи), ама ги изработувате на факс. Копии од тие листови не се признаваат, само оригинали. На нив се потпишувате со име, презиме и број на индекс, така да се знае кој купил скрипта а кој не. Лани беше 600 денари + 250 денари за практикум за лабораториски вежби.
Иначе Ленче, видов Бабаче дека ти е асистентка по математика 1, верувај најдобро што може да ти се падне од асистентките е таа.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
И мене ми беше за математика 1, ама после отиде на породилно и за математика 2 Начевска ми беше асистентка. Томче Делев е од новите демонстратори, затоа за него не би можела да ти кажам повеќе.