.А за програмирање стварно треба мн математика.Матрици ако незнае да решава еден програмер нека се обеси на плоштад.А никој од самоуките програмери не учи математика.
Во зависност од проблемот. Јесте да сум програмирал ствари од кои ми идело да си пукам во колено, математика, логика и последици до бескрај, сепак не е се баш така. Ова се ретки ситуации кои ги разделуваат класичните програмери од гуруата.
Повеќе внимание треба да се обраќа на логиката и на моќта на анализа. Ама хардкор анализа. Градење на добри архитектури, супер замисли и глатко програмирање. Неретко ми се случувало цел ден да се макнам по некоја ситници само поради тоа што нешто не ми штима и не иде баш мазно. Не дека работи погрешно, туку едноставно кодот не ми звучи добро. И еј види, во право сум бил.
А тие што си играат со визуелни апликации и за една програма пишуваат по 10 реда код само можат да се фалат дека се програмери.Они уствари поима немаат од програмирање.Тие сеуште незнаат што е програмирање затоа они од висуал студио повеке и немаат видено. Никој од нив нема напишано програма со повеке од 10 реда код.
Visual Basic 6, програма, вкупен број на редови >300'000. Ајде кажи нешто сега.
Нека седнат да програмираат нешто од биокибернетика во ансемблер или пролог и ке сватат колку било тешко програмирањето
Не мора да биде потешко за да биде повеќе self-satisfactory. Завладеав малце асемблер оваа година, ама од ова фајде нема. Џабе трошам мозочни ќелии и не сум мазохист за да продолжам и да се курчам со „асемблирање“.
.А тие визуелни апликации и баба може да ги прави со 2 саата учење.На електро не се учи само висуал бејзик туку и многу други програмски јазици за кои тие навидум програмери немаат ни слушнато.
На електро
НЕ се учи visual basic. Криминал било да се почне да се учи програмирање со VB и демек трајно го инвалидирал студентот рече една моја професорка. Требаше да и речам после освоеното прво место на <codefu/> дека ете јас почнав со VB.
И правиме програми за фирми кои бараат само да им се пресмета гошниот приход и колку платиле ддв.Па за тоа нормално дека ке успееш и со 3 дена пред интернет.Ама ако наидеш на нешто посложено барај електраш и плати му 100 пати повеке од твојте ПРОГРАМЕРЧИЊА за да ти заврши работа.
Хехе. Колку само си грешка. Имам искуство во ваквите програми и тоа што ти го рече е ништо. Формулите, пресметките и прикажаните интерфејси не ги ни земам како цел во програмите.
Кај овие решенија потребна е максимална флексибилност на кодот односно лесно истиот да може да се модификува. Правилата и законите знаат да се менуваат преку вечер а да почнат да се користат за рок од една недела. Промените некогаш знаат да бидат и масивни. Ако си направил крш програма во која акцентот си го ставил на формулите и пресметките, овде паѓаш. Два месеци ќе ти бидат малку за нов апдејт. За грешките кои ќе настанат успат да не зборам.
Месец време осмислував архитектура на генерална финансова програма во .net. На крај излегов со решение кое ми дава голема флексибилност и огромна брзина при градењето на интерфејсите, нивна промена и работа со базата на податоци како и голема и унивезална сигурност. Исто така користам добар компонентен модел во кој користам полиморфизам со што кон секоја единка гледам како еден ист објект без разлика што врши различна функција.
1 месец работа на framework-от, три дена оформување на финансово работење. Како а?
Стварно ме изнервира, мешате баби и жаби, си ги мерите како деца на улица кога ќе земат да се препукаваат, програмер си ако работиш асеблер а не си ако работиш вижуал бејзик (само да те чуе ксило хеххе) глупости!
Noted my friend, noted and replied.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)