Прашање: Како размислуваат денешните деца и нивните родители?
Одговор: Доаѓа моментот да се запишуваат на факултет после напорно завршеното средно училиште и сите можни баби, дедовци, тетки, чичковци итн. кажуваат што се исплати во денешно време да се учи за да не се мачиш многу и да заработуваш добро. Ги гледаат вестите на А1 и дознаваат дека во нашата Република Македонија дефицитарни односно најбарани професии се во информатичката и во маркетинг областа. И ајде нели за да си вреден и платен информатичар сите те советуваат или потсвесно ти ја вградуваат идејата дека мора да отидеш на електро факултет затоа што тоа е факултет со црно на бело диплома за информатика. Одиш на факултет, се позајмуваат пари, се задолжуваат за да им завршат децата, губат време минмимум 5-6 години затоа што се ретки тие што завршуваат во предвидениот рок и ја зимаат дипломата.
Но постепено додека студираат заклучуваат (ако си паметен дечко или девојка) дека на овој факултет се учат глупости и ја нема ни "И" буквата од информатика. Не е важно тоа де си имаме ние диплома од електро секогаш за нас ќе се најде работа. Ќе го завршат факултетот и ќе почнат да бараат работа и доколку се ослониле само на тоа учење без да се трудат да се унапредуваат сами кога ќе дојде моментот за интервју за работа и кога ќе ги прашаат покажи ми проект каде си направил .NET апликација (или можеби во иднина .DRN DRN, .BLA BLA) изубениот дечко само ќе одговори "ама знаете јас имам една семинарска каде се бараше да ги излистам на екранот сите низи на прости броеви во C#". После тоа нели реакцијата ќе биде "ви благодариме на потрошеното време ќе ве имаме во предвид кога ќе се бараат нови кадри од вашата област".
Заклучок: Едно да е јасно, секаде на Запад, а и кај нас пополека почнува така да функционираат работите, никој не го цени тоа што си го научил екстра и комплетно безпотребно во актуелната ситуација на терен. Зошто сите Западни земји функционираат на таков начин што за секоја област, секоја гранка во индустријата, секоја апликација си имаат човек кој е прав специјалист за таа работа. Не им треба нив човек кој за да работи како систем администратор мора да знае програмирање, хардвер, да решава матрици итн.
Во нашата држава многу млади живеат во заблуда, а со тоа и нивните родители како тие што се пишани погоре во првиот пост дека за да успееш синко учи факултет. Кога ќе дојде времето да начукаат 25 години на газот, да поминале многу работи во реалниот живот ќе дојде моментот да сватат дека за да успееш во многу нешта не ти треба да одиш по традициналниот пат, дека се тоа може да се направи и по алтернативниот.
Ова е комплетна заблуда од сите, повеќе ти се исплати да студираш градежен факултет и да си ја чукаш главата таму затоа што таа струка е доста барана и ценета отколку да отидеш на електро за да после тоа зимаш помалата плата од некој без тој факултет. Незнам дали знаете но градежништвото е во бум во нашата држава и нема некој што после завршил, да се пријави во бирото за вработување и после еден месец некоја градежна да не го побара на работа (па макар и државан фирма за 15.000 денари плата). Пазете го ова, во многу земји бараат градежници, ако имаш газ да р'мбаш како црнец на 50 степени зошто да не отидеш во Арапските Емирати или Кувајт (не е опасно таму не се секирајте), да работиш за 10.000 долари месечно и да се вратиш за една година со 100.000 долари во џеб.
Видете сега за што повеќе се исплати да студираш 10 години и кој е попаметен чекор во денешно време да го направиш.