A ako slucajno ispadnit da imam pomalku od tie +-85 poeni ( da zeznam na maturava) nedaj boze i na PRIMER da imam 70. Ke ima sansi da vlezam, poso gledam deka smerov e poluprazen (mislam deka ovaa godina imase okolu 45-50 ako ne se lazam). Ili poprosto kazano, dali ima granica so poeni koja sto mora da ja pominam, za da vlezam na nekoj smer i pokraj toa sto ima slobodni mesta??
Не се секирај.На ЕРПС ке те примат 100%.Јас кога се запишав во 2006 прва бевме околу 35-40.Во втора на список редовни со 2006 индекс бевме само 8.Се друго беше со 2005 и подоле.А трета незнам колку ке бидеме редовни ама не повеќе од 5.Се на се со тие што презапишале сме околу 25.
Инаку јас не препорачувам на никој смер.Само го кажувам
моето мислење а гледам се согласува и со другите мислења.Глобално гледано сите смерови имаат предности и недостатоци.ЕРПС е она што мене ми се свиѓа.Немора да значи дека е најдобар.Некој друг има друго мислење.
Инаку за професорите.Не се плаши.Треба само да им влезеш во шема и се ке биде во ред.Ама како бруцош како и сите бруцоши ке бидеш изгубен.И јас бев таков па затоа се мачев.Еве еден паметен совет.Прва година можеш да менуваш групи,ама лошковска тоа го дозволува на почетокот.А сите бруцоши на почеток немаат поима од тоа и никој не менува.Ако случајно математика ти се падне Марија Кујумџиева Николовска (бабата) под итно да дадеш молба за друга група.Ќе молиш ќе колиш и ќе лажеш се и сешто ама смени ја групата.Од искуство ти кажувам.Секој од професорите си имаат маани.Колку порано ќе ги научиш толку подобро.И обавезно ке шеташ по копирниците и ќе бараш стари испитни лифчинја.Воглавно тие се задачите само во друга верзија.Зошто во прва година имаш толку многу задачи па ако ги учиш сите нема ни еден предмет да положиш.
Уште од сега спремај се математика.Мораш за да успееш.Учи претежно изводи,интеграли,вектори,матрици,и равенки на тела.
Од предмети прва година имаш 9.Еден ти е изборен јазик и тој ти е двосеместрален.Ако ти оди англиски запиши го.Ако не ти оди тогаш запиши германски или руски.И двата се почетни курсеви и со гарант имаш повеке од 8.
После тука ти се двете математики.
Мат 1 учиш вектори и векторски полиња,функции,рамнини и прави во простор,изводи и нешто од редови.
Мат 2 учиш само интеграли,има нешто од функции од повеке променливи и парцијални изводи,и двојни и тројни интеграли.Сите викаат ова бил најтешкиот предмет.Не е најтежок ама многу матријал е за малку време и многу задачи ќе треба да решиш за да положиш.
Структурирано програмирање.Си програмирате во ц и нема нешто тешко.Само фати ја шемата и ке поминеш.
Објектно оринтирано програмирање.ц++.Истото важи како за структурирано.
Основи на електротехника 1.Полнежи и еден куп свери и рамнини,кондензатори,и кола со еднонасочни струи.
Основи на електротехника 2.Магнетни полиња и торуси,калеми и кола со наизменични струи.
Физика 1.Кинематика,динамика,осцилатори,леки.
Физика 2.Релативитет,квантна оптика,квантна механика,атомска физика,нуклеарна физика.
Тоа е од прва
Втора
Основи на електроника кај Џеков
ферми и дирак.веријатности и квантни механики,ПН спој,диода и општ модел на транзистор
Математика 3 кај Петар Лазов (заедно со ТК)
матрици,диференцијални равенки и многу други глупости
Сигнали и системи кај Богданова (заедно со ТК)
фуриеви редови и фуриеова трансформација и општо за сигналите и системите
Теорија на системи кај Колемишевска (заедно со КСИА)
Лапласова трансформација,равенки на состојба,состојбени матрици,стабилност и најважното стабилност по Љапунов.Ова последното не го промашува на испит.
Основи на мерна техника кај Гавровски (заедно со ТК)
се за мерни инструменти и пресметки на грешки.Задачите ги дава исти на испит како на вежби.Ама нема ни бројче сменето.А теорија ќе си учиш.
Математика 4 кај Лазов (заедно со ТК)
само веројатности и случајни променливи и нивни функции
Дигитално процесирање на сигнали (исто со ТК ама они се кај богданова а ти кај ташковски)
се за дигитални сиганли и многу филтри
Линеарна електроника кај Арсов
се за биполарни транзистори и фет,засилувачи,стабилизатори,осцилатори,операциски засилувачи
електромагнетика кај Љубен Јанев
електростатски,електрични и магнетни полиња и еден куп тешка математика.Градиенти, дивергенции и ротори.Чиста математика на вектори.
Основи на дигитални телекомуникации
И заврши втора.За трета кога ке стасаш ке видиш.Јас штотуку стасав па ке ти пишувам кога ке го доживеам искуството.
Поздрав и со срека