Григор Прличев (
Охрид,
30 јануари 1830 -
Охрид,
6 февруари 1893), е еден од најпознатите македонски писатели од
19 век. Во својата автобиографија, Прличев се нарекува Бугарин
[1], но значењето што го имало овој поим во 19 век е контроверзно.
На
25 март 1860 година, Григор С. Прличев со својата поемата „Сердарот“, ја однесе првата награда за најдобра
поема на традиционалниот книжевен конкурс што се одржуваше секоја година во
Атина. Тој стана овенчан
поет и беше наречен „Втор
Хомер“: подвиг што дотогаш никој не беше го направил!
Првата писменост ја добива од својот дедо, а се школувал отпрвин во келијно училиште во кое наставата била на многу ниско ниво. Подоцна негов учител станува
Димитрија Миладинов од
Струга, за кого Прличев секогаш ќе има најпофални зборови. Инаку, мајка му на Прличев била слугинка по богатите куќи, а тој самиот едно време продавал црици под
чинарот. Подоцна, за да ја подобри домашната материјална состојба, тој препишува разни текстови - порачки од повидни луѓе.
По училиштето во Охрид, Прличев патува за
Атина и се запишува во тамошниот медицински факултет кој никогаш не го завршува. Во
1860 тој учествува во натпреварот за најдобра поема на
грчки јазик и ја добива наградата „
Ловоров венец“ за неговата прва поема
Сердарот. Во поемата се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитува селаните од бандите на
Гегите. Наградата не останува долго во негови раце, затоа што одбива да се изјасни како
Грк.
Кога дознава за смртта на
Браќа Миладиновци, тој се враќа во Охрид и станува
учител. Тој постојано се бори против
грчката пропаганда во училиштата и црквите, заради што е уапсен и пренесен во затворот во Дебар. По излезот од затвор, Прличев предава во гимназиите во Охрид,
Битола,
Габрово[2] и
Солун.
Освен
Сердарот, Прличев има напишано и
Автобиографија која претставува битен историски документ за состојбата под
Отоманската империја во
19 век. Неговата работна поема
Скендербег останува недовршена по неговата смрт во Охрид во
1893.
Во
Бугариjа почитуван како бугарски преродбеник и уметник.