Предучилишни знаења

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
Епа вака сега...Вашето дете веќе наполнило 6-7 години и време е да почне да оди на училиште..значи прваче :smir:
Дали мислите дека треба да има некои предучилишни знаења т.е. да знае да чита, да пишува?

Сметате дека тоа е позитивно или со тоа само може да му биде здодевно додека неговите другарчиња се "борат" со пишувањето и читањето?

Дали сите деца се способни да научат да читаат и пишуваат пред да почнат на училиште? Познавам деца кои што сами научиле а има некои кои цело прво одделение ке се измачат па да научат...

Што мислите?:helou:
 

jass

Aut viam inveniam aut faciam!
Член од
25 август 2007
Мислења
328
Поени од реакции
4
Ne mora da znaat da citaat dovolno e da znaat da gi prepoznavaat bukvite sami po sebe a citanjeto ke dojde polesno vo prvo oddelenie.

Nema da mu bide zdodevno ako site drugarcinja go pravat istoto.

Site deca se sposobni da naucat samo na nekoi im treba poveke vreme dodeka na drugite mozebi im odi malku polesno.
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Мислам дека сите не се способни да научат да читаат и пишуваат пред да почнат на училиште. Не би рекол дека ке му биде здодевно ако знае веке знае да чита и пишува.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.823
Поени од реакции
50.041
Помина тоа време со азбука пред прво одделение и одма си фаца кај првачињата,имам внук од братучетка дете абе Англиски цепа ко лудо сум се чудел и фората е што не е само он скоро сите деца знаат бар да бројат на Англиски до 10 пред да се прво одд. компјутерите и телевизијата си направија своето дали ке се поинтелегентни од 'старите' генерации ке се види покасно
 
Д

Демијан

Гостин
Мислам дека е доволно само да ги знае буквите!!Немора сите ама да има некои минилални предзнаења!!И јас со волкаво знаење тргнав во 1 одд!
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Можеби би му било корисно на детето да знае нешто, ама мора да кажам и дека ќе умри од досада.Јас од помал знаев се за прво одделение и дури во второ ми стана поинтересно кога учевме работи што не ми беа познати.Во прво ми се случи и да заспијам од досада:wink:
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.217
Поени од реакции
941
Сум бил сведок на доста случаи кога родителите уште на 4-5 годишна возраст ги учат децата на некои букви, нормално колку што можат тие да ги научат, и мислам дека е сосема во ред.

Јас кога тргнав во прво одделение знаев отприлика пола од азбуката, ама многу тешко ја совладував претходно, а веќе во школо ми беше полесно.

Англиски си немав врска тогаш, а гледам денешниве деца знаат.

компјутерите и телевизијата си направија своето дали ке се поинтелегентни од 'старите' генерации ке се види покасно
Токму така.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
јас знаев да бројам до кај 100 мислам пред да тргнам на школо:vozbud:
знаев и нешо од азбука али не све...
ама многу бргу научив и букви и да читам... и остај то многу брзо читав учителот ми викаше полека...:pipi:
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Јас на 5 години основно собирање и одземање знаев. Читав печатно кирилица и учев латиница. Се беше тоа моја желба и то ...:)
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Јас на 5 години основно собирање и одземање знаев. Читав печатно кирилица и учев латиница. Се беше тоа моја желба и то ...:)
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Пред да тргнам на училиште ја знаев англиската азбука, а македонската дури на крајот од 1 одд. ја научив. За броење до бескрај знаев. WonderKid бе :)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Да, не е лошо да имаат основни познавања. Дека ќе им биде досадно не верувам, може само да им биде корисно ако знаат малку повеќе од другарите во клас. Дури подоцна и полесно ќе ги совладаат латиничните букви.

Пред да тргнам во 1 одд. ја знаев азбуката и многу добро ги препознавав буквите, а потоа читав течно и брзо, немав никакви проблеми.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
за предучилишно треба максимално да се искористи флексибилноста односно способноста за запамтување на младиот мозок со тоа што ќе се учи странски јазик.
Значи ен зборам за пишување, или читање, туку песнички и вербална комуникација на еден странски јазик. И најважно е преку игра да ги научи основните математички односно логички аксиоми, ама не како теорија или дефиниции, туку практично.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Во секој случај не може да штети ако има предучилишни знаења. Мислам дека не би му било здодевно подоцна на училиште, а и од рана возраст треба да се создава навика за учење нови работи и да се работи со детето.
Јас знаев да читам и делумно да пишувам уште на 6 год, па не видов никакви негативни последици.
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Jас кога појдов прво одделние, не знаев ниту да зуцнам буква, ниту да нацртам нешто друго освен неидентификувани објекти. (ок, ок знаев да нацртам и стапчиња кои заедно ставени личеа на "човек" :pos:)
Јас мислам дека не е потребно дете да ја научи азбуката, ниту пак да чита, ниту да брои или да собира/одзема. Сите тие работи се предвидени да се учат во прво одделение, и според мене е одземање на задоволството на детето да ја чека првата петка со нетрпение, да ја добие со една неизвесност која една учителка би можела да ја приреди, и едноставно заедно со другите ученици, да ја дели радоста дека навистина ја научил азбуката и дека ја заслужува таа петка. Инаку на тој што веќе ја научил азбуката и научил да чита можеби нема да му биде досадно и можеби ќе им помага на другар(к)ите негови, и секако кога ќе порасне ќе се фали дека бил WonderKiddo ко мал, како некои пред мене шо се изјаснија, но сепак сметам дека не е исто чувството да се радуваш на час дека ти' ја напиша прв во класот буквата А точно, прв изброи до десет без да лапнеш некоја бројка etc. бидејќи вака пак ќе ја напишеш прв, ама не бидејќи ја научи на час, туку бидејќи веќе од порано ја беше научил. И додека другите ќе се мачат да ги поврзат сите букви доволно брзо за да ги прочитат, ти ќе бидеш галеник на учителка(јебига, скоро секоја има галеник) на која и е смачено да слуша оообраааазооовааанннниииеетооо ссссееегааааа.... and worse стаф од децата кои иако не ја знаат азбката сеуште, сепак се мачат да ја научат. Ти ќе си поминуваш најбрзо, професорката ќе те става ко пример за сите, а секако си далеку од човек кој на ист начин ко нив го учи сето тоа. И секако, не ја гледам големата потреба да едно 6-годишно дете да знае да прочита било што, кога и онака најверојатно азбуката за прв пат ќе му биде вистински потребна во училиште. :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom