Со сета почит кон оние кои не се матично од Скопје... но ова морам да го кажам на начин на кој ќе го кажам.
Скопје има проблем со “Скопјани“. Луѓето кои се доселуваат во Скопје во 20тиот век, немаат навика да бидат граѓани. Во раните децении дури и Скопје не бил нешто повеќе од обична паланка, но подоцна прераснува во модерен град. Оние кои поодамна живеат во него се прилагодуваат на условите и се оние кои го сакаат и чуваат. Но проблемот лежи во луѓето кои се доселени во веќе моредно Скопје. Покрај тоа што во руралните средини имаат поинакви навики па ги пренесуваат во градот, имаат и проблем со почитта и љубовта кон местото на живеење. Почитувањето на Скопје од страна на доселениците е минимално. Тие луѓе потоа родија деца... нивните навики ги пренесоа. Имиграцијата во Скопје трае и денес. Шанса за градот нема никаква, освен строги полициски санкции. Но тоа е научна фантастика според мене.
Во прилог на разговорот, морам да го дадам овој пример кој ќе навреди некого со гаранција. Во центарот на градот, на улица Македонија... едно момче пред мене застана да го види постерот на извесна турбо фолк пејачка која гостува во Скопје. Со шалче околу вратот кое оддава фенси стил, и фризура карактеристична за одредени делчевски села (одев и ја на факултет, не се секирајте) продолжи пред мене по прекрасно осветлениот центар на градот (неспорно е тоа нели). Како да не се случило ништо си го фрли шамивчето со кое го издува носот. Тотален кичерај. Момчето не е од Скопје, повеќе од сигурно..........
А и да е... навиката иритира, не локацијата од каде потекнува. Ах да сум џандар...