Во последно време користам CLEAR. Нов бренд во МК. го продаваат во веро и цело време има нешто промоции, акции, наградни игри, поклончиња.
Кога го донесоа првата недела делеа купони за наградна игра и мене ми се падна третман во спа центар, утре одам да го подигнам ваучерот. А во меѓувреме купив 400ml со подарок пешкир. Вториот, вкупно чини 180 или 188 денари, не сум сигурен.
Патем да кажам дека првиот беше нешто спорти издание за мажи кои имаат активен живот, да за не им фаќа маснотии скалпот. Со него одеше малечко, од оние за проба пакувања, шампон против првут.
Спорти шампонот не е лош, убаво чувство остава на скалпот и убаво мириса косата после бањање.
Сега земав за кршлива коса, бидејќи зимава ми ја унакази косата, па ќе видиме дал ќе ја оправам со новиот шампон.