значи... религијата е една форма на колективно преземање одговорност... има толку многу луѓе што прават одредена работа, па ај и јас, сигурно има фајде... е сега, ако си во секта, хеј, нема толку многу луѓе како во овие големиве религии... опасно... ај ќе си останеме во големата маса, побезбедно е. а добро, кога се изроди христијанството од јудеизмот, која беше сектата? а кога се раздвои христијанството на католицизам и "право"славие, пак немаше тука секташи?? ама затоа кога се одвои хенри VIII од папата, излезе секташ... е ја викам браво за него, затоа што му светнало дека папата не е никој за да му каже дека може да има само една жена во животот, па си направил сопствена црква во државата .....
кој има право да каже дали една организација е религија или секта? или тоа со традиција се апгрејдува? или по број на членови? е ако е според тие два критериума, мислам дека сексот е најрелевантен за верување во него. аман... ни политеистичките религии не биле толку време со човекот, а да не збориме за монотеистичките...
не знам како може свесен, возрасен човек сеуште да верува во авторитетите, АЛОО авторитетите на црквите!!
која навистина го слуша гласот на бога? онаа која има најдобар iphone? дајте ако се слушаат по мобиљки, и ако стварно го бива толку за се, да си купам една и ја да го исконсултирам...
едно знам за масовните секти... користат маркетинг и пропаганда кои се така заразни за луѓето, што наседнуваат брзо, и потоа нема излез... имам слушано на документарец изјава на човек кој ги има изгубено сопругата и ќеркичката во масовно самоубиство некаде во америка, а тој преживеал по грешка... самиот кажува дека е тоа најглупавата грешка во неговиот живот.
луѓе, имаме разум и слободна воља (на општ ужас)
размислувајте кој како се обидува да ве контролира, и дали ви се допаѓа кога од сопствените родители слушате попување... зашто би му дозволиле на поп или на папа или на оџа да ви одредува граници во животот?
а вакви работи како црна ружа... јао, па тоа се луѓе со фетиши за бројот 13 и филмовите за дракула, сигурна сум!
катастрофа... само едно... немаат ли попаметна работа од самоубиство??
треба да се има на ум дека има и полошо од она кое ти се случува на тебе моментално...