Концертот на Жељко не беше ама 100% организиран од АВАЛОН, не тресете зелени без врска, и плус ова сега не е концерт во права смисла, него многу поинакво позатворено и поинтимно дружење со ЅВЕЗДАТА, песните од македонско девојче се преубави и мн јасно дека за такви песни нема да прави концерт со триса гости и сваштарии, него многу поинаков концверт какви што се и песните
јас стварно не сфаќам како можете да сте толку, ај да не кажам, и уште и уште и уште да зборите за некои изјави? ШТО ИМАЛО ЛОШО во таа изјава по смртта на Тоше? па според мене таа изјава беше и најсоодветно кажана, прибрана соодветна изјава баш каква што и треба пред камера, али на некои тоа им сметало зашто? Затоа што Каролина не корнела коси, не плачела, не се трескала од земја, не кажувала дека последна зборела со Тоше и последна го видела, или дека го сонувала ден пред тоа....СРАМОТА за таквите муабети дека уште се вртат! тоа е ниско, крајно ниско, синдром на непочитување на она што вреди, а е наше....ЈАС се извинувам, али јас рака во оган ставам дека и пред да се случи трагедијата на Тоше, дека пола народ јаделе гомна и му се потсмевале, и не ме убедувајте дека не е така зашто од милион луѓе имам слушнато глупости и зезанции на негова сметка, а по смртта се солидаризираа со друигите и ништо лошо ги нема да кажат!
Да се вратам на Каролина, девојката сега изгледа СОВРШЕНО, јас не знам што би требало да смени за да изгледа подобро, прекрасен тим на соработници и стилисти ИМА, ПЛУС има одличен репертоар на песни, ако не знаете она е единствената мак пејачка со толку продаден тираж на албуми и за претходниве три албуми, единствена која соработувала со најголемите македонски ѕвезди, НАЈГОЛЕМАТА пејачка од македонија за која зборува Балканот, и не за џабе беше специјална гостинка на отварањето на операција Триумф!
САМО НАПРЕД, Каролина, она со АВАЛОН си ја знае работата, а завидливите луѓе кои не постигнале ништо во животот може само од страна да коментираат и коси да корнат зашто не може да бидат толку успшешни и популарни
Каролина е докажана и покажана
А да им опдговарам и на уште некои, НЕМА да се пријавам на таа акција за каролина, ПРЕД се затоа што не личам на каролина!:baeh: АЛИ со задоволство ќе ја подржам акцијата и кампањата, па може и да ги посоветувам кандидатките кои ќе се пријават што треба да сменат за да изгледаат совршено како Каролина (а пеење нема шанси, никој не може да ја достигне Каролина)