Каролина Гочева

Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
e кога покажала дека е нарцисоидна или дала на знаење дека само она вреди у Македонија? НИКОГАШ, а таа наводна препотентност се должи на срамежливост, скромност, потреба да не открива премногу детали за себе во јавноста
Се согласувам. Сметам дека Каролина е ептен скромна личност. Можеби не ептен ама е скромна. Мене искрено ми се допаѓаат нејзините песни посебно песните од овој новиов албум. Ако го преслушате неколку пати ќе видите дека пее со емоции.
И ми се допаѓа и тоа што не се занесува, не глуми, за разлика од други нејзини колешки кои се прават дека поседуваат некоја си,,харизма".
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Каролина во балканско реално шоу [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Поп-пејачката Каролина Гочева ќе биде специјална гостинка во реалното шоу "Операција триумф" , што кон крајот на месецов ќе почне да се емитува на неколку телевизии во поранешна Југославија.
Дел од музичкото друштво на нашата поп-пејачка ќе бидат и Северина, Бајага, Жељко Јокисмовиќ, Нина Бадриќ, Јелена Розга, како и светски поп-sевези како Анастејша и Шуагбејбс.
"Операција триумф" е најавена како најскапо реално шоу во регионот. Зад него стои продукцијата "Емоушн", која ја работи популарната емисија "Се за љубов", која се емитува на српскиот сателистски канал "Пинк". Серијалот ќе се снима во луксузно опремена куќа која во својот состав има тонско студио и балетска сала. 16 кандидати заедно ќе живејат 16 недели и ќе учат како се станува вистинска музичка sвезда. Нив ќе ги следат 45 камери и повеќе од 60 микрофони. Водители на шоуто се Милан Калиниќ и Ана Михајловски.
[/FONT]
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]НА СТАРТОТ НА ШОУТО "ОПЕРАЦИЈА ТРИУМФ"[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Каролина и Анастасија станаа другарки[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Поп sвездата Каролина Гочева завчера вчерта настапи на отвораето на најголемото балканско шоу "Операција Триумф", каде се запозна со светски познатата пејачка Анастасија. Каролина вели дека е изненадена од нејзината љубезност и од тоа колку како голема sвезда се однесувала нормално.
-Се воодушевив од нејзината љубезност. Ми пријде и ми рече дека многу и се допаднал мојот настап. Нормално, на тоа јас реков дека таа ми е омилена пејачка и на настапи во живо задолжително пејам нејзини песни, на што многу се израдува. На крајот си раЗменивме наши албуми, ни рече Каролина.
Каролина настапи со песната "Се лазам себе"во дует со Александар Белов од Неготино, еден од македонските натпреварувачи.
Шоуто "Операција триумф" се пренесува на сите простори на екс ју, освен Словенија, што значи опфаќа повеке од 20 милиони публика.
Покрај неа на шоуто настапија големите балкански звезди Јелена Розга, Сергеј Четковиќ, "Лет 3", како и големата светска супер звезда Анастасиа. Како жири комисија се појавија, пак, Исмета Дервош,Тончи Хуљиќ, Марина Туцаковиќ, Мирко и Снежана Вукомановиќ, Николина Писек, Милан Калиниќ, Ана Михајлоски, Драган Маринковик-Маца и други. (В.М.)
[/FONT]
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Мене искренооооооооо....ич ама ич не ме бендисува..... не знам бе.. многу ми е.... абе влезена е во некој филм ... порано појке ме бендисуваШе беше скромна мирна... сега е висока мода и големо добро утро ..... а добра пеачка е има глас само некако ретко го користи во сегашниве песни
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]НА СТАРТОТ НА ШОУТО "ОПЕРАЦИЈА ТРИУМФ"[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Каролина и Анастасија станаа другарки[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Поп sвездата Каролина Гочева завчера вчерта настапи на отвораето на најголемото балканско шоу "Операција Триумф", каде се запозна со светски познатата пејачка Анастасија. Каролина вели дека е изненадена од нејзината љубезност и од тоа колку како голема sвезда се однесувала нормално.
-Се воодушевив од нејзината љубезност. Ми пријде и ми рече дека многу и се допаднал мојот настап. Нормално, на тоа јас реков дека таа ми е омилена пејачка и на настапи во живо задолжително пејам нејзини песни, на што многу се израдува. На крајот си раЗменивме наши албуми, ни рече Каролина.
Каролина настапи со песната "Се лазам себе"во дует со Александар Белов од Неготино, еден од македонските натпреварувачи.
Шоуто "Операција триумф" се пренесува на сите простори на екс ју, освен Словенија, што значи опфаќа повеке од 20 милиони публика.
Покрај неа на шоуто настапија големите балкански звезди Јелена Розга, Сергеј Четковиќ, "Лет 3", како и големата светска супер звезда Анастасиа. Како жири комисија се појавија, пак, Исмета Дервош,Тончи Хуљиќ, Марина Туцаковиќ, Мирко и Снежана Вукомановиќ, Николина Писек, Милан Калиниќ, Ана Михајлоски, Драган Маринковик-Маца и други. (В.М.)
[/FONT]
И мене Милорад Чавиќ ми има подарено маица, ама не сме пријатели. Значи овие новинариве од Вест како што знаат да ги пренапумпаат работите, никој друг не може.
 
Член од
1 јули 2006
Мислења
853
Поени од реакции
84
И мене Милорад Чавиќ ми има подарено маица, ама не сме пријатели. Значи овие новинариве од Вест како што знаат да ги пренапумпаат работите, никој друг не може.
Дали му кажа дека тој ти е омилен пливач? можеби кје били сте пријатели :pos: шала.
А за Каролина.. немам што да кажам , ако пуштат на пример песна од неа.. би можела да пројде :pipi:
 
maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
абе каролинчето кое толку многу го почитуваше тоше и многу и беше тешко после неговата смрт кај е на неговиот концерт?
а дијаманте?
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
И јас се прашувам КАЈ е, а те прашувам кај е Есма, кај е Антонија Шола, Жељко Јокимовиќ, .сепак и тие беа најблиски негови соработници, посебно Антонија
али не е до Каролина, Антонија или било кој
едноставно НЕ СЕ ВИКНАТи кога некој непотребен одлучува кој ќе пее, кој не...а нека лижеме ГЗ на Руслана за која ТОШЕ јасно кажа дека не знае девојката да пее
 
Баш затоа што Руслана НЕ ЗНАЕ да пее освои 1во место , додека "ангелот" наш знае освои 14то место? така?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
не знае девојката да пее
Кажа, во моментот на бес и гнев кон начинот на комшиското "на ти го - дај ми го" доделување на поените на Евровизија.
Потоа кога Руслана беше во Скопје, се` најдобро зборуваше за неа. Ја нарече шармантна и уникатна девојка. Или го заборави ова?
 
Член од
4 април 2008
Мислења
251
Поени од реакции
15
Баш затоа што Руслана НЕ ЗНАЕ да пее освои 1во место , додека "ангелот" наш знае освои 14то место? така?
Pa toa treba li da znaci deka Tose peese poloso od Ruslana, taa imase porazlicna pesna (sto ne znaci deka ima fenomenalen glas) i normalno kako sto kaza i Tose nie so komsiite si go nemame na ti go- daj mi go, tuku samo na ti go od nasa strana.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
па сега извинете без разлика, али во АФЕКТНА Состојва, импулсивно се кажуваат најголемите вистини............и Тоше тоа и го мислел за Руслана, али ете откако поминал тој без и афектот , сфатил дека не вреди да кажува лошо за Руслана, кога таа може да му стане одлична соработничка .
тоа ми е идејата за тоа што пишав......гостите кај ТОШЕ се одбрани којзнае како....Јас искрено најмногу жалам што АНТОНИЈА не е повикана
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]КАРОЛИНА СНИМАШЕ ТВ ШОУ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Спој на традиција и гламур [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]- Ги споивме традицијата и гламурот", ни рече поп-sвездата Каролина Гочева завчера додека го снимаше своето ново Тв шоу, за песните од новиот албум "Македонско девојче".
Каролина заедно со "Томато" продукција работеше цел ден и цела ноќ на поткровјето на стара зграда во центарот на Скопје. Во проектот нема статисти, друштво на Каролина и прават музичарите кои ја следат додека пее.
Идејата на режисерот Бане Поповиќ е амбиентот на просториите во старински стил да се вклопи со песните од цедето.
Елегантно облечена, Каролина ни позираше во една од трите облеки што ги смени во текот на снимањето. Останатите, стилистката Цаци Паковска не сакаше да ги открие.
Ова е второ профофесионално Тв шоу на Каролина. Пред три години, таа со истата екипа снимаше спотови за песните од албумот "Знаеш колку вредам". И ова, како и претходното шоу ќе се емитува на нашите и на неколку телевизиски канали на Балканот.
[/FONT]
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
КАРОЛИНА СНИМА СПОТОВИ ВО„ЖЕЛЕЗНИЧKА“
„Македонско девојче“ ќе добие комплетна видеоприказна
Гочева со „Томато продукција“ деновиве ги снима кадрите за спотовите за албумот „Македонско девојче“ во зградата „Железничка“ чии простории се комплетно уредени во стилот од 40-тите години

Секоја песна од новиот албум на поп-ѕвездата Каролина Гочева, „Македонско девојче“ што го направи со Златко Ориѓански, ќе добие своја видеоприказна што ќе ја долови автентичната атмосфера на новиот проект. Каролина заедно со „Томато продукција“ деновиве ги снима кадрите во зградата „Железничка“, чии простории се комплетно уредени во стилот од 40-тите години. За време на снимањето, на кое присуствувавме, владее мошне релаксирана и забавна атмосфера, а Каролина вели дека тоа е така бидејќи добро ја познава екипата со која соработува веќе неколку години.

- Во принцип секогаш сум расположена на снимање. Работам со „Томато“, екипа што многу добро ја познавам. Овој концепт, снимање видеоспотови за цел албум го пробавме со мојот последен поп-албум „Во заборав“. Не планиравме да снимаме посебни спотови за сите песни и се покажа како мошне добар рецепт. Овој албум е многу специфичен, автор е Златко Ориѓански и сите песни се во ист стил. Затоа сметавме дека заслужува да добие и целосно видеоиздание. Мислам дека целиот амбиент тука, заедно со стариот мебел го доловува албумот комплетно. Не ми е тешко да ги покажам емоциите бидејќи се соживеав со песните и ги сакам многу - вели Каролина.

На снимањето присутен беше и бендот на Каролина, за кој вели дека ќе ја следи и за време на сите концертни активности за промоција на „Македонско девојче“ што ќе се случат во иднина. Режисерот на целиот проект, Бане Поповиќ вели дека најтешкиот дел било да се пронајде соодветен простор што ќе ја долови атмосферата на албумот.

- Едно време планиравме да снимаме во Битола, во Офицерскиот дом, но потоа го најдовме овој простор. Оваа зграда која ја викаат „Железничар“ на времето била киносала и собиралиште за забави, манифестации. Кога првпат влегов во просторијата беше премногу руинирана, но ја средивме и заличе на тоа време. Секоја песна од овој албум ќе има посебна сценографија, поинаква приказна.

Поповиќ потенцира дека со Каролина воопшто не му тешко да работи. Има огромен талент во неа и мислам дека ни самата не е свесна за тоа. Кога ја снимаш, го дава тоа што секој режисер сака да го види и тоа го прави на мошне природен начин. Отпуштена е максимално. Еве веќе неколку дена снимаме, вчера чекаше три и пол часа да почнеме со снимање без да каже ниту еден збор.

Гламурозен имиџ
Стилистката Цаци Паковска, која се грижи за имиџот на Каролина, вели дека во овој проект Каролина ќе биде гламурозна, шик и секси. Бидејќи песните на овој албум се мошне специфични, во нив има малку етно, танго, народно, сакавме да дадеме некаков контраст со облеката, но и да останеме верни на имиџот на Каролина кој го гради сите овие години. Каролина изгледа гламурозно, шик и секси, мало навраќање кон 40-тите и 50-тите години - вели Паковска.
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Аман со текстовиве од Вест бе...
Барем едит користи, не реди постови еден под друг.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom