Каролина Гочева

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Мене Каролина не ми се допаѓа само затоа што нема никакви емоции, здрвена е и не знае да се однесува со деца, не знае ни да го гушне ако и даде цвеќе на концерт.
Тоа што има убав глас и песни си е друга работа, за тоа нема збор.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
ова е интервју шо го дава Каролина некое време по смртта на ТОШЕ, за ЗЛИТЕ ЈАЗИЦИ е



„Tи си немир што ме тера да се навикнам, да верувам во љубовта ...“ е рефренот на песната „Немир“, дуетот на Тоше и Каролина. Нивно прво заедничко музичко искуство кога таа имаше 20, а тој 19 години. Беа речиси деца, на прагот на убавите нешта и Каролина со задоволство се сеќава на тоа време.

„Со Тоше се запознавме 1997 година на Скопскиот фестивал. Спонтано ни тргна муабетот, стоевме во група и колегијално кажувавме кој ни е фаворит... Беше многу поискрена тогашната наша естрада, а луѓето поспонтани. Тоше веќе беше со ’Авалон‘ една година, а во 2000 година јас го потпишав договорот и тогаш ни се случи дуетот - прв во мојата и во неговата кариерата. Интересно, кога и да бевме заедно, пеевме, некако ме понесуваше таа неговата енергија. И навистина Тоше постојано пееше. И секогаш беше насмеан. Ни се сложуваа гласовите и со часови пеевме балади. И приватно се дружевме, многу сакаше да раскажува вицеви, па снимањето на спотот за ’Немир‘ во Белград помина во фантастична атмосфера. Беше октомври, есента само што започна и дуваше кошава. Шетавме по ’Кнез Михајлова‘ и ги бендисувавме излозите. Кога почнавме со снимање, имаше толку спонтани реакции што не беа во сценариото и што режисерот не помислуваше да ги тргне. Денес, кога ќе го погледнам ’Немир‘, се растажувам од глетката - колку сме млади и безгрижни. И кој можел да претпостави дека по седум години еден од нас нема да биде жив... Со Тоше заедно патувавме во Австралија, десет дена бевме во Мелбурн и во Сиднеј за време на одржувањето на Олимписките игри. Се сеќавам дека бевме воодушевени од прекуокеанската природа, се' ни беше волшебно и имавме сила на многу нешта одново и одново да им се радуваме“, вели Каролина.

На петте мартовски концерти во Универзална сала, Каролина беше специјалниот гостин на Тоше, го пееја дуетот, а во времето кога кариерите им одеа напоредно, ја имаа и заедничката промоција во Белград, во „Интерконтинентал“. Каролина го промовираше албумот „Јас имам песна“, Тоше – „Синот божји“, а издавачот беше БК.

„На белградските новинари им беше многу симпатично тоа што се обидуваме да зборуваме српски и што се гаѓаме со падежи. Ама таму никој не ни забележи, напротив. Станавме омилени на седмата сила. Инаку, со Тоше се оддалечивме откако престана да соработува со ’Авалон‘. Секој на своја страна, контактите ни стануваа се' послаби за да крај сосема да ги снема. Беше зафатен, и последната средба ни беше минатото лето, на плоштадот во Скопје, на манифестација во чест на Крсте Петков Мисирков. Кога се здогледавме, за момент само се гушнавме, потоа тој се качи на сцена, испеа и си замина. Нема ден, а да не ми помине низ глава, не можам да ја избришам сликата и чувството колку навистина беше прекрасен човек“.
 
Член од
27 јули 2008
Мислења
46
Поени од реакции
3
Девојката е катастрофа, како појава нема грам квалитет, блаах, ама си пее за пеење.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Каролина меѓу првите најсекси жени на балканот


Поп пејачката Каролина Гочева според познатото српско списание FHM се најде на топ листата на најзгодни жени на балканот. Нашата Каролина според гласовите на читателите од целиот свет на сите FHM списанија е ставена на листата на 100 - те најсекси жени. На првото место е фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражњатовиќ, на второто место е Ана Ивановиќ а третото и припадна на актерката Меган Фокс, која во светското гласање од читателите на сите FHM списанија е избрана за кралица на сексипилот

Каролина Гочева не успеавме да ја добиеме за да ни искоментира околу оваа нејзина титула. Таа беше првата македонка која се сликаше за овој престижен магазин, а по неа се сликаше и нејзината колешка Елена Ристевска.
 
Член од
15 март 2006
Мислења
95
Поени од реакции
5
зад Каролина стои најсриозната продуцентска куќа!!!!!!
зашто АВАЛОН не земе некој друг туку од самиот почеток соработуваше со многу, али до КРАЈ, до сега остана само со Каролина?????????
Moram da ti repliciram na ova.Toa ti sto go naveduvas ne e kvalitet,pa i Tose bese vo Avalon pa prestana da sorabotuva so niv,znaci li toa deka ne e kvaliteten,istoto vazi i za Vlado Janevski.Toa sto ostanale samo so karolina ne znaci deka taa e najdobrata i nakvalitetnata pejacka vo Makedonija.

Sto se odnesuva za nejziniot "human" predlog da glasaat site za navivackata pesna na Tose mesto na nejzinata,navistiona mi bese smesno i pateticno toa,zatoa sto site ama bas site znaea deka Tose ke pobedi,i ne samo poradi emotivniot period vo koj se naogavme vo toa vreme,tuku zatoa sto bez konkurencija imase najdobra pesna.
Ne ja obozavam mnogu kako pojava,osobeno posle ladnokrvnata izjava na 16.10,ama pesnite i se ok,kako i stilot,mada jas ja dozivuvam mnogu ramnodusno,bezlicna mi e nekako.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
741
Поени од реакции
76
Каролина меѓу првите најсекси жени на балканот


Поп пејачката Каролина Гочева според познатото српско списание FHM се најде на топ листата на најзгодни жени на балканот. Нашата Каролина според гласовите на читателите од целиот свет на сите FHM списанија е ставена на листата на 100 - те најсекси жени. На првото место е фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражњатовиќ, на второто место е Ана Ивановиќ а третото и припадна на актерката Меган Фокс, која во светското гласање од читателите на сите FHM списанија е избрана за кралица на сексипилот

Каролина Гочева не успеавме да ја добиеме за да ни искоментира околу оваа нејзина титула. Таа беше првата македонка која се сликаше за овој престижен магазин, а по неа се сликаше и нејзината колешка Елена Ристевска.
Да, доста познато списание :pos: Уау, се нашла во 100-те најсекси жени на балканот??! Браво, секоја чест, таа привилегија ја нема секој :pos2: А на кое место се најде, на сто и првото?? Хихи, ок шала на другата страна ок си е за изглед, ама ова мене не ми е никаква значајна т.н. титула -.- И плус не не обавести кое место го зела:vozbud:

Moram da ti repliciram na ova.Toa ti sto go naveduvas ne e kvalitet,pa i Tose bese vo Avalon pa prestana da sorabotuva so niv,znaci li toa deka ne e kvaliteten,istoto vazi i za Vlado Janevski.Toa sto ostanale samo so karolina ne znaci deka taa e najdobrata i nakvalitetnata pejacka vo Makedonija.

Sto se odnesuva za nejziniot "human" predlog da glasaat site za navivackata pesna na Tose mesto na nejzinata,navistiona mi bese smesno i pateticno toa,zatoa sto site ama bas site znaea deka Tose ke pobedi,i ne samo poradi emotivniot period vo koj se naogavme vo toa vreme,tuku zatoa sto bez konkurencija imase najdobra pesna.
Ne ja obozavam mnogu kako pojava,osobeno posle ladnokrvnata izjava na 16.10,ama pesnite i se ok,kako i stilot,mada jas ja dozivuvam mnogu ramnodusno,bezlicna mi e nekako.
Браво, со истите зборови сакав да и реплицирам...Тоше што замина од Авалон, значеше дека не е квалитетен пејач?????
И со второболдираното се согласувам комплетно...Се знаеше дека ке победи Тошка, пошто му нема рамен!!
Каролина, :bip:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
морам да признаам дека ми се допаѓа многу образложението на ПОИСОН, зашто? нити ја навреди Каролина, а кажа зашто и не му се допаѓа, си кажа онака без преувеличување, тоа го почитувам навистина, и покрај тоа што ПРИСТРАСТНО не се согласувам, хаха
али навистина ретко добар пост што е контра каролина
али како и да е, квалитетот БИЛ, кога тогаш во АВАЛОН, они сигурно не би соработувале со Ноне или Вукичевиќ? хаха
а единствено што ќе речам е дека предлогот и беше ХУМАН, сепак бе луѓе, ти или јас да сум се дружела со некој, толку време, па после неговата смрт, нема ли да ми значи тој спомен, нема ли да направам нешто ако можам за таа личност?
па дај, не бидете сурови, КАРОЛИНА можеби е ладна, али тоа не е исто со ЛОША личност, па и јас сум ладна и не плачев кога Тоше умре, али моите емоции си ги оставив за страна , за интимата моја....зар треба сега да ме осудувате?
не бидете толкку сурови, Ако е ладна не значи дека е лоша, рамнодушна или цинична, размислете
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
не бидете толкку сурови, Ако е ладна не значи дека е лоша, рамнодушна или цинична, размислете
Па не ја знаеме лично а верувам дека ни ти не ја знаеш лично, туку рековме дека лош впечаток остава. Таа можеби си е добра, ама кога донирала нешто за некого последен пат? Кога сме последен пат сме ја виделе во списанија да гушка детенце?
А дека има глас и дека има убави песни, тоа е факт и не можеме да го замериме.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
741
Поени од реакции
76
морам да признаам дека ми се допаѓа многу образложението на ПОИСОН, зашто? нити ја навреди Каролина, а кажа зашто и не му се допаѓа, си кажа онака без преувеличување, тоа го почитувам навистина, и покрај тоа што ПРИСТРАСТНО не се согласувам, хаха
али навистина ретко добар пост што е контра каролина

али како и да е, квалитетот БИЛ, кога тогаш во АВАЛОН, они сигурно не би соработувале со Ноне или Вукичевиќ? хаха
а единствено што ќе речам е дека предлогот и беше ХУМАН, сепак бе луѓе, ти или јас да сум се дружела со некој, толку време, па после неговата смрт, нема ли да ми значи тој спомен, нема ли да направам нешто ако можам за таа личност?
па дај, не бидете сурови, КАРОЛИНА можеби е ладна, али тоа не е исто со ЛОША личност, па и јас сум ладна и не плачев кога Тоше умре, али моите емоции си ги оставив за страна , за интимата моја....зар треба сега да ме осудувате?
не бидете толкку сурови, Ако е ладна не значи дека е лоша, рамнодушна или цинична, размислете
Добро бе, се читаш што пишуваш?? :vozbud::vozbud: Па пак значи како и да е и на најкултурен начин, пак е контра Каролина...И не сме сурови фор гад сејк не ја праќаме ние на бесилка божееее:pos2: И јбг хендикеп и е тоа што е ладна, со тоа само си ја брка публиката, каква сака нека си е интимно, светица или лошотилок, нејзин проблем, битно треба да знае како да се понаша со публика за да ја сакаме...И тоа е тоа
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Синоќа беше гостинка во Струмичката дискотека Платинум. И без разлика колку бесчувствителна и ладна мислите дека е, сепак оствари убава врска со публиката, пееше од срце и секако беше прекрасна. Според мене најкомплетната женска вокалистка кај нас!
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Каролина е најдобра пејачка, пошто само Каролина и Тоше се синоним за МК музиката низ Балканот!
Секој има право на свој вкус, ама не е ни ОК ова што земате со хајкава против КГ.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
јас не сфаќам зашто толку контра каролина, како и да е, убаво си кажа маестро
ТОШЕ и Каролина се синоним за македонската музика на Балканот
во србија ги знаат уште елена,, тамра, калиопи, и тоа е
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Како не сфаќаш, Дијаманте?Со таква нарцисоидност и препотентност никој нема да ја сака.Добро, освен ти.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
e кога покажала дека е нарцисоидна или дала на знаење дека само она вреди у Македонија? НИКОГАШ, а таа наводна препотентност се должи на срамежливост, скромност, потреба да не открива премногу детали за себе во јавноста
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
741
Поени од реакции
76
Како не сфаќаш, Дијаманте?Со таква нарцисоидност и препотентност никој нема да ја сака.Добро, освен ти.
Тачно :icon_bigg

e кога покажала дека е нарцисоидна или дала на знаење дека само она вреди у Македонија? НИКОГАШ, а таа наводна препотентност се должи на срамежливост, скромност, потреба да не открива премногу детали за себе во јавноста
Едно големо LOL :pos::pos::pos::pos::pos:



И нема потреба да даде на знаење дека
само таа вреди, затоа што тоа не е точно
 

Kajgana Shop

На врв Bottom