Маријана Н. годинава го заврши средното образование со одличен успех. И покрај тоа што петките на свидетелствата и' овозможиjа сигурен упис на факултет, таа се' уште не е сигурна дали ќе го продолжи високото образование. „Се запишав во државната квота, но и таму се плаќа. Дополнителен трошок се уплатите за испити, книгите, храната и превозот до факултет и назад. Не сум сигурна дали моите родители ќе можат да го издржат сето тоа“, вели Маријана. Родителите на оваа млада студентка се невработени. Таткото на Маријана работи во приватна фирма и не е пријавен, додека мајка и' е невработена. За упис на факултет родителите на Маријана земале заем и не се сигурни дали ќе можат да го вратат навреме. Благој В. од Кочани ни кажа дека има сосема спротивно искуство. Тој се запишал на Правниот факултет во Софија. Одлично му оди. Не ги оптоварува родителите. Ништо не плаќа, има привилегии. Имам, вели, бугарски пасош кој важи во ЕУ и веќе можам да најдам дополнителна работа во Софија.
Благој ни кажа дека во Бугарија има повеќе илјади студенти од Македонија кои се одлично примени и кои студираат без трауми и фрустрации. Многумина од нив многу лесно ќе се вработат во Бугарија, бидејќи важат за талентирани студенти.
За студирање во Бугарија нема кампања и реклами. Личните искуства се најсилната кампања. Кога би ги имал истите услови и привилегии во мојата татковина, сигурно дека не би студирал во Бугарија, вели Благоја.
Кај нас Владата засега промовира соништа и со медиумска кампања, според мислењата на многумина граѓани, тропа на празна врата. „Имаме сон“ е слоганот кој се врти во новите реклами со кои Владата се обидува да влијае на свеста на граѓаните, информирајќи ги за бенефитите од образованието. Со дванаесетте рекламни спотови граѓаните би требало да се информираат за важноста и за вредностите на образованието во времетраење од четири месеци. Нискиот стандард, неможноста за намирување на трошоците за високо образование со една месечна просечна плата, како и видниот недостиг од модерни методи и учебници во наставата, ја оспоруваат ефективноста на овој нов маркетиншки потег на државниот врв........
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=352B6B111720EF46922CA581B7EA0A10