Razgovorot go prefrlam od temata
Има ли во ВМРО вмровци? zatoa sto del od razgovorot pocna da se pretvora vo odelna dosta interesna tema.
Naslovot na temava bi trebalo da e poinaku, no zatoa sto nemase mesto go napisav vaka. Ovaa tema ke zasegne dve mnogu vazni prasanja:
- Dali politickata partija DPMNE ima pravo da go koristi imeto na VMRO ?
- Dali VMRO e isto so Delcevoto MRO, ili e velikobugarska teroristicka organizacija sozdadena od TOdor ALeksandrov vo 1920 godina?
i kako dopolnuvanje se doagja do logicno dopolnuvanje na dilemata - Ako VMRO ne e isto so MRO, tuku e imeto dadeno od Aleksandrov, togas dali DPMNE e sledbenici na Aleksandrovoto VMRO ili Delcevoto MRO?
Намерно го земам како цитат првиот текст со кој е почната оваа тема,
за да потсетам дека одамна расправата е забегана и не е даден во ниту еден момент вистински одговор.
Прво, таков одговор објективно не може да се даде затоа што прашањата се сугестивни и го ограничуваат просторот за одговор, и
Второ, прашањата сами по себе предизвикуваат конфузија затоа што поставени едно до друго со различен контекст ги прави контрадикторни сами по себе, затоа што
во првото се сугерира на политички контекст, во основа прејудицира рестриктивен пристап, порестриктивен од Уставното решение за граѓанските и политичките слободи и права како темелни вредности, а кои се однесуваат на правото за слободно политичко здружување.
Додека
во второто прашање се импутираат историски невистини и полувистини,
демоде се прави обид да се манипулира со трансмисија на карактерот на македонското револуционерно движење во 19 и 20 век, кога анархизмот па и облици на тероризам го немаат денешното значење на она што го подразбираме под на пример ,алкаеда,.
Мислам дека стапицата во која како во менгеме е приклештена современата македонска национална свест, е токму во октроираниот избор, се што е позитивно да се сублимира во една личност во ,Гоце,, прифативме без оглед на вреднувањето да се откажеме од историските личности, доброволно им ги поклонивме на нашите негатори. Во тоа е трикот затоа што тие кои не осудија да веруваме само во една личност, таквите 100 годишни стратегии на нашето опкружување филигрански прецизно пресметале, велемајсторски со децении однапред потези, како во шаховски проблем- мат во 4-5 децении на пример, дека со отварање на архивите ќе не дезориентираат национално (уште повеќе ако 5 децении некој намерно го сопираше нашето соочување со траумите од закаснетите сознанија). Гоце не може да стане и да дообјасни, да демантира, ниту пак можеме во тоа да си помогнеме со ДНК анализи.
Знам дека ризикувам погрешно да ме сватите, но сакам да изведам една поента за овде на нашиов форум !
Дека доколку прифатиме да раправаме лаички за историските факти, во одбраната на нашето македонско национално чуство, прифаќајќи теоретски полемики, наместо емпирички да ја црпеме силата на аргументите од тоа како нашите прадедовци и дедовци ни кажувале дека сме Македонци, ние ќе им влеземе во шема на бугарскиот врховизам , но и на српскиот хегемонизам.
Или едноставно кажано прифаќањето овде на форумот да се расправа ,интелектуално, со историски аргументи како со ,ПАВЕЛ ЛИПРАНДИ, на пример е исто како да разговараш со Бугарската академија. Истата извештеност прикриена со вешт баланс со другите загрозувања, во цивилизациска обланда, меко зуц муц
во основа ПЕРФИДНО од антимакедонски позиции.
Македонија ќе ја одбраниме со нашата верба, ако е во нашите срца, за патриотизам не треба факултети, доволно е само да се потсетиме што зборуваа нашите прадедовци и дедовци !!!