- Член од
- 14 ноември 2009
- Мислења
- 17.344
- Поени од реакции
- 15.628
Слушнале на вести дека се откажуваме од евро интеграциите, па надворешна-европа, си нашле некоја логикаЗашо сите си идат од надворешна? Најбољи смер е :pos2:

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Слушнале на вести дека се откажуваме од евро интеграциите, па надворешна-европа, си нашле некоја логикаЗашо сите си идат од надворешна? Најбољи смер е :pos2:
Слушнале на вести дека се откажуваме од евро интеграциите, па надворешна-европа, си нашле некоја логика![]()
Леле и јас сум на надворешна, па колега ако не ни одобрат ќе си се дружиме
Ке видиме за некое време. Планирам за една недела пак да тркнам до факултетот и пак да прашам. Ако ни одбијат ке се дружиме на надворешна.
со кого правеше мубет со теткине на студентски , раководителот или стаса и далеку погоре:pos2: значи работава им е кој како ќе разбере така нека си плати и прави за се нејасно на кајгана форумот зш ние НЕ ЗНАЕМЕИмаше некој пишано претходно во некој пост, ама не се замарај џабе, такво нешто не постои
--- надополнето ---
01-09.11 и 23-31.12
Ај, тогаш и на мене помагај :smir:
Се думам меѓу еколошки менаџмент, социологија, теории на социјален развој, демографија, деловно комуницирање..
:salut:
Бираме по еден во зимски и еден во летен. Значи вкупно 8 би требало да бидат за сите години
Бидејќи ја сум пред дипломирање, како што мене ми изгледа, за вработување смерот и е не толку битен, не ти бара никој конкретно да бидеш ова или она, бара да бидеш економист. Сега, нормално дека ќе сакаш да го работиш она за кое си студирал/а 4 год, ама и да не успееш конкретно со тој департман, секогаш имаш опција да работиш нешто друго, а сепак да биде поврзано со економски факултет. Има многу мои колеги, од департман менаџмент, кои работат во банка на пример.
А што се однесува до тоа кој е полесен, мислам дека по тежина сите се горе-долу исти. Најважно е да го избереш она шти ти го сакаш и што најмногу ти лежи.
--- надополнето ---
)
Овие предмети сум ги имал, и за нив еве што мислам:
Девизна политика НЕ Има скратен материјал од по 40 стр за секој кол, ама мораш се да го научиш убаво, а и доста е тежок материјалот. Проф, Наталија Николовска, не мора да имаш присуство , а и не знам дали на крај дали даваше поени за тоа. Може да се предава.
Државна регулација да Проф, Трајко сЛавевски, се вртат исти прашања последниве години, значи од 15 прашања 10 се исти а 5 нови. Треба да се запишеш еднаш на список и повеќе не бара присуство.
Економија на јавен сектор НЕПрв кол, го препишав, полагавме во читална, а за втор најдов прашања и истите паднаа . Ама една година после мене викаат дека било далеку потешко. Проф, Кекеновски, не бара присуство, може да се направи групен проект со презентација, ама не сум сигурен како даваше поени за тоа.
Економско планирање Да Проф, Сашо Ќосев, пред две години се вртеа истите прашања, јас поминав на испит, со скор исти прашања што паднаа на кол. Може да се изработи групна домашна, од која се добива по 20 поени. За присуство не знам, како што кажав одев на испит.
Опшествено богатство Викаат ова година ќе се смени професорот, а иначе предаваше Методија Стојков. Сега го полагав во Јуни, се поминува на испит со материјал од 15 стр. Има околу 50 прашања што постојано се повторуваат. Ако остана професорот да, ако се менува не.
Политика на социјален развој НЕ Пишав на предходната страна зошто, професорот Ристо Христов е како ќе дувне ветерот, единствен до сега кој што мислам дека не ги прегледува тестовите. Некој вика дека му е лесно, некој ич не му е по кејф. Исто важи и за Социологија.
Политика на технолочки развој НЕ Златка Поповска многу строга, сега пред некој ден ја имаше на Тв на телма, се фалеше таму нешто најмлад доктор на науки, или за што немам поим. Предметот течки глупости, прашањата тешки.
.
Применета економија не Проф, Пеце Недановски, добар професор, само многу има за уцење.
Развој на економска мисла Не Кај методија Стојков, обемен материјал, го полагав јас во прва, мислам дека слушнав дека сега се повторувале прашањата, ама не знам. Истиот проф од опшествено богатсво, може ќе оди во пензија може не.
Летен
Аграрна политика ДА Сашо Ќосев . Има и слајдови и прашања. Го полагав оваа година, паднаа истите прашања, имав 98 од 100. Дава групна домашна работа која носи 20 поени.
Еколошки менаџмент Може Може Кај пеце недановски, пушта на следен кол, ако имаш 10 поени од 100, само треба да предаваш. Има малце повеќе за уцеше околу 50 до 60 стр од кол, ама еден од полесните. Јас го полагав предметов како Економија на животна средина, мислам дека е истиот.
Економетрија НЕ Само уште ова ми остана, комбинација на математика, статистика, се работи на компијутер.
Економски развој НЕ
Индустриска политика Да Владимир Пектовки, се вртат некои прашања, пофесорот е добар, материјалот е лесен, повеќе се глупости, книгата е напишана пред 30 години.
Меѓународна Економија не Ирена Кикеркова
Микорекономија не Олга Градишка
Управување со системи Не Исто кај Златка, исто срање друго паковање
Регионална Економија НЕ НАталија Николовка, истиот проф од девизна политика.
Значи јас вака би одбрал, за зимски, прв избор економско планирање, па државна регулација, па опшествено богатство.
За летен, Аграрна политика, потоа индустриска политика, па еколочки менаџмент.
И економско планирање и Аграрна се кај истииот професор. Сепак ова е мој , избор, зборам од мое искуство, некој друг може има спротивно мислење.
Уште еднаш да кажам некои од предметите , сум ги имал и пред две или три години, значи до сега може да има големи промени. Плус тогаш некои не беа избори, и ако сите дознаат дека се полесни, може ако има повеќе студенти, да биде промент критериумот.
Горе ги запишав сите премети што сум ги имал, а ги имаше на листата за изборни, за тоа треба да се распрашате и за другиве премети.
Ај уште за ова да запишам.
За вработување не се бара посебно некој смер, побитно е да имаш некаде врски или пак треба да имаш просек над 8 или 8,5 за колку да се појавиш на некое интервју. Зборам за банкиве, вака по други фирми, пак ќе кажам се е во тоа колку врски имаш и да имаш малку повеќе среќа.
Од смеровиве јас мала предност би дал на Е бизнис, се работи на Англиски, на компијутери, има повеќе пракса, другиве смерови, ништо од тоа нема да видиш. Јас сум Економија.
Ај уште за ова да запишам.
За вработување не се бара посебно некој смер, побитно е да имаш некаде врски или пак треба да имаш просек над 8 или 8,5 за колку да се појавиш на некое интервју. Зборам за банкиве, вака по други фирми, пак ќе кажам се е во тоа колку врски имаш и да имаш малку повеќе среќа.
Од смеровиве јас мала предност би дал на Е бизнис, се работи на Англиски, на компијутери, има повеќе пракса, другиве смерови, ништо од тоа нема да видиш. Јас сум Економија.
Абе ние ќе си поднесеме фино лепо молба, па на 15 септември сигурно ќе си знаеме, дали ќе го биде или не![]()
A да прашам која година сте? Затоа што лани една моја пријателка, во втора година го бараше истото што и вие, па ја одбија и и рекоа да бира кој сме друг сака, само не финансиски затоа што тамо е преполно. Можеби ќе ви одобрат, ама тешко
Јас сум за втора и на е-бизнис сакам