naumdb
Кајгана Менаџер!!!
- Член од
- 5 јуни 2007
- Мислења
- 9.016
- Поени од реакции
- 5.681
ЈБГ, јас кога ќе бидам декан така ќе направам. Ептен се изнервирав со ова плаќањава, не знам од кај им текнуваат вакви генијалности, можат слободно да го променат системот од ЕКТС во „уништи ги студентите“ или „исцицај ги до крајност“ систем... Колку што знам ЕКТС е начин на студирање според кој студентот не може да пише квадрат, туку си влече предмети и си плаќа само за предметите. Но еве слушам кај нас ем ќе си платиш за квадратот и + ќе си платиш за предметите и тоа ти е еднакво на повеќе студенти во „фабриките за дипломи“. Бев прееска, кај седум вечерта на факултет... и стварно не видов никакво соопштение кое се однесува на нас, новозапишаните студенти. Инаку презапишување на предмет по прв пат според ценовникот изнесува 25 евра... но изгледа тоа се набавните цени а госпоѓите од студентски прашања си пресметуваат и амортизација на проширени вени. Од кај да знам дека не ме крадат брееееее... кога никаде не пишува цени за запишување година, пишување квадрат, а и цените кои ги бараат за презапишување предмет се различни. Инаку петицијата се потпишува пред студентски сојуз...Така е најлогично.
Баш сакам овој наумдб пророкот да е во право. Од август ни збори за ова.
Ма од јули :devil3:
Мој совет ти е да си продолжиш на приватен и тоа што побрзо, толку подобро!!!Ќе може ли некој од поискусните да ни одговори во врска со изборните предмети за втора година. Вашиот совет многу ќе ни значи![]()
Па оди земај оценка, шо чекаш :nerv:Значи имам еден заостанат кој го полагав сега и за кој сеуште нема резултати и еден од кој немам земено оцена. По вашава логика би требало да ги платам двата? Нема шанси!!! :nerv: