Ѓукановиќ: Црна Гора ќе го признае Косово
Лидерот на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, рече дека „Црна Гора, како и сите држави од регионот, на крајот ќе го признаат независно Косово“.
„Ние се определивме да бидеме дел од ЕУ и ќе мораме да ги испочитуваме нејзините одлуки. На Црна Гора не и припаѓа улогата на знаменосец, кога е во прашање независно Косово и секако таа нема да сака да го признае. Но, на крајот таа ќе го стори тоа како и останатите земји од регионот“, рече претседателот на ДПС во интервјуто за сараевската телевизија „НТВ хајат“.
На прашањето каков е ставот на официјална Црна Гора пред вториот круг од изборите во Србија, Ѓукановиќ одговори дека се надева оти Србија ќе го заземе европскиот пат.
Тој добриот изборен резултат на радикалот Томислав Николиќ го препишува делумно и на властите во Белград на чело со премиерот Воислав Коштуница и претседателот Борис Тадиќ кои, како што рече „со невешта политика, особено околу националните интереси“ му оставиле простор на Николиќ.
„Србија, според се, треба да биде локомотива што ќе го влече регионот напред и кон Европа. Меѓутоа, поради добро познатите работи од блиското минато, таа е последниот вагон од таа композиција“, додаде Ѓукановиќ.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=88987
Gjukanovice zarem i ti sine

Gi zaebija srbendite , ova e zaradi albanskite glasovi za nezavisna Crna Gora koi bea klucni.