Пилот државна матура 05 и 06.12.2007

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
По сите случки во врска со фамозната државна матура, конечно дојде периодот кога ќе се полага пробната (пилот) матура. Секако мислам дека сите кои оваа година завршуваат средно школо, се заинтригирани и заинтересирани со спроведувањето на оваа пилот матура, која според многу изјави и договори би требало да реши многу прашања околу оваа проблематика.

Значи, утре во 8, ќе започне пилот испитот по македонски јазик и литература(албански или турски), а на 6ти, во четврток следи испитот по изборниот предмет(математика или англиски)

Секако дека целокупната македонска јавност беше заинтригирана со настаните од месец октомври, односно со протестите на средношколците, па затоа мислам дека на сите би не интересирало токму спроведувањето на пилот матурата.

Какви се впечатоците на матурантите, а по нив и мислењата на останатите.
 
Ќе испопаѓаат со 60 % тоа е. Се надевам на успех, имаме гении ама........
 
Добро мислам вака малце филтрација се прави ако ништо друго...
Нема да има после на факултет фрки кога од некои села ќе ви ги земат местата со 5.00 па ќе испопаѓаат на прв колоквиум со 0 бодови сите...

Не отфрлајте идеи пред да ги пробате
 
Утре полагам јас пробна.Не се спремав само да видам како ке биде.
 
Ќе испопаѓаат со 60 % тоа е. Се надевам на успех, имаме гении ама........
Хм... ако воопшто излезат резултати колку проценти положиле од средношколците...
Јас лани полагав пробна матура англиски, и до ден денес не ги знам резултатите за тоа колку била успешна матурата...
Инаку воглавно лесна беше таа по англиски, воопшто не очекував дека ќе биде толку лесна... А за по другите предмети не знам...
 
Ја да бев министер за инат утре ќе ве заебев ќе ви даеф прелесно за да сакате...
И после убер-тешко за да испопаѓате

Ама тоа сум си ја :)
 
Добро мислам вака малце филтрација се прави ако ништо друго...
Нема да има после на факултет фрки кога од некои села ќе ви ги земат местата со 5.00 па ќе испопаѓаат на прв колоквиум со 0 бодови сите...

Не отфрлајте идеи пред да ги пробате
А лани вие коа се буневте не беше добро да има филтрација:helou::wink:


Ја да бев министер за инат утре ќе ве заебев ќе ви даеф прелесно за да сакате...
И после убер-тешко за да испопаѓате

Ама тоа сум си ја :)
Затоа не си!!!!!:vozbud:
ДА БЕ МИНИСТЕРОТ ГИ СОСТАВУВА ...ЗЕЗАМ
 
Во право е Mac)) , исто така јас отсекогаш сум бил за да има државна матура, затоа што тогаш ќе се види кој колку знае и за каде е, а не да се тресам да не ме примат случајно во квота со кофинансирање па после да си ја чукам глата од кај да барам пари, заради некој шо дошол од кузнај каде и шо поминал со сите 5ки на лесен начин...
А и така ќе се случеше за малце, за влакно успеав да се задржам на листата за државна квота... А тие што беа први на листата, и за малку ќе ме нурнеа во кофинансирање, еве ги сега паѓаат како круши на колоквиуми, а јас си ги врвам на прва...
 
Добро мислам вака малце филтрација се прави ако ништо друго...
Нема да има после на факултет фрки кога од некои села ќе ви ги земат местата со 5.00 па ќе испопаѓаат на прв колоквиум со 0 бодови сите...

Не отфрлајте идеи пред да ги пробате

од села а ???? малце тапчовци има в град што се откажуваат по 39 минути предавање. SAY SORRY

Во право е Mac)) , исто така јас отсекогаш сум бил за да има државна матура, затоа што тогаш ќе се види кој колку знае и за каде е, а не да се тресам да не ме примат случајно во квота со кофинансирање па после да си ја чукам глата од кај да барам пари, заради некој шо дошол од кузнај каде и шо поминал со сите 5ки на лесен начин...
А и така ќе се случеше за малце, за влакно успеав да се задржам на листата за државна квота... А тие што беа први на листата, и за малку ќе ме нурнеа во кофинансирање, еве ги сега паѓаат како круши на колоквиуми, а јас си ги врвам на прва...

и мене исто ама градски некој...
 
Утре и задутре... Хммм општо познато е дека никој не учи и не се спрема за пробното полагање. Имам доволно за учење по предметиве на редовна настава за да се замарам со лектирите од прва година и слично... И плус овие оценувања на пробната матура нема да ни влијаат при запишување на факултет, така да не се замарам... Единствено ми е битно да знам колку можам да постигнам со ова знаење што го имам без да повторувам и да се спремам, и дали со ова сегашно мое знаење би ја положила вистинската матура. А дали било тешко или не, ќе пишам утре. И задутре.


А, да... И мука ми е што утре треба рано да станам, редовно сум втора смена :)
 
и мене исто ама градски некој...
Ок малце забегавме од темата, али... Дали се луѓето од град или од село не е воопшто битно... Тоа погоре што го напишав се однесуваше за оние кои на лесен начин стекнале 5.00 просек и им го земаат местото на некој друг...
Btw најдобрите мои другарчиња од средно и на факс се од село.
 
мене ми кажаа дека во девет се полага од кај сеа у осум?
 
мене ми кажаа дека во девет се полага од кај сеа у осум?


Да, во 9 се полага ама треба порано да се биде во школо (кај нас рекоа во 8:15 зошто долго ќе трае прозивката...
 
Овие надлежниве за матурава уште од почеток прават киксови.
Едно девојче денес ми кажа дека на списокот од секој клас фалеле по 3-4 ученика, а ако те нема на список не можеш да полагаш.
Ќе биде интересно!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom