Да да за кучиња никако купување од кај Мелита,точно кажа rossonerka погоре,ги купува по мизерна цена од максимум 100 евра (а можеби и 50 евра) и после ќе им лупне цена од 400/500 евра, и + имам чуено дека правела фалсификат педигреа и божем шампиониски кучиња биле тие малите а уствари нивните родители немаат никогаш настапено на изложба.И често тие кучиња се со болести (најверојатно бидејќи нивните родители се во роднинска врска).
А за Персиски мачиња немам имформации какви испаѓаат кога ќе пораснат.
А Скај Дог<no1> кажи поточно за кои раси те интересира.
Има голема разлика во цената пред се заради квалитетот на кучињата.
Доколку сакаш Pet dog,под пет дог се подразбира куче-миленик значи само за твоја желба да си го чуваш и да не го носиш по изложби,тогаш тие кучиња се,како да се изразам...со послаб квалитет и се поевтини.
Но доколку сакаш Show dog да го носиш по изложби и да ги собира сите титули и да има шампионско потекло,е за тоа треба да платиш и тоа многу да платиш.
Затоа ти кажувам цената многу варира од 100 па до 700/800 евра во Македонија,но зависи и од расата доколку сакаш посекојдневна раса што е честа во Македонија (на пример Сибирски самојед,Сибирски хаски,Златен ретривер,Лабрадор ретривер....) можеш да најдеш за 100/150 евра обично кученце а за 300 до 500/600 евра поквалитетно со шампионско потекло.
Но има и такви раси кој што се многу ретки,дури и на балканот се ептем ретки, како што е на пример Тибетскиот мастиф и Англискиот мастив цената на овие кучиња не е испод 1500 евра а може да достигне и до 3000/4000 евра.