Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

  • Креатор на темата Креатор на темата staki
  • Време на започнување Време на започнување
Во понеделник не очекува една од утакмиците која мора да ја добиеме. На гости ни доаѓа новиот прволигаш Херкулес. Херкулес досега покажа дека е добар тим и дека лесно може да си замине и со трите бода од ла Коруња особено затоа што ни фалат Рики и Гвардадо клучните играчи во завршницата од нападите. За среќа се враќа крилото Уретавицкаја, па ќе добиеме на брзина по крилните позиции.
Лотина ја увиде грешката од претходниот меч па во одбраната, на голот и на пикерските позиции ќе настапи со веќе познатите играчи.
Аранзубиа
Пабло Лопо Колото Ајтами Сеоане
Родригез Перез
Дилемите се околу средината. Кога Саул играше како десно крило врзавме неколку победи во серија. Од икс причини беше заменет и веднаш изгубивме. И сега е фит но не е најавен во стратните 11. Тука ќе настапи Урета а како лево крило ќе игра Ласад. Во шпицот на нападот ќе биде Адријан. Да бирав јас ќе почнев со Саул и Урета како крила, а во вториот дел ќе го вратев Адријан како лево крило, за Ласад да биде во шпицот.
Инаку Херкулес ќе изимат 1 000 километри со автобус поради штрајкот на контролорите на Шпанските авиопревозници, па ќе играме и на картата замореност :)
Една победа во овој меч би ни била од огромна значење со оглед на тоа какви дуели ни престојат во следните 7-8 кола...
 
Гооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооол Ласааааааааааааааааааааааааад :vozbud:

--- надополнето ---

Парампарапарарампам парампарапарапам парапаааааааааааам пам парапаааааааам пам парарампарарарам титула :icon_mrgr
Убаво е кога си 7 бода од зоната за испаѓање и на само 5 од Европа, и после катастрофалниот почеток ја забележуваш 4-тата победа во шестиот последователен дуел, третата по ред на домашен терен и седмиот натпревар без примен гол во сезоната.
ДЕПОРТИВО-Херкулес 1-0 за позиционирање на 12-тото место! :icon_mrgr
Класичен меч за Депортиво. Лотина ме послуша и излезе скоро со мојата посакувана формација.
Аранзубиа
Пабло Колото Лопо Ајтами Сеоане
Томас Перез
Саул Урета
Адријан

Прво полувреме класика. Ниту едната ниту другата екипа не се закани посериозно. Кај гостиве воглавно Дренте беше предводник на акциите ама на крајот секогаш беше запиран од Колото. Ние имавме неколку контри кои не успеавме да ги реализираме, а можеби имаше и недосусден пенал, но тоа е тоа. Добивме на брзина со играњето на Урета, па заедно со Адријан беа први во контрите. Релативно лошо беше додавањето во средината. Саул и Перез (иако вториов сечеше многу акции) никако не успеваа убаво да поврзат и одново таа пуста средина се рипнуваше. Вториор дел иста слика. Прво имавме убава шанса. На асистенција на Саул, Адријан излезе пред голот, измеша двајца противнички играчи, но голманот на Херкулес со парада го спаси голот. Запна малце и Херкулес. Ја имаа топката, ние бевме безнадежни. Но и покрај тоа немаа ниедна шанса. Доста слабо го изиграа гостите овој меч, но за воља на вистината и Депортиво не беше на некое страшно ниво. Ни фалеше корпулентен напаѓач како Рики. Адријан се пожали на повреда па во игра влезе Ласад. Добивме во цврстина во нападот. Ласад идеше во соло продори па по еден таков изнуди слободен удар од 40-тина метри. Саул нафрли убаво, Колото ја сврти во петерецот а Ласад само ја закова во мрежата. Огромна радост за сите фанови на Депортиво. Падна можеби и последниот полесен ривалза во следниве неколку меча. Херкулес одново напаѓаа. Влезе во игра Портиљо на местото на Трезеге ако не се лажам. Имаше една убава шанса но Колото блокираше. Депортиво без потреба се затвори а тоа резултираше само со една сто прцентна шанса за гостите на овој меч. Прво Ајтами и Сеоане лошо затворија по десно, но и покрај тоа топката дојде до Лассад. Е овој од херој можеше да стане трагичар. Почна да дрибла тројца противнички играчи на 11 метри од нашиот гол, ја загуби топаката, но противничкиот играч од само десетина метри ја зашвајца сто метра над гол.
Е вака полесно се дише. Форца Депор! :icon_cool
 
Честито победа:smir:
Ја гледав утакмицава бидејќи ве имав на ливче кец и можам да кажам дека игравте доста добро, бар од 30та мин. па додека го дадовте голот, после малце се затворивте и лесно можеше да примите гол на крај али нема везе, победа си е победа. И добра шанса имаше Адриан мислам дека беше, ама уште подобра парада на голманот на Херкулес:toe:
пс. ве фатив точен рез. на тип игра :)
 
Атлетико Мадрид-Депортиво 2-0!!!
Како и секоја година кога на Атлетико никако не му иде во првенството се соочуваат со нас и нормално не прават партали. Ништо и не очекував од овој меч. Атлетико е прејак за нас, и највеќе што можевме да очекуваме беше бод. Настапивме во стандарден состав без повредените клучни играчи. Но тимот не покажа апсолутно ништо. Немавме ниту еден удар кон голот што само кажува колку заслужен беше овој пораз. Два пати стрелаше Агуеро, првиот гол беше офсајд али и онака ќе загубевме. Меч кој мора набрзо да се заборави затоа што ни следува големото локално дерби со Спортинг Хихон, последниот полесен меч до крајот на првиот циклус. Останавме на 13-тото место но резултатите во ова коло воопшто не ни одеа во прилог. Алмерија тепаше во Севиља, Сантандер со гол во 90-тата минута тепаше во Мајорка, а единствен резултат кој ни одговараше е нерешеното на Херкулес и Леванте. Ако убаво ме држи сеќавањето во последниве 4 години немаме ниту една победа на гости кај топ 6-те тимови (Реал, Барселона, Валенсија, Виљареал, Севиња и Атлетико). Тоа само кажува колку сме позади овие клубови. Лендоиро го истакна својот план за иднината. Во следниве 4-5 години ќе ги покриеме сите долгови и после ќе сме почнеле со големите засилувања. Е прашањето е колку со оваа политика на некупување играчи ќе успееме да се спасиме од испаѓање. Реално Депортиво е еден од најслабите клубови во Примера, и годинава не очекува тешка борба за опстанок.
Затоа дуелот со Спортинг Хихон кој мислам дека е последен во оваа 2010 година МОРА да се добие. Откако Спортинг се врати во Примера имаме очаен биланс со нив. Четири меча, три порази едно нерешено и гол разлика 2-9...
И оваа сезона имаат сосема солиден тим, но ние ќе се надеваме на тоа дека Гвардадо и Рики се враќаат во составот. Верувам во овие играчи па очекувам да се завери петата победа сезонава....
Инаку веќе се шпекулира за новите засилувања. Како едно од оние за кои особено сме биле заинтересирани е младиот напаѓач на Хајдук, Вукушиќ но Хрватскиот тим бара 3 милиони што за Депортиво е научна фантастика...
 
Уште неколку часа до мечот со Спортинг Хихон. Завчера се случила тепачка на тренингот на Депор. Урета направил неколку остри стартови врз Томас, овој станал и го треснал на земја. И двајцата била избркани од тренинг и се изоставени за овој меч.
Но да не береме гајле затоа што назад е Гвардадо. Подготвен е за целиот меч, а сигурно некоја минута ќе добие и Рики.
Во соатавот се враќа и најдобриот играч досега Рубен Перез, а единствена дилема е дали ќе настапи лопо кој имал настинка неделава. Ако не настапи ондак стартната тројка ќе биде Колото-Зе кастро-Ајтами.
Ново ќе биде тоа што Риндерој ќе настапува како лев бек. Дури 5 замени ќе има од минатиот меч и се очекува победа над лутиот ривал.
Најверојатно стартниот состав ќе биде...
Аранзубиа
Пабло Колото Лопо Ајтами Риндерој
Родригез Перез
Саул Гвардадо
Адријан​
Идеме на победа!!!
 
Инаку веќе се шпекулира за новите засилувања. Како едно од оние за кои особено сме биле заинтересирани е младиот напаѓач на Хајдук, Вукушиќ но Хрватскиот тим бара 3 милиони што за Депортиво е научна фантастика...
На 3 е проценет,Хајдук бара 7.5 милиони.Најдобар стрелец во Хрватска со 19 години е дечкото.Лани прв пат заигра за Хајдук и на дебито даде гол против Динамо.
 
Ајтами го заменува Пабло Амо од сезоната 2007 :)
Иначе топ состав денеска. Ме изненади Лотина со напаѓачката формација.
Леле Адријан што утна. Мајко милааааааааааааа :(
Иначе стартни 11
Аранзубиа
Пабло Колото Лопо Ајтами Риндерој
Перез Домингез
Валерон Гвардадо
Адријан​


--- надополнето ---

Daj dobar strim

--- надополнето ---

gooooooooooooooooooooooollllllllllllllllllllllllllll de Aytami

http://www.rojadirecta.org/goto/www.pirlo-tv.com/p/canal-deportivo-2.html
 
Адријан боже господе, што треба да се случи за да даде гол???
Нека се тргнат голманине и пак нема да погоди. Волку чисти шанси во цела сезона не сме имале. Ајде мора уште еден да падне!

--- надополнето ---

Ајде бе не е можно ова. Гвардадо се враќа после 2 месеци, игра феноменални 30 минути и излегува како повреден. Ти ебам среќата да ти ебам. И влегува Родригез. Е тек сега има да го сркаме немиен...
 
Kutriot guardado...koga vece ednas ke kurtuli od tie povredi???

Кога ќе се пензионира :)
Ако имал некој тим толку баксузни повреди како Депортиво јас ракава си ја сечам. Кога Мануел Пабло беше во најдобри години, можеби еден од најдобрите десни бекови во светот, ја скрши ногата и паузираше година и пол. Валерон кој отсекогаш бил маестро, скрши нога два пати во серија, Андраде исто, Гвардадо откако дојде 70% од времето е повреден. Ти ебам среќата да ти ебам. Рики не стана од тие повредите...
 
Fenomenalen igrac mnogu mi e krivo sto ne uspea da si gi pokaze vistinskite kvaliteti mada i koga igra sekogas e vo spootlight.bas zalno
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom