Aбе колку сакате може да пишувате сега:
"Леле какви сме македонците, не знаеме да си го цениме единственото кое вредеше највеќе. Како можете да сте такви идиоти да го навредувате Тоше. Затоа и тој си замина, бидејќи местото не му е помеѓу вакви морони" и најразлични модификации на кажаното.
Но, без разлика колку ги сакам песните на Тоше, и без разлика колку тој вреди, како и секој човек си имаше свои мани. Сето она нашиот ангел, и уште малку светец шо ќе го направеа у црква ми беше bullshit. Тоше беше добра душа, даваше пари за сираците, и тоа дури и да сакам не можам да го порекнам, но ниту беше човек кој немаше згрешено ниеднаш во животот, ниту пак такво нешто може да се докаже. Темата според мене си е сосема на место. Не збориме против него. Ние збориме против работите кои ги правел во својата кариера кои не ги сметаме за правило. Дали Лила му кажала или самиот сакал, не знаеме, но сепак не е оправдано. Никој до сега не го одговорил позитивно прашањето кое би го оправдало тоа однесување:
Зошто србите кога идат кај нас си зборат на нивен јазик, а ние кога идеме во балканскиве држави, збориме на српски?
И србите, и хрватите би не разбрале на Македонски јазик. И самите тие кога идат кај нас, и ние ги разбираме. А целата работа околу тоа дека тие нема да не разберат, ми е уште една глупост. Зошто не би не разбрале? Полуписмени се или? Па макар и на екранот нека пишувало превод за тие шо се прават наудрени.
Во секој случај, сега темава џабе продолжува, бидејќи Тоше не е веќе со нас. Но, може да биде како општа тема за сите Македонски музички ѕвезди кои не знаат да ја промовираат држава и нашиот јазик на балканот. Не сакам да се водам според продадена македонска душа бидејќи и не верувам дека ниту Тоше, ниту повеќето македонски ѕвезди го прават тоа поради тоа што повеќе ќе ги почитуваат чим го знаат перфектно јазикот каде што имале концерт, или повеќе ќе им се продаваат картите и албумите енд стаф.
Ќе повторам уште еднаш за сите "Оу како може да го навредиш Тоше, нашиот ангел, ти лицемерно ѓубре" дека јас го почитувам Тоше и како личност, и му ги сакам и слушам песните. Но да оправдувам се што направил поради тоа што ми е некаков си идол или омилен пејач ми е апсурдно, па вие шо сакате викајте