Дали на партнерот му "буричкате" во мобилниот телeфон?

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување

Дали на партнерот му буричкате во мобилниот телефон??

  • ДА

    Гласови: 89 24,5%
  • НЕ

    Гласови: 167 46,0%
  • Понекогаш

    Гласови: 107 29,5%

  • Вкупно гласачи
    363

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.870
Поени од реакции
5.761
Ако да - зашто?
дали тоа значи дека не му верувате, или сте радознали или .......

Ако не - пак зашто.................?
 
Зар има уште такви појави?
Да отиде партнерот до WC/продавница, а ти да земеш и да му ги прегледуваш СМС пораките и повиците... :pljus:

Бламирање, недоверба, простотилук. Дефинитивно знак дека нешто не штима во врската. Исто така не одобрувам прашања од типот "кој беше?" одма после завршување на телефонскиот разговор... Ако сака може да каже (кажам) кој бил, ама прашањето е тотално непотребно.
 
Мислам дека темава не е за љубов и секс, повеќе е за општи муабети.
Иначе не буричкам во ничив телефон а и не сакам да ми буричкаат, и нема да буричкам во оној на мојот партнер бидејќи секој си има право на приватност.
И да, многу ми смета кога пишувам смс и ми висат над глава:(
 
Зар има уште такви појави?
Да отиде партнерот до WC/продавница, а ти да земеш и да му ги прегледуваш СМС пораките и повиците... :pljus:

баш затоа ставив и анкета
 
Понекогаш, ептен ретко. Не е то за да видам дали има вртено кај некоја, шо знам, онака, радознала сум..Јас имам навика да чепкам по на секој телефонот..(знам, грда навика, али то е ):toe:
 
Не сум чепкала за да го проверувам,туку онака заеднички да читаме некои глупости и да коментираме да...инаку скришно да ѕиркам и да видам дали некоја титнала,му свртела,му пишала или шо ја знам...Прво и основно тоа е немање на елементарна култура и второ зошо сум со него ако не му верувам?!
 
Не, иако делиме се`,сепак, не чувствувам потреба да му буричкам по телефонот...
Прво, имам доверба во него и нема зашто да пребарувам во пораките да не има нешто за што не знам :luzer: , а второ - рап песните не ми се баш омилени за да пребарувам во тој дел...:hehe:
Одлично функционираме и такво скришно тарашкање воопшто не е потребно.
 
Една од стварите што највише ме нервираат. Не чепкам, освен со дозвола :kesa:, а нејќам ни да ми чепкаат. Али мора да признаам дека понекад ме копкало што пораки има, и дали чува некои пораки што сум ги пратил. Мислам дека кај повеќето е вака, ај признајте си. :)
 
Пф онака безвезе ќе го земам мобилниот ама не со цел да гледам кој го барал или пораки, претежно си префрлувам слики. Исто и он, порано сакав да знам кој му вртел и слично ама сега не, тоа само на почеток на врска додека се створи доверба кај партнерот и толку.
 
најмногу го прам то дека се прајт ко нешо да криет,ама чисто од заебанција,а и ме интересират бе...can't help it:kesa:
 
А што ако не ти дозволува да гледаш слики и сл во телефонот? Крие нешо?
 
Многу некултурна работа,и основно непочитување на туѓа приватност.Тоа што сте во врска не значи дека треба да навлагате во вакви работи.
Ептен е невкусно како што пиша Ацид е и кога ќе прашаш кој беше откако партнерката самошто завршила разговор.Не ја гледам потребата да знам,па и не прашувам
 
Не. Од проста причина што мислам дека нема потреба затоа што нивото на взаемна меѓусебна доверба ни е на доволно високо ниво т.д. нема потреба од ваков вид на супервизија на телефонските повици и СМСи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom