Добро што ви е на сите: Турбо Фолк најслушана во Македонија... јее рајт!
Ајде да се кладиме дека ако се направи анкета турбофолкот нема да биде на прво место во Македонија?
Музиката во Македонија може да се подели на неколку периоди
1 период Почетокот на 90тите се блокира секаква Ју и Екс-Ју музика. Никаков турбо, никаква размена на пазар (музички) со соседите... Во тој период излегоа многу македонски бендчиња и пеачи: Ристо Бомбата, Студени Нозе, Ена Веко, Нулта Позитив, Ластовица... кои понудија еден нов стил еден нов почеток на Македонскиот пазар. Странските сеуште не беа најслушани, баш поради една работа: недоволно познавање на англискиот јазик од тие генерации.
2 период Ова држеше некаде до средината на деведесетите (1995-96) кога повторно почнаа радио станиците да се навраќаат на екс-ју песните, но некако општо беше забрането да се пушти ново-компонирана српска музика. Исто тогаш се појавивија и во Македонија 1 song пеачи, но и некои кои до ден денес се на сцената. Период кога излегоа Тоше, Каролина, Дарио, Владо (како самостоен пејач). Исто тука почнаа пополека да влегуваат влијанијата од надворешната музика...
3 период По неколку години, веќе никнаа стотици радиостаници зафатени од бранот на Шабаноманијата. Веќе околу 2000та година Турбо-фолкот во Македонија нагло се рашири и не постоеше кафич (или ретки беа) каде не се пушташе Цеца, Лепа Брена, Миле Китич итн. Сепак тоа беше време кога почна секој да добива избор што сака да слуша. Кабловски телевизии, МТВ, ВИВА, Пинк итн итн. Најмногу тогаш загуби Македонската музика. Прво немаше премногу да понуди, а второ она што го нудеше беше колку толку неквалитетно, баш поради финансиите кои ги немаше за Македонска музика.
4 период После следуваа и бугарските телевизии, па уште 6-7 српски телевизии, следуваа спотови во кои се вложени десетици и стотици илјади евра, а ние тапкаме во место. Немаме ниту една стабилна музичка телевизија, ниту сателитска телевизија која ќе ја промовира нашата музика...
5 период (Сега) Сега веќе на повеќето им помина тој Турбо фолк период, т.е. веќе настана смена на генерации. Младите се помалку и помалку слушаат Турбо што е одлично. Веќе интернетот, кабловската, мобилните, учењето на странски јазици, ни дадоја можност да избираме, а не музиката која би ја слушале на ни ја одредува една од 2-3те радиостаници кои се фаќаа во 90тите.
Бек он сабџект....
Рок... дефинитивно.