Двајца нови странци во националниот кошаркарски дрес

Статус
Затворена за нови мислења.
Супер бе. Нека дојдат подобра репрезентација подобро пласирање.
Со нашите кошаркари толку ни се можностите.
 
ili tipot umre lani a?

Џонс умре, тој црнецот, што беше како шекил, и умре пред година. А Вилкинсон играше против Естонија, Шведска, Израел, и Босна есенва, жив е чоекот.
 
Стварно, што мајка бара да игра Едуардо за Хрватска?
Мое мислење.

"Дуду" не игра ниту за пари ниту за слава за Хрватите, туку од чиста захвалност што го донесоа како клошар у Хрватска. Момчево спиеше на улица у Бразил, но им се допадна на скаутите на Динамо кои го донесоа у Хрватска со 15-тина години.

За овие двајца не знам, за мене како бивш спортист и (за малку:wink: ) дипломиран тренер амбиентот, или како што сакат да ја наречат познавачите на спортот, хемијата на тимот е од огромно значење. Момциве нема да добијат некоја значајна сума, а кога играш за некоја си таму Македонија за која што тој од Сан Антонио до вчера мислеше дека е провинција на Мадагаскар, учинокот на момциве ке биде скромен. Друго е да играат, или играле кај нас, па ја засакале земјава, имаат Македонка за девојка/жена, нешто со што би имале дополнителен мотив, тогаш би бил за тие играчи да играат кај нас. Во спротивно секогаш сум за домашни играчи во секој поглед.
 
Запази ги досегашниве странци колку се залагаа. Ке увидиш дека воопшто не играат ради реда.
 
Џонс умре, тој црнецот, што беше како шекил, и умре пред година. А Вилкинсон играше против Естонија, Шведска, Израел, и Босна есенва, жив е чоекот.
Во право си црнецот се викаше Кенион Џонс
 
Запази ги досегашниве странци колку се залагаа. Ке увидиш дека воопшто не играат ради реда.
Не, не викам дека играат реда ради, но сеуште сме таму кај што бевме пред 10 години коа прв и последен пат игравме на Европско. Момциве едноставно никогаш нема да дадат максимум и да "гризат" како што речеме би играле нашите кошаркари. Нас у недостаток на квалитет ни треба фанатична борбеност, да има и зној и крв на паркетот, нешто слично како Израелците кои што немаат никакви поединци, но како колектив се максимално заебани! И види, секој странец што ке игра во нашата селекција зема минутажа на некое наше дете кое што треба да прибира драгоцено искуство.
 
Не не грешка си. Со еден пример ке ти ги покријам и двете дилеми. Рајан Стак, којшто пред една година беше најплатен центар во Европа, го земавме да игра за нас, и беше најдобриот стрелец во репрезентацијата, заедно со Стефанов итн. Не извади од Б-Дивизија заедно со нашиве кошаркари, и плус помогна да се отстранат монголоиди ко Симиќ од репрезентацијата. Значи ако сакаш ти Симиќ да игра место некој добар Европски центар, ок.

Друг никој не изгубил место, Самарџиски игра, Антиќ игра, дури и Аврамовски играше и покрај што Вилкинсон беше у тимот.

Верувај нема никаква штета, не се одзема место на квалитетни (случајот со Симиќ), додатно и поради тоа што само еден странец може во моментот да биде во репрезентацијата, што значи еден монголоид а.к.а. Симиќ е отстранет за наше добро.
 
Не пратам многу кошарка,посебно не наша,ама ок е бе,зошто да не...
А нашите деца можат тоа драгоцено искуство,ако се доволно добри,да го соберат на друга страна,на пример во некој странски клуб.На репрезентацијата и требаат веке искусни играчи кои нема да крахираат на сред утакмица.Во секој случај,убав потег ако ги земат.
И баш е кул да имаш американци и репрезентација,посебно ако успеат да додадат малце од својот шмек,со атрактивност и слично...
Порано за Жито Вардар-Велес,играа двајца,Труман и Едвардс,и салата нонстоп беше полна.Лугето сакаат атракции,а и Жито Вардар стаса до финале мислам.
 
Јас зборев за дете, не викам за Тони у чии што "квалитети" се уверив коа го донесоа од Струмица или Гевгелија у фискултурно пред многу години.
И покрај тоа што мора да признам дека Стак одигра одлично повторно немавме резултат (читај не се пласиравме на Европско), а нови деца нема ни за лек. Стак и слични ги боли стап за Македонија,и ке доаѓаат да играат и ке си заминуваат од селекцијата коа ке им текне, а проблемите остануваат. Темелите на репрезентацијата треба да се засниваат на нашите кошаркари, а ако ни фали баш ете играч на некоја позиција (како на пример русите со Холден) неам против да се земе ЕДЕН играч, и доста е.
 
Ne ni trebaat stranci kolku dobri bile tie. So toa se namaluva moznosta nekoe dete koe trenira uporno sekoj den da stane clen na nasata reprezentacija. Toa e moe mislenje i koj ne se slozuva neka go :pusk:
 
Ама со самото тоа што само еден играч смее да игра во моментот, нема зашо да се секираш. Бевме за влакно на европско, ама јебига, тоа не е до Вилкинсон, или Стак.

Како и да е, играчите се калат во клубовите, а не во репрезентацијата. Да треба да заиграат во репрезентација, и верувајте ке заиграат, зашто овие странци што се земаат не се земаат како први опции, туку како поголем избор кога ке се нема играч, како што ни се случаите со центри. И проблемот е сосема друг, ама со се помасовните кошаркарски кампови за јуниори, за 10 год воопшто ке немораме странци да зимаме.

Поентата ми е, нема никаква потреба од гнев кон овој случај. Засега странците (пак ке спомнам, само еден смее да игра во репрезентација) го зазимаат местото на собраните играчи од немајкаде како 3ти алтернативи што се зимаат во репрезентација. Значи сеуште не сме до тој степен да сме си наштетиле поради странците.
 
Ne ni trebaat stranci kolku dobri bile tie. So toa se namaluva moznosta nekoe dete koe trenira uporno sekoj den da stane clen na nasata reprezentacija. Toa e moe mislenje i koj ne se slozuva neka go :pusk:

Детето што тренира упорно ако го биде тогаш ке влезе во репрезентацијата.
Дај малце реалност бе, нели гледате колку ни се условите за добра тренинг сесија во Македонија? Како прво повеќе од салите немат добро загревање а не па да тренират на професионално ниво. Толку ни е капацитетот на нас, а носењето на странци во репрезентацијата тоа може да биде само плус за нас.:wink:
 
Аууу топ...

Ајде да се пласираме сега,со двајца...американци и тоа добри ако не се пласираме ништо...

Вашингтон сум го гледал...не е лош дечкото...

Исто и за овој од Арис игра прва постава многу добар играч...

Е тој е прав американец...

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom