TMPO
Obraz
- Член од
- 31 октомври 2007
- Мислења
- 1.728
- Поени од реакции
- 26
<H2>Груевски: „Џонсон Мети“ ќе инвестира 100 милиони фунти
МИА
29.11.2007 10:22
Никола Груевски Бордот на компанијата „Џонсон Мети“ донесе конечна одлука за инвестирање во технолошко-развојната зона „Бунарџик“ во Македонија, соопшти премиерот Груевски.
Според премиерот, станува збор за инвестиција вредна околу 100 милиони фунти (140 милиони евра).
Компанијата „Џонсон Мети“, која има седиште во Лондон, е една од најкрупните групации во рамките на „Џонсон контролс“ и покрива околу 40% од светскиот пазар за производство на катализатори за автомобилската индустрија.
„Инвестицијата ќе донесе над 500 нови работни места и што е уште поважно, ќе даде работа на многу други помали компании во Македонија кои ќе бидат нивни кооперанти и ќе произведуваат делови за нивното производство“, нагласи Груевски.
Тој рече дека планот е „Џонсон Мети“ да почне позначајни извозни активности при што до 2013 година се планира извозот на фабриката во Македонија да достигне 3,5 милијарди евра.
Тој информира дека освен првичната идеја за изградба на фабрика во „Бунарџик“ компанијата планира дел од капацитетите што ги има во друга држава да ги пренасочи во Македонија.
Груевски истакна дека оваа инвестиција, заедно со најновата вест дека е една од најсилните компании на Балканот, хрватскиот „Дукат“ влезе со свои инвестиции во „Идеал шипка“, потоа отворањето на шведската млекара „Сведмилк“ што треба да се случи овие денови, како и информациите за други инвеститори што влегуваат во Македонија, претставува навистина добар тренд.
Тој информира дека во рамките на кампањата „Инвестирајте во Македонија“ владина делегација ќе ја посети Германија каде ќе се сретне со голем број бизнисмени на кои ќе им ги објасни предностите за инвестирање што ги дава Македонија.
За печатење
Прати по e-mail
Порака до авторот
Разгласи</H2>http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=86701
Ako ne e na mesto sto postirav moderatorite slobodno neka go stavat kade sto treba.