Вработување во државна администрација на "најуспешните кандидати"

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Јас мислам дека на ваквите огласи е наведено дека се однесуваат на „малцинските заедници“ или како и да беше точно називот, така да, тоа јасно кажува на кого се однесува истиот.
Е сега, на таквите конкурси се јавуваат и оние од македонска националност, најчесто луѓе кои трескавично бараат работа, конкурираат на сите можни огласи, па се надеваат дека можеби ќе добијат нешто, но тоа е тоа. Не се ни тие криви. Крива е состојбата во Македонија. Онаа, економската.
 
Член од
11 јули 2005
Мислења
66
Поени од реакции
2
како и да е тоа е нашата реалност наметната од друг некој кој од секогаш ни кажвал шо да правиме а не да ги гледаме нашите интереси и прашањето дали ќе се среди еднаш работата ама како шо оди дефинитивно на удолу оди се повеќе и повеќе зашто гледаме какви луѓе ни седат во парламентот а еве уше еден доказ какви има во нашата добра и ефикасна администрација со многу „ефикасен кадар“. Чорба али еден ден ќе прелие и чорбата...
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Е шо, демек не се бунат да конкурираат на оглас кој ќе важи за сите?
Такви има и албанци и македонци.
Првпат сте ''дискриминирани'' и ко да ве удрил некој шамар реагирате :).
Сеа барем знаете како ни било некогаш.
И ај да не се прам коштаплер,ама со некои (не со тебе шефе :))
мора вака да се однесуваш (со инает де).

оф топик:последен пат пишувам на тема која не ме интересира ама морав,и уште нешто извини Лејди за црвените,не знаев дека плачеш за репутација,еве од сега само зелени ке ти дам,исти како тебе.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
И ај да не се прам коштаплер,ама со некои (не со тебе шефе :))
мора вака да се однесуваш (со инает де).
Поки, полека ама сигуро стануваш синоним за инат. А се спомнат браќата, мора да се одбранат по секоја цена :)

оф топик:последен пат пишувам на тема која не ме интересира ама морав,и уште нешто извини Лејди за црвените,не знаев дека плачеш за репутација,еве од сега само зелени ке ти дам,исти како тебе.
Знаеш дека вакви изјави не се толерираат.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
408
Поени од реакции
30
Eпа ајде, бидејќи не си ја сфатил поентата.

Тука не е спорно исполнувањето на договорот, туку дека младиот човек кој ги постирал фотографиите од списоците е револтиран бидејќи при конкурсот никаде не било наведено дека ќе бидат примани само Албанци. Значи, џабе се подготвувал, џабе одел на интервјуа, џабе губел време, никој не му кажал дека ќе бидат примани само "најуспешните кандидати", како што стои во решението.

Немало да биде ништо спорно доколку во објавата на конкурсот било наведено дека ќе се примаат само Албанци.



Појасно е сега?
Pred da mu objasnis na nekoj drug, bi bil dobro da pravis nekoj istrazuvanje.
Da ti objasnam, ovoj konkurs e samo za albancite i drugite malcinsva. Od objavuvanjeto na konkursot stojese vaka: конкурсот за вработување на нови 250 лица припаднци на заедниците кои не се мнозинство
I znaes zosto se veli NAJUSPESNI KANDIDATI? bideki konkurilale 12.000 lica. I sega od 12.000 da primas samo 250, pa normallno deka se najuspesni tie sto se primani.

Za drugiot pat da bides povekje informiran, ti davam link od Sekretarijatot za sporeduvanje na ramkovniot dogovor vo vladata na Makedonija. Sekretariatot go predvodi Imer Aliu, zamenik premier. Bideki ovi konkursi se pocnati od 2003, ja ke ti davam info samo od vremeto na vladenje na Pdsh-Vmro, i toa e 250+250+81 primani albanci so rabotno mesto, vo vladata na Makedonija i ministersvata. Sve ovie primanje si odat preku Sekretariatot sto ti go spomenav po gore. So ova, treaba da se dostignuva pravicnoto zas. na albancite koj treba da dostigne cifra od 26%
Linkot http://www.siofa.gov.mk

aj sega pozdrav
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Da ti objasnam, ovoj konkurs e samo za albancite i drugite malcinsva. Od objavuvanjeto na konkursot stojese vaka: конкурсот за вработување на нови 250 лица припаднци на заедниците кои не се мнозинство
I znaes zosto se veli NAJUSPESNI KANDIDATI? bideki konkurilale 12.000 lica. I sega od 12.000 da primas samo 250, pa normallno deka se najuspesni tie sto se primani.
Ако навистина стоела таква напомена, тогаш ништо не е спорно. Според писмото на читателот кој ги постави фотографиите од списоците, неговиот револт се однесуваше на тоа дека не било никаде најавено такво нешто.

Е сега, некој лаже.

Имаш точен линк од огласот?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
408
Поени од реакции
30
Ако навистина стоела таква напомена, тогаш ништо не е спорно. Според писмото на читателот кој ги постави фотографиите од списоците, неговиот револт се однесуваше на тоа дека не било никаде најавено такво нешто.

Е сега, некој лаже.

Имаш точен линк од огласот?
Jas ti potvrduvam. Bideki i samiot sum apliciral, i sum 1 od tie 250, ti go kazuvam so fakti. I se uste gi imam livcinjata ovde. Pa bideki ne mozam da skeniram, a i ne mozam da ti go najdam konkursot vo internet, bideki e zavrsen, ke ti postiram eden govor na Imer Aliu vo samitot na NAto vo Ohrid.




Говорот на заменикпретседателот Имер Алиу –НАТО форум Охрид

Почитувана екселенцијо, г-дин Јап де Хоп Шефер,
Почитувани министри и амбасадори на земјите членки на НАТО,
Почитуван премиер и министри на Република Македонија,
Почитувани присутни,

Дозволете ми најнапред да го изразам своето задоволство поради можноста пред ваков еминентен состав да ја презентирам сликата за успешното функционирање на Република Македонија.

Република Македонија со сигурни чекори и јасна визија ги исполнува Евро-Атлантските демократски вредности и стандарди. Таквата визија во целост се отсликува во континуираниот напредок во имплементацијата на Охридскиот договор.

Би сакал во оваа прилика за момент да се навратам шест години наназад, кога токму во овој град лидерите на Република Македонија со потпишувањето на Охридскиот договор ја потврдија својата цврста определба за сигурната иднина на мултиетничноста на својата земја.

Факт е дека потписниците на Охридскиот рамовен договор не се сомневаа дека тоа е вистинскиот модел за натамошен развој и унапредување на мултиетничкото општество.

Сомневање не постоеше ни кај целокупната меѓународна заедница кој дава силна поддршка на ваквиот модел.

Како резултат на сето тоа Македонија денес може да се пофали со имиџот на современ модел на мултинационалност согласно Европските и Евро-Атлантските стандарди.


Почитувани дами и господа,

Владата на Република Македонија во целост ги спроведува одредбите од Охридскиот рамковен договор како бенефит за сите граѓани.

Правичната застапеност на етничките заедници кои не се мнозинство, како еден од главните столбови на Рамковниот договор, значително е зајакната со нивно соодветно поставување и нови вработувања во државната и јавната администрација.

Тоа во практика се овозможи со помош на зголемениот буџет за оваа намена за повеќе од три пати во споредба со минатата година.

Севкупните активности врзани за правичната застапеност резултираат со значајни конкретни резултати во сите државни и јавни институции, особено во Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.

Нема да навлегувам во поединечни детали со оглед на обемноста на досегашните постигнувања, но би сакал да ве информирам за активностите во изминатите 10-тина месеци.

Според податоците од Агенцијата за вработување, во период септември 2006 година до крајот на април оваа година, во јавната администрација се вработени вкупно 2218 лица од кои 1407 македонци или 63,44%, 714 албанци или 32,19 %, 39 турци или 1.76 %, 14 срби или 0.63%, 10 роми или 0.45 % и 34 други или 1.53 %.

Во моментов во завршна фаза е конкурсот за вработување на нови 250 лица припаднци на заедниците кои не се мнозинство, а во тек се подготовките за распишување на уште еден конкурс.

Во јануари оваа година Владата ја усвои Стратегијата за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија, со која се дефинираа конкретните мерки и активности за побрзо и поефикасно исполнување на проекциите.

Во почетокот на овој месец беше усвоен и Акциониот план за спроведување на Стратегијата.

Во Стратегијата е предвидена обврска на сите јавни институции да подготваат и реализираат Национален план за вработување согласно одредбите за соодветната и правичната застапеност, како и механизми за казна за институциите кои не го почитуваат истото.


Поаѓајќи од својот приоритет за целосно успешно имплементирање на Охридскиот Рамковен договор, Владата одлучи да иницира правна трансформација на Секторот за имплементација на Рамковниот договор во Секретаријат за имплементација на Рамковниот договор.

Вториот столб на Договорот, децентрализацијата на власта од централно на локално ниво, во континуитет успешно се спроведува.

Согласно предвидената динамика, на 1 јули оваа година ќе стартува втората фаза-фискалната децентрализација со која општините кои имаат административни капацитети и добро финансиско работење ќе бидат во можност самите да ги финансираат и спроведуваат своите надлежности во образованието, здравството, социјалната заштита, културата и спортот.


Почитувани дами и господа,

Охридскиот рамковен договор како капитал со посебна политичка и правна тежина е цврста гаранциија за натамошниот развој на успешната иднина.

Постигнувањата во рамките на неговите одредби се одржливи вредности кои Владата на Република Македонија ги реализира во практика.

Резултатите на сите овие напори се видливи и ја имаат поставено цврстата основа за континуирано спроведување транспарентна власт за сите граѓани.

Токму тие резултати се една од носечките вредности кои го збогатуваат и обезбедуваат успехот на процесот на Евро-Атлантската интеграција на Република Македонија.

Би сакал да ве уверам дека и понатму ќе продолжиме со истата енергија и елан во унапредувањето на демократијата во Македонија.

Во пресрет на Самитот на НАТО во Букурешт 2008 година, со голема надеж очекуваме нашите залагања и постигнувања да бидат валоризирани со добивање покана за членство на Република Македонија во Алијансата.


Ви благодарам на вниманието

Sum ti pravel so Bold, toj del od tekstot sto sopvagja so ova tema. a so crveni bukvi, odgovorot na tvojeto prasanje.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Епа ај честито Агимкрасничи.
Тргнавте веќе на работа?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
408
Поени од реакции
30
ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА РАБОТА ВО ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА
Над 10.000 кандидати за 203 работни места
Од владиниот сектор за спроведување на Рамковниот договор тврдат дека на конкурсот за пополнување на 203 работни места во државната администрација наменети за етничките заедници се пријавиле над 10 илјади кандидати


Веб страницата на секторот за спроведување на Рамковниот договор и на Агенцијата за државни службеници се бомбардирани со апликации, откако беше објавен конкурс за вработување на 200 државни службеници од етничките заедници. Владини извори тврдат дека во средата, кога беше последниот ден за пријавување на конкурсот, владината веб страница њњњ.софа.гов.мк и на Агенцијата њњњ.адс.гов.мк неколку пати биле блокирани поради преголемата посетеност од заинтересираните кандидати. Досега, како што дознаваме, на конкурсот за 203 работни места, преку Интернет се пријавиле над 10.000 кандидати. Дел од нив апликациите лично ги доставувале во Агенцијата за државни службеници.
Од Агенцијата и Владата не сакат да соопштат бројки додека не заврши постапката на конкурсот. Велат дека откако ќе бидат обработени сите податоци, ќе излезат со официјални информации.
Во секторот за спроведување на Рамковниот договор велат дека намерно го избрале најлесниот начин за конкурирање за да можат сите заинтересирани граѓани да се пријавуваат на конкурсот.
Со овој конкурс предвидено е да се примат на работа 203 државни службеници од припадниците на етничките заедници во Македонија, од кои 124 помлади соработници со високо образование и 42 службеници со работно искуство. Се претпоставува дека најголемиот дел од апликациите се однесуваат за 37 слободни места, за кои кандидатите треба да имаат завршено средно образование. Од нив 28 треба да имаат работно искуство, а останатите 9 да се без искуство.
Со овие вработувања Владата сака да ја зголеми застапеноста на припадниците на етничките заедници во државната администрација, обврска која произлегува од Уставот.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=133414&idg=7&idb=2035&rubrika=Makedonija

Slicen material imas u sekoj vesnik, mozes da najdes ako baras.
I vo konkursot imase 12000 aplikanti za 250 rabotni mesta(ne za 203 kolku sto pisuva ovde vo vesnikot)

Епа ај честито : )
Fala, trgnavme vekje 1 mesec. :smir:
 
Член од
11 јули 2005
Мислења
66
Поени од реакции
2
Според податоците од Агенцијата за вработување, во период септември 2006 година до крајот на април оваа година, во јавната администрација се вработени вкупно 2218 лица од кои 1407 македонци или 63,44%, 714 албанци или 32,19 %, 39 турци или 1.76 %, 14 срби или 0.63%, 10 роми или 0.45 % и 34 други или 1.53 %.
е сега ете и самиот кажа кој усолв уште скаш да се исполни ај види го процентот колку сте вработени и колку треба да сте 50% ?????
и кажи друга земја во светот која ги прави ова истото иако има слични али ова експериментално глувче на ЕУ - Македонија и тое и полсе оти не ги исполнувате условите па како да се исполнуваат кога администрацијата ни е за нигде катастрофи
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
408
Поени од реакции
30
е сега ете и самиот кажа кој усолв уште скаш да се исполни ај види го процентот колку сте вработени и колку треба да сте 50% ?????
и кажи друга земја во светот која ги прави ова истото иако има слични али ова експериментално глувче на ЕУ - Македонија и тое и полсе оти не ги исполнувате условите па како да се исполнуваат кога администрацијата ни е за нигде катастрофи
Drugiot pat, pred da repliciras nesto citaj dobro. Vo tekstot pisuva za zastapenost na albancite vo period od " septembri 2006 do krajot na april 2007"... a ako zemas vo celokupniot broj na zastapenost, treba uste mnogu mnogu vrabotuvanje na albancite da se stigna toj 26%
 

Kajgana Shop

На врв Bottom