Ако навистина стоела таква напомена, тогаш ништо не е спорно. Според писмото на читателот кој ги постави фотографиите од списоците, неговиот револт се однесуваше на тоа дека не било никаде најавено такво нешто.
Е сега, некој лаже.
Имаш точен линк од огласот?
Jas ti potvrduvam. Bideki i samiot sum apliciral, i sum 1 od tie 250, ti go kazuvam so fakti. I se uste gi imam livcinjata ovde. Pa bideki ne mozam da skeniram, a i ne mozam da ti go najdam konkursot vo internet, bideki e zavrsen, ke ti postiram eden govor na Imer Aliu vo samitot na NAto vo Ohrid.
Говорот на заменикпретседателот Имер Алиу –НАТО форум Охрид
Почитувана екселенцијо, г-дин Јап де Хоп Шефер,
Почитувани министри и амбасадори на земјите членки на НАТО,
Почитуван премиер и министри на Република Македонија,
Почитувани присутни,
Дозволете ми најнапред да го изразам своето задоволство поради можноста пред ваков еминентен состав да ја презентирам сликата за успешното функционирање на Република Македонија.
Република Македонија со сигурни чекори и јасна визија ги исполнува Евро-Атлантските демократски вредности и стандарди.
Таквата визија во целост се отсликува во континуираниот напредок во имплементацијата на Охридскиот договор.
Би сакал во оваа прилика за момент да се навратам шест години наназад, кога токму во овој град лидерите на Република Македонија со потпишувањето на Охридскиот договор ја потврдија својата цврста определба за сигурната иднина на мултиетничноста на својата земја.
Факт е дека потписниците на Охридскиот рамовен договор не се сомневаа дека тоа е вистинскиот модел за натамошен развој и унапредување на мултиетничкото општество.
Сомневање не постоеше ни кај целокупната меѓународна заедница кој дава силна поддршка на ваквиот модел.
Како резултат на сето тоа Македонија денес може да се пофали со имиџот на современ модел на мултинационалност согласно Европските и Евро-Атлантските стандарди.
Почитувани дами и господа,
Владата на Република Македонија во целост ги спроведува одредбите од Охридскиот рамковен договор како бенефит за сите граѓани.
Правичната застапеност на етничките заедници кои не се мнозинство, како еден од главните столбови на Рамковниот договор, значително е зајакната со нивно соодветно поставување и нови вработувања во државната и јавната администрација.
Тоа во практика се овозможи со помош на зголемениот буџет за оваа намена за повеќе од три пати во споредба со минатата година.
Севкупните активности врзани за правичната застапеност резултираат со значајни конкретни резултати во сите државни и јавни институции, особено во Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.
Нема да навлегувам во поединечни детали со оглед на обемноста на досегашните постигнувања, но би сакал да ве информирам за активностите во изминатите 10-тина месеци.
Според податоците од Агенцијата за вработување, во период септември 2006 година до крајот на април оваа година, во јавната администрација се вработени вкупно 2218 лица од кои 1407 македонци или 63,44%, 714 албанци или 32,19 %, 39 турци или 1.76 %, 14 срби или 0.63%, 10 роми или 0.45 % и 34 други или 1.53 %.
Во моментов во завршна фаза е конкурсот за вработување на нови 250 лица припаднци на заедниците кои не се мнозинство, а во тек се подготовките за распишување на уште еден конкурс.
Во јануари оваа година Владата ја усвои Стратегијата за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија, со која се дефинираа конкретните мерки и активности за побрзо и поефикасно исполнување на проекциите.
Во почетокот на овој месец беше усвоен и Акциониот план за спроведување на Стратегијата.
Во Стратегијата е предвидена обврска на сите јавни институции да подготваат и реализираат Национален план за вработување согласно одредбите за соодветната и правичната застапеност, како и механизми за казна за институциите кои не го почитуваат истото.
Поаѓајќи од својот приоритет за целосно успешно имплементирање на Охридскиот Рамковен договор, Владата одлучи да иницира правна трансформација на Секторот за имплементација на Рамковниот договор во Секретаријат за имплементација на Рамковниот договор.
Вториот столб на Договорот, децентрализацијата на власта од централно на локално ниво, во континуитет успешно се спроведува.
Согласно предвидената динамика, на 1 јули оваа година ќе стартува втората фаза-фискалната децентрализација со која општините кои имаат административни капацитети и добро финансиско работење ќе бидат во можност самите да ги финансираат и спроведуваат своите надлежности во образованието, здравството, социјалната заштита, културата и спортот.
Почитувани дами и господа,
Охридскиот рамковен договор како капитал со посебна политичка и правна тежина е цврста гаранциија за натамошниот развој на успешната иднина.
Постигнувањата во рамките на неговите одредби се одржливи вредности кои Владата на Република Македонија ги реализира во практика.
Резултатите на сите овие напори се видливи и ја имаат поставено цврстата основа за континуирано спроведување транспарентна власт за сите граѓани.
Токму тие резултати се една од носечките вредности кои го збогатуваат и обезбедуваат успехот на процесот на Евро-Атлантската интеграција на Република Македонија.
Би сакал да ве уверам дека и понатму ќе продолжиме со истата енергија и елан во унапредувањето на демократијата во Македонија.
Во пресрет на Самитот на НАТО во Букурешт 2008 година, со голема надеж очекуваме нашите залагања и постигнувања да бидат валоризирани со добивање покана за членство на Република Македонија во Алијансата.
Ви благодарам на вниманието
Sum ti pravel so Bold, toj del od tekstot sto sopvagja so ova tema. a so crveni bukvi, odgovorot na tvojeto prasanje.